Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

ЕПИЗОДА  НА WWW.WERADIO.MK  со  Соња Велкова , Струмица, Консалтинг ЕкономЦС

Новинар М-р Татјана Гогоска -Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк,  радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.

Во оваа епизода  наша гостинка Соња Велкова,  сопственик на Консалтинг Економ ЦС од Струмица. Добар ден Соња и добредојдовте во оваа епизода  на нашето  www.weradio.mk.

Книговодственото биро ЕКОНОМ-ЦС почнало да работи во 1997 година, тоа е точно пред 25 години. Како почнавте, кој беше мотивот и почетната точка? Работите и опстојувате успешно 25 години.  Што е најголемата потврда за вашиот успех и како се движеше  линијата на успех и опстојување?  Во овој период од 25 години, се отворија  но и затворија многу фирми за консалтинг, сметководствени услуги, она што е делокруг на вашата работа. Вие опстојувате и се проширувате, полека но сигурно. Што се е дел од вашиот опис на работа  и која е клучната основа заради која сте успешни?  Работите во Струмица кој е веќе голем град и сигурно има многу вакви компании. Со какви се предизвици се сретнувавте низ овие години и сеуште се сретнувате?  Во што најмногу инвестиравте во вашиот развој?

На сите овие прашања Соња ни одговори спонтано и искрено откривајќи го нејзиното најголемо мото „Не е важно дали го работите тоа што го сакате, важно е тоа што го работите да го сакате, само така се успева и се постигнува успех “. Својата почетна професионална желба да биде учителка ја сменила со светот на економијата каде веќе 25 години успешно работи претворајќи ја компанијата во која многу и помага сопругот во семејна компанија, во која својата иднина ја гледаат и двете ќерки.

Успешни и навремено услужени клиенти  е професионалната водилка до која најмногу се држи Соња Велкова.

Со Соња поразговаравме и за нејзиниот став  за Националната платформа за женско претприемништво, дали има доволно подршка кај нас, дали се менуваат нештата во позитивна насока и според неа што треба да се прави женското претприемништво  да е повеќе застапено и подржано. Соња смета дека малку е раздвижено на позитивно во тоа поле, но дека треба да се работи уште многу и жените да го добијат она што вистински го заслужуваат.

Таа смета дека жените не треба да се двоумат дали да почнат со свој бизнис доколку сакаат, туку напротив со цела сила да се наосчат кон остварување на својата цел.

Соња за крај ни откри дека нејзината иднина на компанијата ја гледа со многу повеќе и позадоволни клиенти  и проширување како вистински семејна успешна компанија.

Разговорот го завршивме со ветување дека покрај оваа интернет средба ќе оствариме средба во живо и ќе го посетиме нејзиното успешно Книговодствено биро во Струмица. И  благодарам за разговорот а за  Вас нашите слушателки мало потсетување, ова беше Соња  Велкова  сопственик на Консалтинг Економ ЦС од Струмица.

За гостинката

Малку  позборуваме за приватниот живот, oној дел од секојдневието со кој  се релаксира и и ги полни батериите,  Соња Велкова. Нејзината најголема релаксирачка опсесија е шопингот во кој најмногу ужива, но сака да чита, сака да патува со своето семејство со својот сопруг и двете ќерки и со нив релаксирано да си го поминува времето.

  • https://www.facebook.com/mitko.s.velkov