ТРАНСКРИПТ
Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!
ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Снежана Лазаревска доктор на науки, сопственик на Ласер Мед –Центар за физикална и кинезитерапија.
-Добар ден Снежана и добредојдовте во оваа епизода од подкастот на верадиото и се надевам дека убаво се чуствувате кај нас.
ТАТЈАНА – Вие сте специјалист по физикална и кинезитерапија. Колку време работите и што се опфаќа вашиот ангажман и како професионалец и како жена претприемачка на еден ваков центар?
СНЕЖАНА- Моето искуство е веќе 25 годиншно а Ласер мед работи 13 години, како Центар за медицинска рехабилитација, физикална, кинези, мануелна терапија и масажа. Иако науката со приватниот скетор и не е баш компатибилен, сепак кога се сака нешто со многу труд се постигнува.
ТАТЈАНА-Луѓето (мислам скоро секој ) има проблем т.е. потреба од физикална терапија. Модерни професии, модерен начин на живеење. Каков е вашиот однос кон пациентите?
СНЕЖАНА- Физикалната терапија во последно време се повеќе и повеќе е актуелна, од пандемијата наваму е се попотребна, затоа што во тој период дојде до една епидемија од дегенаративни проблеми и потреби од рехабилитација. Физикалната терапија се повеќе ќе има поголемо присуство во секојдневното живеење. Секој пациент е посебна личност а нашата професија е хумана, и ние пристапуваме индивидуално кон секој пациент. Кога ќе побара помош пациентот, не само физичката потреба и болката ние гледаме и психички и емоционално да го третираме и да му помогнеме.
ТАТЈАНА- Имате стручен тим, професионалци. Како го составивте и кои се вашите приоритети во изборот на тимот? Велите дека изборот е таков за да можете да ја постигнете вашата мисија. Нешто повеќе токму за тимот.
СНЕЖАНА-За да биде успешна рехабилитацијата а и за успехот на компанијата најважен е тимот. При избор на тимот секогаш го гледавме терапевтот како комплетна личност, не само како професионалец. Многу е битно дали ќе се вклучи енергетски во тимот и дали сака да биде дел од тимот и најважно да си ја сака работата. Тоа е првиот пристап при изборот, што се однесува до стручноста најважно е базично високо образование и потоа низ работата се гради како личност.
ТАТЈАНА – Вие сте автор на една книга со наслов “Балнеотерапија со Хумана биоклиматологија“. Што содржи книгата и за кого е наменета?
СНЕЖАНА- Јас сум автор на многу статии, студии, организатор и учесник на многу смеинари и настани, а за мене е многу важно да се остави нешто како пишан документ од своето долгогодишен искуство. Ова е медицински учебник и е дефицитарна литература. Значајна е за професионалците од сферата на физикална терапија, но и за другите лекари. Балнеотерапијата има широка лепеза на влијание. Позитивното влијание на природата и на чинителите се сестрано опфатени во книгата.
ТАТЈАНА- Во рамки на центарот организирате и курсеви за масажа но и други едукативни форми. Која е главната цел на овој едукативен дел?
СНЕЖАНА-Ласер мед е организатор на бројни курсеви, едукации со светски признати личности а и понатаму ќе биде организатор на такви курсеви и семинари. Ние сме исто така наставна база на учениците од “Панче Караѓозов“ од физикалната струка а исто време го подржавме проектот од Влада за практиканство во физикалната терапија. Ласер мед е во функција на идните генерации.
ТАТЈАНА – Каков е вашиот однос кон Проектот на ЦУП Мерки за зајкнување на женски бизниси?
СНЕЖАНА- Со задоволство профатив да сум дел од Проектот. Ние бевме и тоа како погодени како работен процес и многу сум задоволна од соработката. Упатувам голема благодарност на ЦУП и им честитам на големата професионалност.
ТАТЈАНА-Националната Платформа за Женско Претприемништво е Проект за развој на женско претприемништво. Колку знаете за него и што мислите за потребата на ваков вид на Проекти?
СНЕЖАНА- Јас навистина се радувам за формирање на вакви проекти и самиот наслов кажува сам за себе. Проектов ќе ја исполни паролата “заедно сме посилни и поуспешни“. Заедничката работа и помагање ќе го окрупни и ќе му помогне на женското претрприемништво и на почетниците и на оние кои веќе работат.
ТАТЈАНА-За крај би Ве прашала како планирате Ласер Мед да се развива во следниот период?
СНЕЖАНА-Моменталната пандемиска но и економска состојба во светот, не се позитивни за развој, но Ласер Мед има визија за проширување во голем центар за рехабилитација, кој не само што ќе спороведува рехабилитација туку и многу ќе работи на превенција, и за младите и за постарите.
ТАТЈАНА – Ви благодарам на гостувањето, само уште една кратка информација за нашите слушателки, каде се наоѓа Центарот Ласер Мед?
СНЕЖАНА- Ласер Мед- центар за физикална и кинези терапија на адреса Методија Шаторов-Шарло број 15, во населба Аеродром.
За нашите слушателки ова беше разговорот со Снежана Лазаревска доктор на науки, специјалист по физикална и кинезитерапија сопственик на Ласер мес Центар за физикална и кинези терапија.
За гостинката
СНЕЖАНА ЛАЗАРЕВСКА
“Кога сте и претприемачка и доктор а воедно и науката ви е составен дел од професионалното ангажирање, секогаш сте во дефицит со слободно време. Работата бара 100 посто присутност но секако мора и да се најде време за рекреација. Сакам природа, сакам да патувам, сакам да запознавам нови места и нови култури- ни одговори Снежана на нашето прашање каде и како ја полни енергијата.
https://www.facebook.com/laser.med.14