Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

ЕПИЗОДА  НА WWW.WERADIO.MK  СО  ДИНА МУЦУНСКА

Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено www.weradio.mk ,  радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво. Оваа епизода наша гостинка е  Дина Муцунска, генерален менаџер на хотел Манастир- од Берово.

ТАТЈАНА – Би го почнала разговорот со Вас со едно едноставно прашање, каква е сончевата есен во Берово и околината?

ДИНА– Прекрасно е Берово со сите можни бои и нијанси на есента а кога го има сонцето целото свети. Е само малку откако ќе го снема сонцето веќе смрзнуваме. Убаво и чисто со најразлична вегетација е нашето Берово во оваа сончева есен.

ТАТЈАНА– Вие сте генерален менаџер на преубавиот хотел Манастир од Берово и вашето семејство е сопственик на хотелот. Како накратко би го опишале вашиот менаџерски но хотелски ден?

ДИНА– Да Хотелот го изградија мајка ми и татко ми, тоа е нивен објект. Мојот менаџерски ден е буквално 24/7/ секој ден во годината. Хотелот е како еден голем дом, голема куќа во која треба за се да се грижиш. Од тоа да има храначисти соби, услуга која е на нив, да набавуваш секогаш свежо и секако храната во ресторанот е многу важна и на неа обрнуваме многу внимание. Имаме специјалитети типишно Беровски, имаме традициуонални македонски јадења,имаме интернационални..секогаш се трудиме д аима се и обемна понуда.

ТАТЈАНА- Дали менаџирањето на хотел беше ваша определба или некако по дифолт влеговте во тој бизнис?

ДИНА – Па еве како што рековте, беше тоа некако по дифолт на моја желба и инстистирање. Не ми беше наметнато, јас сама иако тогаш не знаев ништо од хотелиерство се наметнав и ги презедов една по една рабвотите во хотелот. Така со понудата на хотелот и различните содржини како се зголемуваше и растеше ,растев и се созревав и јас.

ТАТЈАНА- Со какви се предизвици се соочувате во вашата работа и на кој начин ги решавате?

ДИНА– Предизвици има многу и с есекојдневни. Се трудам да ги решавам без голема бука, туку да наоѓам секогаш соодветно решение. Да, веќе споменавте дека кадарот, т.е. недостатокот на кадар е голем проблем. Ама секогаш се наоѓа решение,мора.

ТАТЈАНА– Ти си експерт консултант за туризам, и хотелски менаџмент. Што се е во фокусот на твојата работа?

ДИНА– Во фокусот на мојата работа е СЕ.Буквално се што е поврзано со хотелот. Хотелиерствоито е една комплексна професија.

ТАТЈАНА– Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Дали знаете за Платформата и што мислите за нејзината функција и потреба за вмрежување на жените од бизнис светот?

ДИНА– Знам за НПЖП , пред неколку години уште кога бев во некои избори з апретприемачка на годината, знаев дека се работи на тоа ваква платформа да с енаправи,која е многу потребна и корисна за жените претприемачки.Секако дека треба на жените ветар во грб да с едава, поткрепа и поттик за работата.

ТАТЈАНА– Што би им порачале на жените што се двоумат да почнат свој бизнис? Кои се најважните нешта на кои треба да се насочат?

ДИНА- Па би им порачала убаво да размислат пред да почнат а кога ќе почнат да не се отлажуваат лесно.

ТАТЈАНА– Следното прашање кое сакав да Ви го поставам е дали кога би имале можност да бирате дали повторно би ја избрале оваа професија , но од разговорот веќе го знам одговорот е тоа е ДА. Жарта со која зборувате з ахотелот и за работата во него го потврдува тоа. а следно би завршила со тоа , Берово е мало место со огромна природна убавина, Манастир е хотел кој топло го препорачувам на сите , кои се вашите планови за некоја блиска иднина, кон пшто ќе се насочите во следниот период ?

ДИНА– Па имам многу планови кои с енасочени кон привлекување на гости однадвор. Веќе работиме многу со Бугарија ,која ни е многу блиску, инфраструктурата е веќе подобрена и така имаме добри врски и со Грција и со Србија. Така што во следниот период активностите ќе ни бидат насочени токму кон што поголем број странски туристи.

ТАТЈАНА– Дина Ви благодарам за одвоеното време и за овој убав разговор, а за нашите слушателки уште еднаш ова беше епизодата во која наша гостинка е  Дина Муцунска, генерален менаџер на хотел Манастир- од Берово.

За гостинката

“Кога работите во хотел и сте одговорен за едно големо домаќинство, и вашето слободно време е поврзано за него. Така се што правам во слободното време е поврзано на некој начин со гостите во хотелот, на кои и преку Планинарскиот клуб “Корија“ што го основав  и преку сите други активности им овозможуваме да имаат интересен и исполнет престој во Берово. Децата ми пораснаа и тие ми се голема помош, така што можам нависитна да с енаслонам во многу ситуации на нив“- ни одговори на прашањето, како го поминува слободното време нашата гостинка во оваа епизода Дина Муцунска.

  • https://www.facebook.com/dina.mucunska

    https://www.facebook.com/Hotel-Manastir-Berovo-206605722703847