Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

ВЕРАДИО –ЕПИЗОДА СО ЛИЛЈАНА АЛЕКСОВА

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор а тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи  и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.

Ве поканувам да останете со нас и да ја слушнете денешната епизода од Подкастот на нашето единствено верадио.мк во која наша гостинка е Лилјана Алексова, економист со работно место: економски судски вештакт.е.вешто лице од областа на материјално, финансиско и сметководствено работење , управител на: Дата Линкинг вештачења, Скопје

Добар ден Лилјана  и добре не дојдовте во денешнава епизода од радио подкастите на Националната платформа за женско претприемништво.

ТАТЈАНА- Имате 15 годишно искуство во оваа област. Еве да почнеме од вашите почетоци. Кои беа првите предизвици и како почна да се движи вашата претприемачка приказна?

ЉИЉАНА -Сосема случајно влегов во приказната на вештачење, во 2007 година кога имаше Оглас за судски вештаци, тогаш требаше Диплома и се пријавив без поголеми очекувања. За кратко стигнаа првите предмети но, со промените во Закон за вештачење требаше да отворам фирма и тоа е Дата линкинг вештачење.

ТАТЈАНА-Вие влеговте во претприемачките води но имавте претходно големо искуство на неколку места. Ајде да слушнеме каде ги собиравте професионалните знаења?

ЉИЉАНА- Професионално имав среќа своето искуство да го стекнам во Охис со 2000 вработени, деловен град во мало, беше интересно дека почнав во План и анализа и подготвував извештаи и се водеа анализи и тоа беше голема дата на податоци. Потоа ме префрлија во комерцијалниот сектор каде имав други искуства. Потоа бев во кабинетот на генералниот  директор, позиција која многу ми влијаеше на комуникацијата и развојот на тие вештини. Во тоа време добив понуда да бидам директор на странска фирма што беше големо убаво искуство за мене.

ТАТЈАНА- Вие сте  вешто лице од областа на материјално, финансиско и сметководствено работење со лиценца од Министерството за правда која е задолжителна. Кој е опсегот на вашето делување?

ЉИЉАНА- И јас кога почнував не знаев точно што е опсегот. Вешти лица има во секоја област во матерјално работење, правото, финансии, медицина, архитектурата, информатиката, геодезијата..имаме вештои лица кои треба да дадат свое мислење. Ова е стручно лице кое ги познава условите за работа и точна финансиска евиденција, така што во мојот случај утврдувам длаи некому некој должи, дали постои долг кон банка, се што е во врска со финансиите го опфака делокругот на работењето. Колективни договори и правилници.

ТАТЈАНА – Самата природа на вашата работа ви налага да соработувате со многу поединци и организации. Како се одвива тој мрежен професионален систем?

ЉИЉАНА- Мојата работа подразбира активна соработка со судови, банки, поединци, адвокати кои се вклучени во процесот. Динамична работа, денот е многу исполнет со најразлични информации, што значи морам да ги разгледам барањата на странките и со кои странката може да ги остварат своите права. Најважна е соработката со адвокатите , тоа е динамична комуникација и материја која се менува. Колективните договори се менуваат и секогаш треба да се води сметка за се.

ТАТЈАНА- Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Што мислите за овој проект, дали е корисен и потребен?

ЉИЉАНА- Секако дека ваква Платформа е потребна, на жените им треба комуникации и вмрежувања, тоа се покажа за време на корона, кога покажавме дека сме флексибилни,. Работните позиции се менуваат кон повисоки и менаџерски. Не сме сами, многу индивидуалци жени се на вакво поле

ТАТЈАНА- На вашата веб страна: Data Linking која еве да споменеме изработена е во соработка со SEAVUS како проект на студенти има многу корисни информации па би сакала да споделите со нашите слушатели, кои се вашите следни професионални планови и предизвици кои сакате да ги освоите ?

ЉИЉАНА- Особено сум горда на изработката на веб страната затоа што ја изработија млади, студенти и ја изработија многу професионално. Сакам да ја заживеам – оваа веб страна и ќе ја доградувам со нови информации и нови содржини за да ги користат моите соработници. Би сакала таа да биде место за информации на сите соработници.

Ви благодарам за учеството а за вас драги слушатели да повторам дека денешна наша гостинка беше  Лилјана Алексова, економист, економски судски вештак сопственик и управител на: Дата Линкинг вештачења, Скопје кое се наоѓа во деловниот центар Мавровка.

За гостинката

ЛИЛЈАНА АЛЕКСОВА

На нашето прашање на приватниот живот , Љиљана сподели со нас дека одморот што е и како потребен и батериите ги полни со семејството, сопругот и трите деца се центарот на  нејзиниот свет и се што можам да посакам. Децата растат но сеуште сакаат да се сонас па така уживаме заедно на семејните патувања кои се супер. Јас не бирам превозно средство ни дестинација, едноставно сакам да патуваме. Љубители сме на планини, и често откриваме нови дистанации посебно во време на Пандемијата низ Македонија. Имаме две викендички, една е меѓу Осоговксите планини и Плачковица, каде  го имам најубавиот што јас го велам, поглед за милион долари, а другата е во Берово каде се опуштаме и релаксираме посебно во летните горештини кога бегаме од Скопје и таму на свежина уживаме.

  • https://www.facebook.com/profile.php?id=100020247600906