Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ВЕРАДИО  СО  ЈАНА  АЦЕВСКА – дизајнер на накит, сопственик на Студиото Kapka Jewelry.

ТАТЈАНА – Добар ден Јана. Имате импозантно св од областа на дизајнирањето на накит и затоа решив да одиме постепено од самите почетоци за да имаме можност што повеќе да им пренесеме на нашите слушатели. Како и каде почнавте со студии и првите професионални ангажмани?

ЈАНА- Благодарам на поканата,  започнав во областа на дизајнот со средното уметничко училиште на одделот за текстил, иако сакав да го продолжам занаетот на мојот прадедо-којунџија, чиј портрет стои во Музејот и сум горда правнука на Иван Глигоров, голем мајстор којунџија, и посакав да го учам занаетот кај неговиот ученик Славе, но не наидов на одбрување од мојата баба неговата ќерка. На тоа се навратив подоцна кога веќе направив нешто, и отидов во Италија.

Јас сум графички дизајнер, отидов во Англија да студирам костимографија но не успеав да се запишам и отидов на графички дизајн и така продолжив со тоа скоро 30 години.

ТАТЈАНА – Во својата долгогодишна кариера сте работеле за клиенти како Coca Cola, British American Tobacco, Imperial Tobacco, Toyota, Subaru, One, DHL, Unilever, Cisco, Proctor & Gamblе итн, какви се вашите искуства?

ЈАНА-  Кариерата ја започнав во првото приватно студио во Скен поинт . Работев 6 години и тоа беше моето прво искуство во графички дизајн. Оттаму отидов во Сачи и Сачи, и таму мој прв клиент беше Кока Кола и понатаму работев за многу домашни и странски клиенти.

ТАТЈАНА – Во 2010 година го формиравте студиото за дизајн КАПКА – Kapka Jewelry, кое активно работите во полето на графички дизајн, дизајн на производ и дизајн на накит. Во соработка со Завар сте ја изработиле својата прва колекција на дизајн-радијатори. Соработката резултира со наградата “BigSee” за дизајн на производ на ‘Месецот на дизајн’ во Љубљана. Ајде нешто повеќе за овој дел до нашите слушателки?

ЈАНА- На покана на МАТА-Весна Аврамовска, пред 12-тина години бев во Шкодра-Албанија каде изработував накит со интегрирање на неколку занаетчии. Таму беа еден што изработува дрво, еден филигран и еден камен. Од тоа произлезе колекцијата Хабл бабл , метал и дрво и ја изложив на првото издание на Скопје дизајн, истата година Завр изложуваше и се запознав со Марта сопственичката, која имаше идеја да развива дизајнерски производи и така почна соработка која произведе нова колекција радијатори. Ми беше предизвик, нов и интересен, таа колекција која доби име Дроп (капка) почна да се развива многу интересно и да собира многу награди секаде по светот. Првиот беше  Саемот во Мадрид, после тоа во Љубљана и најважна награда е пред две години во Германија која е сериозен чекор.

ТАТЈАНА – Од 2010 сте многу активна во полето на дизајнот, како и во организацијата и маркетингот на настани поврзани со дизајнот, Кои се настани, работилници и други активности кои имаат ваш потпис?

ЈАНА-  Последниве 10-15 години бидејќи имав искуство во организаирање на настани, со многу колеги и колешки , привремени продавници, неколку проекти -дизајн предизвик, па го организирав првиот Саем за накит , кој беше на Охридско лето со три колешки на тема Охридско езеро – Во синило те намамив, а потоа беше поставена и во Град Скопје, а последна ми беше Изложбата во Природнонаучен музеј со 4-цаа автори: од Романија, од Македонија двајца и  од Софија.  Имав многу работилници, а последен голем проект е нешто што тлееше многу одам а тоа е последната колекција накит која ја работам со девојчиња од јуручкото село  Коџалија над Радовиш и што е дел од мојата нова платформа Рефлексии. Идејата е да дизајнирам и развивам производи изработени од вештите раце на девојките и жените од руралните средини.

ТАТЈАНА – Како Проектот на ЦУП ви помогна во етаблирање можеби или за надминување на проблемите предизвикани од Ковид Пандемијата?

ЈАНА– Да не беше ЦУП немаше да почне соработката со Јуручките девојки, иако идејата ми беше одамна ама беше тешко да се влезе и да се соработува со оваа заедница. Се наредија коцките и благодарение на Светлана Кировска, која ме запозна со учителот и сопругата од ова село, а пак во исто време се видов со девојките до ЦУП кои го препознаа потенцијалот и ми дадоа подршка и ветер во грб да ја развиваме оваа приказна.

ТАТЈАНА – Дали знаете за Националната платформа за женско претприемништво, верадиото е дел од тој проект и кој е вашиот став за проектите наменети за женското претприемништво во Македонија?

ЈАНА- Апсолутно се потребни, верувам дека во Македонија има многу способни жени. Секој почеток е тежок и секоја помош е добредојдена и посакувам д аимам што повеќе.

ТАТЈАНА – За крај би сакала да ни споделите вашите планови за следниот период?

ЈАНА- Почнав да работм нешто ново кое ми е предизвик а тоа е Арт консалтинг во ентериери, сега го работиме Ресторанот во Парк, тоа е фајнл тач во уредување на јавни простори, ја развивам новата колекција да ја поставам и промовирам, тековно го работам дизајнот на Филхармонија ..прилично сум активна.

Ви благодарам на разговорот, а за нашите слушателки ова беше епизода со Јана Ацевска -дизајнер на накит, сопственик на Студиото Kapka Jewelry и уште многу нешта.

За гостинката

ЈАНА АЦЕВСКА

“Имам привилегија да живеам од хоби, ја работам работава со цело срце и љубов. Имам малку слободно време затоа што работам напоредно секогаш по неколку проекти. Голем љубител сум на планините, сепак поминувам време на планини, се ралаксирам и многу сакам да патувам. Тоа е мојот начин како да си ги полнам батериите и да уживам“- ни рече Јана на нашето прашање покрај обемната работа и активности кога ќе најде слободно време каде и како го користи.

  • https://www.facebook.com/Kapka-Jewelry-374325315917703