Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ЕПИЗОДА ОД ПОДКАСТОТ НА ВЕРАДИОТО WWW.WERADIO.MK

Денешнава епизода од серијата радио подкасти со жени претприемачки го посветуваме на разговорот со Наталија        , сопственик и генерален менаџер на „МАМА ОРГАНА“ СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ , кое развива циркуларен бизнис – производство на органско ѓубриво и супстрат, а вработува и работно ангажира самохрани родители.

Добар ден Наталија и добредојдовте во оваа епизода  од  радио подкастот на верадиото.

БЛАГОДАРАМ НА ПОКАНАТА, МЕ РАДУВА ШТО СУМ ТУКА  

ТАТЈАНА– Кога малку повеќе прогуглав за вашето претпријатие, на неколку места најдов дека се занимавате со Циркуларен бизнис за производство на органско ѓубриво, како главна дејност. Малку повеќе да им објасните на нашите слушателки како вовед во разговорот.

 НАТАЛИЈА –  Генерално во Македонија,свесноста за био отпадот е на ниско ниво, заради тоа што нема акции, описменување, иако био отпадот како држава е на трето место по загадување после Америка и Кина. Био отпад е се она од биолошко потекло што не го јадеме, дојадуваме и го фрламе. Се што е комунален отпад може да се селектира наместо да завршува во депонија и да има позитивна вредност.

Исто како арско ѓубриво но мора да има процес на ферментација, исто и за био отпадот има иновативни компостери, таму целиот отпад кој би се собирал од сите страни во градот кои се  во неограничени количини, ќе се третира во овие компостари со присуство на кислород, не се создава метан и се забрзува процесот, и треба 6 часа за да се добие финалниот производ. Нема ништо друго, и ако било отпад кој загадува сега ќе биде корисно во земјоделието, хортикултурата и во агро индустријата.

ТАТЈАНА–  Ќе имаме ли вакви канти и ние?

НАТАЛИЈА– Јас сум дел од Зелен хуман град имаме и двајца советници во Град Скопје. Се обидуваме тоа да го промовираме преку институциите и поднесовме во Градот да се креираат 10-11 компостари, оваа година ќе почнеме со една но се надеваме дека  ќе почне тој процес. Кога вакви компостари ќе бидат поставени ќе овозможи да има зелени површини.

ТАТЈАНА– За Вас се вели дека сте иновативен стартап претпријатие, како би ни го објасниле тоа?

НАТАЛИЈА– Суште сме Стартап, заради што се пререгастриравме сме иновативен стартап.

ТАТЈАНА – За работата веќе имате добиено многу награди и признанија, па кажете ни некои од нив!

НАТАЛИЈА- Прв пат конкуриравме на АРНО , и победивме и бевме во Црна Гора на регионален натпревар. Иако не бевме во првите три  добивме позитивни насоки, го преправивме биЗнис планот и аплициравме на Повикот за социјални еколошки претпријатија и бевме во Виена на обуки 6 месеци со модули и преку стартап Макеоднија. Потоа добивме дозвола за посетување  во  Швајцарија, и потоа добивме награда за најдобро Совцијално пертрпијатие во Европа. Нашата работа се валоризираше најнапшред надвор но сега имаме подршка и оттука и имаме организации за одржлицвост и за користниците.

ТАТЈАНА– Се грижите и за милениците, произведувате, Еко Песок. Која е предноста на овој песок?

Спонтано дојде до таа идеја и реализација, Чуваме животни и видовме дека мачињата сакаат да си играат со еден минерал. Истражувавме и видовме дека со тој минерал се спречува ширење на бактерии, може да се оТстранува во тоалет и маЧињата го сакаат дека е чист. Имаме три варијанти,  разградливи се и воопшто не загадуваат.

ТАТЈАНА- Како социијално претприајтие – Мама органа е членка на Иницијативниот одбор на мрежата на социјални претпријатија. Кој се е во овој Одбор, како функционирате и зошто е потребна ваква мрежа?

НАТАЛИЈА – Оваа мрежа се создаде пред неколку години кога немаше многу услови како сега, со социјалното претприемнишптво како проект на Паблик организацијата, Добра земја Избор од Струмица, Лице в лице итн и беше потребно такво вмрежување и прв пат се собравме такви чинители но  не сме исти според карактерот на дејностите и производите . Но суштетсвено з асите е дека сме компании кои се пред се иновативни и социјални.

ТАТЈАНА- Колку заедничкото дејствување на социјалните претпријатија има позитивен ефект во работењето на Мама органа?

НАТАЛИЈА- Комплементарни сме сите, и сме поврзани со Добра земја ….тие нам,ние ним…потоа  Кристијан Шопов има маѓеоничарско шоу со таква тема и соработуваме т.е. секогаш кога правиме ивенти го викаме и така ,крајната цел е вмрежувањето.

ТАТЈАНА- Верадиото чиј гостин сте во денешнава епизода е дел од Националната платформа за женско претприемништво . Каков е вашиот став за оваа Платформа и воопшто за тоа колку и како треба женското претприемништво да се развива?

НАТАЛИЈА– Ваквото постоење е позитивно, и треба да ги има. Јас сум почуствувала многу полза од тоа, но до  некој одреден степен. Морам да кажам дека во последно време понудата на такви организации т.е. дел од нив е еднолична, се повторува, исти работилници ист пристап.  Потребни се квалитетни програм кои нависитна ќе влијаат позитивно и  ќе им ги понудат алатките што им се потребни. Не им требаат работилници кои се исти, повеќето го имаат поминато а за млади треба поинакви. Да се направи анкета што е потребно, потреби се рални алатки кои ќе го подобрат работењето, обезбедување на пласман, вмрежување.

ТАТЈАНА- Мама Органа, сигурна сум дека има идни планови. Па за крај на епизодава би ни споделиле ли дел од вашите планови?

НАТАЛИЈА- Имаме планови, од 2017 почнав со решенија за лични предизвици но низ годинитесе зголемува обемот на работа, растеме, со компостарата уште повеќе, сакаме да формираме Центар за одржлив развој за млади жени и жени од руралните средини од Скопскиот регион. Овој регион е најзапоставен во сите повици. И се создава јаз зошто од скопските рурални средини им е потребна помош. Тоа ќе биде Ресурсен центар за обуки, алатки, според таленти и едно место како Базар кој ќе биде постојан и  сепак на крајот сето тоа е толку потребното  вмрежување.

Ви благодарам за учеството а за вас драги слушателки, ова беше епизодата со Наталија Бургиева  сопственик и генерален менаџер на социјалното претпријатие Мама органа.

За гостинката

НАТАЛИЈА БУРГИЕВА

“Од мои лични причини морав  да почнам да се хранам со органска храна. Во тој период бев невработена а таа е поскапа храна и почнав да се едуцирам по холандски методи како да доаѓам до неа на полесен начин  и така видов дека  компостирањето е одлична подлога за производство на органска храна. Како самохрана мајка тешко ми беше да најдам работа, и  сфатив дека можеби ако почнам и да искреирам бизнис од ова ќе можам да има егзистенција и за себе и решив да создадам социјално претпријатие, кое ќе отвори можности и на други смаохрани мајки. Почнав да размислувам како економист и претприемач, го напишав бизнис планот во 2017 и тркалото почна да се врти “- сподели дел од почетоците со нас Наталија.

  • https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1380999442144460&type=3

    https://www.facebook.com/MaMaOrgana