Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Благородна Донева етно креатор и дизајнер на Македонски стилизирани носии, кои ги изработува во својот салон во Велес  од 2007 год. Прочитав дека талентот го наследивте од вашиот татко академскиот сликар Ангел Петров.

ТАТЈАНА –  Велите дека талентот го наследивте  од вашиот  татко, сликарот Ангел Петров. Како се започна?

БЛАГОРОДНА– Да, талентот за дизајн и применета уметност  го наследив од мојот татко академскиот сликар Ангел Петров. Јас бев чест посетител во сликарското атеље на мојот татко Ангел Петров, каде се слушаше изворна македонска музика и класика.Мојот татко Ангел Петров поседуваше голема библиотека покрај стручната литература која ја користеше, имаше и многу литература со македонски народни носии.и везови. Истовремено моите родители беа колекционери на стари предмети меѓу кои и многу македонски народни носии од сите краеви на Македонија. Секоја година во мојот дом гледајќи го тоа богаство од бои ме привлекоа и ме насочија професионално  да се занимавам со изработување на македонски стилизирани народни носии и  повеќе од стотина сувенири во мојот салон  Ноне Етно Арт –Сувенири   кои постои веќе 15 години.и се наоѓа во центарот на Велес .

ТАТЈАНА – Што е вашиот фокус на креативност, што најмногу изработувате, и какви матерјали најмногу користите?

БЛАГОРОДНА- Убавината и колоритноста на македонската народна носија остана во мене за да со мој креативен вез ги изработувам тие уникатни парчиња од македонски носии со сето богатсво од шари и убавина се стремам материјалите од кои ги изработувам моите носии да бидат  приближно исти  на матрејалите од кои некогаш се изработувале носиите како памук , волна,  ширити и друго,но во процесот на креирање сепак не сакам да направам копија од старите носии ,бидејќи изворното не се копира туку се изработува со сета умешност и модерен дизајн кој го поседувам за да ја оформам во една  стилизирана  креација на македонска  носија Македонската носија е огледало на на нашиот фолклор и традиција затоа и ги превлекува се почесто македонските жени да ја одберат да ја носат или поклонат за разни пригоди.Секој регион има своја носија и секоја носија има своја убавина ,и богат колорит  кои изобилува  од многу шари ,геометриски форми и орнаменти Затоа во процесот на креирање на една моја носија ги вметнувам најубавите елементи карактеристични за една носија довезувам една геометрија од волница и преку модерен дизајн ја претворам во една композиција што асоцира на македонскиот фолклор и  традиција која е составена во трите карактеристични бои а тоа се цревена црна и бела боја.

ТАТЈАНА – Дали соработувате со клиентите? Дали приоѓате кон остварување на нивните желби или повеќе слободно креирате?

БЛАГОРОДНА- Соработувам со клиентите секако , но претежно се стремам моите носии да бидат моја лична креација или сублимат од видените стари македонски носии, користам  литература која ја поседувам, црпам инспирација  од нашиот богат фолклор за да во процесот на креирање,  преку креирање и дизајн ја надоплнувам секоја носија со геометриски шари и везови за да добијам една комплексно оформена творба или македонска стилизирана  носија

ТАТЈАНА– Колку Велес дава можности за да можете да го развивате вашиот бизнис? И дали некој Ви помогна финансиски да го започнете овој бизнис?

БЛАГОРОДНА- Велес ми овозможи да  започнам  основам и  ја реализирам мојата идеја за изработување на рачни изработки со свој сопствен бизнис преку грант проектот на Организација на жени од Велес  и Меѓународната организација за миграција во соработка со Финската амбасада кои финансиски ми помогнаа   да работам, опстојувам и развивам  ,работејќи во  мојот салон за сувенири и носии Нoне Етно Aрт  Велес од 2007 год па се до денес.

ТАТЈАНА– Каков е вашиот став за Националната платформа , што е вашиот став дали е корисна и потребна и што треба да се преземе да с еподобрат условите на жените во бизнис светот?

БЛАГОРОДНА- Мојот став за Националната платформа за женското претприемништво е многу  важен фактор во развојот и напредокот на жените во бизнисот за да се подобрат условите за работење така што би можело да се спроведат низа активности, обуки, заеднички проекти односно  подобар пристап до финансии, создавање на подобри услови и можности за развој и усовршување  и проширување и напредок  на жените во бизнисот

ТАТЈАНА–За крај на нашиот разговор би Ве прашала за вашите планови во следниот период. Каде ќе се насочите и што очекувате?

БЛАГОРОДНА- Моите планови за периодот што следува е многу богат во план ќе бидат реализирани многу  презентации , ревии на моите носии, учество на базари, изложби во странство, бидејќи имам многу покани што се во тек на нивна  реализација очекувам дека ќе бидат добро прифатени и целосно презентирани во земјава и странство.

ТАТЈАНА– Ви благодарам на разговорот а за вас драги слушатели, ова беше епизодата Благородна Донева етно креатор и дизајнер на Македонски стилизирани носии кои ги изработувам во мојот салон во Велес

Благодарам и на вас

За гостинката

БЛАГОРОДНА ПЕТРОВА

Факт е дека она што дава многу успех, бара и многу вложување…Колку вие се вложувате во вашата работа и на кој начин ја канализирате креативноста?

Да секако, за да има успех и напредок потребно е многу напорна работа Јас целосно сум  вложена  и  посветена во процесот на креативноста и изработката на македонските стилизирани носии: машки, женски и детски носии. За тоа зборува и големиот интерес за нив и многуте изложби  кои се над дваесетина во земјата и надвор од неа Мојот труд е вреднуван со многу награди и признанија меѓу кои како последна би ја спомeнала од претходната 2021 година   9-то Ноемврсиката награда од мојот град Велес за значаен придонес во зачувување на македонската традиција и фолклор.

  • https://www.facebook.com/none.etno.art.souvenirs/?__tn__=-UC*F