ТРАНСКРИПТ
ВЕРАДИО СО БЛАГИЦА АРАЏИЕВА МАЛИНОВА, БУТИ МИРАЖ
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа, ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното женско претприемништво. Во овој период имаме новина во нашите радио подкасти. Имено за да опфатиме повеќе претприемачки од сите делови на Македонија, ќе снимаме и онлајн, се во духот на користење на новите интернет алатки и побрзо и поефикасно реализирање.
Добредојдовте во уште една епизода од поткастот за Женско претприемништво!
Денешна гостинка во оваа епизода на нашето единствено ВЕРАДИО СО БЛАГИЦА АСАРЏИЕВА- МАЛИНОВА сопственик на Козметички салон „БУТИ МИРАЖ“ од Струмица.
ТАТЈАНА – Добар ден, Благица. Имате козметички салон во Струмица веќе 10 години. Какви се предизвици моравте да поминете за да го одржите бизнисот?
БЛАГИЦА – Од почетокот беше со многу предизвици, иако немаше преголема конкуренција се трудевме и со квалитет стигнавме до некоја точка, со која сме задоволни.
ТАТЈАНА- Дали сте посетувале обуки, работилници во земјава и надвор или пак сте учествувале на некои промоции?
БЛАГИЦА- Најмногу одев во Белград на Саем на козметика, таму посетував семинари кои многу ми помогнаа но и тука одев на семинари, и така освојував дополнително знаење во таа насока осознавав што сака народот најмногу и на тоа да се насочуваме.
ТАТЈАНА- Во следниот период сакате да го проширите бизнисот, во која насока?
БЛАГИЦА- Идејата ми е одамна но додека ја имплементирам доста истражував веќе 4 години интензиво, курсеви, работилници, вежбалници, учев и од Хрватска и Србија и завршив онлајн Американски курсеви. Тоа што сум насочена кон внесување на природна органска козметика. Почнав од себе , кога добив канцер на дојка и сфатив дека органската козметика може да биде не само за подмалдување туку и за целосна ревитализација. Идејата ми беше првична да биде во вид на крема , која е против миризба ,наместо дезодоранс за сузбивање на миризба и видов колку природниот начин е добар. Се што ми се случуваше мене го давав на другите. Тест период од 4 години кога направив многу истражувања и тестирања.
Органската козметика ја призведувате вие?
Има разлика меѓу природна и органска козметика, треба точно да се знае што се користи. Во органската козметика се користат суровини 100 посто органски , и ако е конзерванс треба да е органски. Сето тоа д аго имаме стабилно 2-3 ‘ е дозволено да се користат конзервансите.
ТАТЈАНА- Струмица е голем град, има ли поволна бизнис клима за жени?
БЛАГИЦА -Има во Струмица жени претриемачки но не знам колку се сите активни. Треба да ја разбудиме свеста кај сите. Пречки не сум имала во таа насока Треба да видам сега околу производите со козметичкиот салон со сите други салони да користат органска козметија. И потоа луѓето да си дозволат да си купат.
ТАТЈАНА- Како се гледате во следните пет години, т.е. дали одите во насока и на поголем простор, повеќе услуги?
БЛАГИЦА- Ако одиме кон целта и веруваме во неа, знам дека не е едноставно д адопреме до народот, но сепак мислам дека ќе успееме во тоа. Имам јас и други планови на природна органска база да се внесе и во Салонот и во секојдневна употреба.Ако постои желба секој новитет што с епојавува на пазарот мора да с еследи за да се биде успешен. Со природна козметика и со услугите во Салонот иако кај на с сеуште народот сака да се средува и следи тоа што с еслучува во светот го има и тука.
ТАТЈАНА- Дали знаете за Националната платформа за женско претприемништво, верадиото е дел од тој проект и кој е вашиот став за проектите наменети за женското претприемништво во Македонија?
БЛАГИЦА- Баш ме радува што сум дел од женското претприемништво. Тоа сакам , и покрај пандемијата , треба да ја зголемиме свеста и како претприемачки треба да се здружуваме и помагаме на било кој план и од различни сектори.
ТАТЈАНА – Рековте дека сте вклучени во прокети на женско претприемништво, кои се тие и какви бенефити имате од нив ?
БЛАГИЦА – Во Струмица е Салонот, во самиот центар до гимназијата и школото Сандо Масев и Ви благодарам на можноста да бидам дел од ова радио и с енадевам дека скоро ќе се видиме токму во Струмица.
Ви благодарам за разговорот а за нашите слушателки ова беше со Благица Асарџиева Малинова сопственик на КОЗМЕТИЧКИ САЛОН БУТИ МИРАЖ –Струмица.
За гостинката
БЛАГИЦА МАЛИНОВА
Јас сум човек што многу сака да се дружи, но оваа ситуација со короната и некои мои лични животни премрежија, имав навистина тежок приватен период ми паднаа многу тешко. Таквите состојби направија најмногу да ме опушта и да сум најсреќна кога медитирам. Медитацијата ме прави спокојна и среќна и тоа ми е сега најголемо задоволство и ме смирува – ни сподели дел од својот приватен живот Благица.
https://www.facebook.com/blagica.malinova