Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ВЕРАДИО  СО  ДАНИЕЛА КОРЧОВСКА –МЛЕКАРА МАЛЕШЕВО-БЕРОВО

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа,  ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното женско претприемништво. Во овој период имаме новина во нашите радио подкасти. Имено за да опфатиме повеќе претприемачки од сите делови на Македонија, ќе снимаме и онлајн, се во духот на користење на новите интернет алатки и побрзо и поефикасно реализирање.

Добредојдовте во уште една епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Денешна гостинка во оваа епизода  на нашето единствено www.weradio.mk со Даниела Корчовска директор и сопственик на Млекарница  Малешево Милк  од Берово.

ТАТЈАНА-Млекарницата МАЛЕШЕВО МИЛК, која постои од 2013 година, се занимава со преработка на млеко и производство на првокласно  млеко и млечни производи, а  почнува со работа од 2013 год. како мал семеен бизнис. Произведувате • Кравјо сирење, • Кравјо биено сирење, • Кравјо сирење со пиперка, • Жежено кравјо сирење• Мешано сирење и • Овчо сирење. Се соочувате ли со проблеми/предизвици во прозиводството и од каков вид се?

ДАНИЕЛА- Во послрдно време се соочуваме со недостаток на суровона односно млеко.Младите се помалку се одлучуваат да се занимаваат со земјоделие и сточарство па како резултат на тоа ќе има и недостаток на млеко.

ТАТЈАНА- МАЛЕШЕВО МИЛК, прочитав дека како суровина го употребува најубавото еколошко овчо и кравјо млеко кое го откупуваме исклучиво од фармери во Малешевијата, една од најчистите средини во Македонија, каде овчарството и краварството, заради големиот број квалитетни пасишта, имаат голема традиција.

ДАНИЕЛА- Технологијата за производство на сирење во Малешевијата се пренесувала од колено на колено, па во согласност со оваа традиција и МАЛЕШЕВО МИЛК е семејна фирма, во која при производството на сирење се негува знаењето на старите мајстори. Целото сирење што го произведувате е направено на традиционален начин. Да ни откриете воглавно во што с есостои, секако дека семејната традиционална тајна мора и да остане! Да,се работи исклучиво од млеко од малешевијата и се работи на традиционален начин,без никакви додатоци  со одреден период на зреење.

ТАТЈАНА – Вашите производи каде може да с енајдат, мислам дека е корисно како информација да ја кажеме на нашите слушателки?

ДАНИЕЛА – Нашите производи можат да се најдат само во источниот дел на државата односно Штип, Кочани, Виница, Делчево, Пехчево, Берово, Струмица и Радовиш.

ТАТЈАНА- Има ли интерес за вашите производи , дали го пласирате и надвор од границите и дали сте настапувале на саеми или други настани за промоција на вашите производи?

ДАНИЕЛА- Има интерес за нашите производи и надвор од границите, меѓутоа моментално ги пласираме само на домашниот пазар. Сме учествувале на локалниот саем Малешевијата на дланка.

ТАТЈАНА- Каков е вашиот став за женското претприемништво, за проектите што се прават да им се олесни на жените влез во светот на претприемништвото? Има ли доволно или потребна е поголема подршка?

ДАНИЕЛА- Има подршка но треба уште да се поработи на таа тема,да се охрабрат што повеќе жени да можат да започнат бизнис.

ТАТЈАНА- Плановите за во иднина на компанијата, да речеме во следниот период од пет години, кои се и каде ќе бидат насочени?

ДАНИЕЛА- Плановите за во иднина секако се да се зголеми производствто па да може да се прошири и пазарот,бидејќи нашите производи се веќе препознатливи и многу барани.

Ви благодарам на гостувањето а за нашите слушателки потсетување, наша гостинка во денешниот радио подкаст беше Даниела Корчовска директор и сопственик на Млекарница Малешево Милк од Берово.

За гостинката

Берово е убаво чисто планинско место, работите еколошко производство, но сепак за сето тоа треба енергија . Каде ја црпите енергијата и што најмногу ве релаксира, Даниела ни одговори дека дел од слободното време кое и го немаат многу, бидејќи Млекарницата е секојдневна работа, наоѓа начин да го поминуваат со семејството. Даниела  има  три дечиња па и тие си бараат внимание и слободното време го поминуваат во прошетки во природа, која во Берово ја има во изобилие.

  • https://www.facebook.com/danielakorcovska

    https://www.clubeconomy.com.mk/malesevomilk