Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк,  радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.Оваа епизода наша гостинка е Зорица  Поповска, Интернационален тренер и Бизнис Консултант од Сенсум Тренинг и Коучинг.

Откако се поздравивме навистина имавме полчасовен многу интересен и конструктивен разговор кој ќе може да го проследите на нашето верадио.мк. Почнавме со неизбежното претставување   од  главниот професионален фокус а тоа е развој на лидерството и подршка на личен и тимски развој како и откривање на скриените потенцијали на поединци и тимови. Какво е нејзиното досегашно искуство во оваа нималку мала област, на што Зорица одговори дека областа навистина не е мала, напротив широка и комплексна, но благородна  а она што е најважно е будење на луѓето, да се поттикне реализација на сите замислени желби, соништа и аспирации  кои сака поединецот да ги  оствари. “На тој пат се соочуваме со препреки и  можно е да подзаспиеме а мојата работа е да ги разбудам, да ги поттикнам со алатките кои ги користам и можам да ги анимирам луѓето на тој пат и да бидат тоа што сакаат да бидат “-објаснува Зорица.

ТАТЈАНА– Центарот на успешноста како што велите се наоѓа не само во стекнување на повеќе знаења туку и во промена на однесувањето, кое доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување. Кој е најлесниот начин поединецот да дојде до тоа?

ЗОРИЦА– Умот и телото е целина, систем како размислуваме што ни е во главата, апсолутно е се поврзано и одредено од мислата од делувањето или се самосаботираме на тој пат. Личноста сака да постигне одредена цел но како да држи пиштол во рака и си пука во нога. Мајнсетот, начинот на размислување е многу важен, системот на ставови и уверувања исто се многу важни , како се поврзуваме со останатите, тие ставови кои сме ги научиле како да го гледаме светот. Сето тоа доведува до себесознавање и насочување кон позитивни идеи кои ни овозможуваат позитивен развој. “ Внатрешниот дијалог се случува кај секој од нас и кога ќе го освестиме дека постои внатрешниот дијалог тогаш сме на позитивна насока, и тогаш имаме избор да одлучиме како сакаме и дали сакаме . Во тоа што веруваме тоа го реализираме и кога се освестуваме имаме избор за тоа какви мисли ќе имаме и како ќе се насочиме.

ТАТЈАНА – Најлесен начин е токму себеспознавањето, оној миг кога ќе се втурнеме во потрагата по себеси во таа внатрешна комуникација и почнуваме да ги осознаваме нештата. Јас сум е НЛП Мастер тренер како основа но има и уште многу нешта што ги опфаќа  но за нив малку подоцна. Што опфаќа оваа ваша основна професионална ангажираност, наједноставно?

ЗОРИЦА – НЛП, го следи развојот на човекот и  треба постојано да внимава и по потреба да го апдејтира знаењето. НЛП за мене беше отварање на очите, секогаш се чувствував како жртва на тоа што ми се случуваше, но кога запливав во овие води видов дека се има своја структура, и успешните имаа посебен мајнсет и затоа се токму успешни, а доколку ако имаме структура на неуспех, ние така ќе живееме, тоа значи дека сме пропуштале нешта и фокусот бил на друго место. НЛП се уверување и ставови, состојби со кои се носиме , сите моменти ги совладуваме и на  појавените  препреки  можеме да бираме структура која не води позтивно.

ТАТЈАНА– Се почесто слушаме ваква реченица “Промени си го мајнсетот ќе ти се смени животот“. Мислам дека многумина сеуште не знаат што е мајнсет и уште повеќе како тоа може да ти го промени животот. Обично велиме ако добијам нова поплатена работа и ако сретнам човек кој ќе биде моја љубов ќе бидам среќна. Вие, коучинг тренерите велите: Промени го мајнсетот и твоето размислување, ќе ти се променат емоциите а со тоа ќе ти се смени околината, ќе најдеш подобра работа, љубов, пари или што и да е. Зорица, од професионален аспект, како вие ова би го кажале, со оглед на тоа дека сте лиценциран интернационален MainsetMapsCoach”?

ЗОРИЦА- Мајнсетот не е ништо опипливо, не можеме да го видиме да го допреме, но можеме да почуствуваме како на пример идентитетот, ние не можеме да го допреме но можеме да го сознаеме ,почуствуваме.  Овие повисоки нивоа , идентификацијата , верувањата и вредностите влијаат на луѓето, бизниси, вредности,заработувачка, тие луѓе кои с енајуспешни претприемачи имаат поинаков однос кон севкупниот вредносен систем.

ТАТЈАНА– Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Дали знаете за Платформата и колку мислите дека е потребна вака поставена Платформа за подршка и развој на жените претприемачки? Што би им порачале на жените кои се двоумат да почнат сопствен бизнис? И би сакале ли да сподлеите со нашите слушателки со какви с епредизвици  се соочувавте или сеуште се соочувате и како се справувате со нив? Едноставно да ги охрабрите!

ЗОРИЦА – Знам за НПЖП и ја следам, секоја чест за идејата и тiмот, одлично ја работите и мислам дека е потребнa како форма за развој на женското претприемништво , каде ни е фокусот таму ни оди енергијата. Како ќе размислуваме, дали ќе гледаме проблеми или можности тоа зависи од нас. Јас избирам да барам можности и постојат многу и едвај успеваме се да постигнеме. Предизвиците се намалуваат со тек на време, бариерите се се помали, ако ние работиме на себе во јакнење на внатрешните ресурси и ги трансформираме во мостови. На жените што се двоумат да почнат , би им порачала да побараат подршка, усогласување околу идејата, и избор на позитивни  страни. Им треба внатрешна визија и усогласеност ако не е така отпорите се силни и  ја прават огромна целта за да ги видат првите чекори Во секој случај таа подршка е многу важна. Потоа следи патот на растот и со еден збор “го охрабрувам претприемништвото“.

ТАТЈАНА -На крај би сакала да ве прашам за вашите идни планови? Каде ќе ја насочите енергијата и својот развој? Дали во проширување на списокот на клиенти со кои работите, можеби некоја Меѓународна соработка, или ?

ЗОРИЦА– Мојот сон и амбиција е интернационален развој или кооперативна соработка со други институции, но во Македонија има можности за работа а плановите се развој на различни понуди, кои ќе допираат до различни клиенти и сепак поголем развој на постоечките  програми што ги имаме, затоа што мислам дека секоја личност треба да ја поседува оваа надградба за да знае како да се  развива енергетски и да ги остварува своите цели.

Ви благодарам за разговорот, а за нашите слушателки потсетување, ја слушнавте епизодата со нашата гостинка Зорица Поповска, Интернационален тренер и Бизнис Консултант, од Сенсум Тренинг и Коучинг.

За гостинката

Нашата гостинка во денешнава епизода Зорица Поповска , своето живеење го уредила така што, на дневна база да има можност за одмор, прошетка или работа во природа, така што  долги одмори не и се ни потребни. Природата ја инспирира и затоа со семејството го избрале Соње како место за живот, онаков каков што им треба и го посакувале во секојдневието.