Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ВЕРАДИО  СО  ИВАНА ЈАНЕВА  ПИСАТЕЛКА/ ПРЕТПРИЕМАЧ ОД ПРОБИШТИП

Ивана ја сретнав на една од Обуките во Скопје, која ја организираше Националната платформа за женско претприемништво. Во, како што доликува креативниот разговор со неа откривме многу нешта.

Ивана за себе вели дека  е: Исполнета личност која ужива во животот. Верувам во своите желби и соништа. И ги исполнувам. Борец од
раѓање. Кафехолик. Сакам животни. Љубител на добро вино и филм. Перфекционист. Непоправлив емпат -така би се опишала себе, авторката на книгата “Зборовите на безгласната девојка”. Родена сум далечната 1988 година. Живеам во Прибиштип. Покрај “титулата”
писател, што ми ја доделија читателите, имам и друга, професор по англиски јазик и книжевност.

На моето прашање за поривот за пишување и карактеристиките на нејзината засега единствена книга “Безгласната девојка“ таа ни рече:

Ивана -Пишувам од кога знам за себе. Многу честа фраза кај авторите, но навистина е така. Пишувам за патувањето наречено живот. За победата и поразот – над себе и други. За љубовта и разочарувањето. За зависта и восхитот. Сум учествувала и на натпревари, да, но како помлада. Ми помина желбата да се натпреварувам со други. Сега се натпреварувам само со себе. Сум освојувала и награди како
објава на творба во детски весник или збирка.  Инспирацијата ми доаѓа од животот. Од мојот и туѓиот. Од сопствените одлуки и туѓите. Поголемиот дел од текстовите се напишани многу одамна и чекаа да бидат објавени. Ми требаше месец дена време до финалната верзија.

Ивана – Книгата ја издадов сама иако за вториот тираж имав понуди од издавачки куќи. Наменета е за секој оној што ќе се пронајде, а се пронаоѓа. Нека не ве залажува розе корицата – нема розе содржина. Презадоволна сум како сум
прифатена. Со читателите си имаме взаемна емоција. Онаа што поврзува.

Ивана – Една добра работа што ја донесе пандемијата е што се зголеми бројот на луѓе што читаат, се радувам за тоа.
Мислам дека луѓето полека сфаќаат дека книгата е лек за душа и ум.

Ивана- Многумина ќе ме  прашаат како е да сум автор во Македонија. Интересно прашање, секогаш. Многу труд и малку
слава а нови автори “никнуваат” секојдневно. Да си автор во Македонија кратко кажано е исполнување на лична
сатисфакција и ништо повеќе од тоа.

Ивана- Периодов активно се работи на издавање на мојата втора книга која се надевам дека ќе “види” промоција, бидејќи првенчето ја немаше поради пандемијата.  Книгата може да се најде во:

Скопје (Книжарница Полица, книжарница
Топер, кафе книжарница The coffee CINO);
Штип (Книжарница Мист и кафе
книжарница Арт);
Пробиштип (Книжарница КИ-ЕЛ и
книжарница ДООЕЛ Н&АА);
Кратово (Книжарница Ох Мегдан);
Битола (Кафе книжарница Везилка и
виртуелна книжарница Книжарот од
широк сокак);
Гевгелија (Книжарница Ние Пром);
Неготино (Книжарница Бонига);
Струмица (Книжарница Мозаик);
Kupikniga.mk

Во разговорот Ивана ни откри што ја релаксира и прави среќна ,но најмногу зборувавме за она што планира Ивана во духот на претприемништвото д аго прави. Нејзините планови се во насока на книжарница и подоцна и сопствена Издавачка куќа па д аи посакаме многу успех во сето она што го посакува да се реализира.

За гостинката

ИВАНА ЈАНЕВА

  • https://www.facebook.com/jewelryMyPrecious