Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

ЕПИЗОДА  НА WWW.WERADIO.MK  СО  АНГЕЛА КИТАНОВСКА

Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк,  радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.

Во оваа епизода наша гостинка е  Ангела Китановска, сопственик и менаџер на ВИП СЕРВИС- РЕНТА КАР ОД СКОПЈЕ. Добар ден Ангела и добредојдовте во нашиот подкаст.

Ангела, би Ве прашала на почетокот колку време сте во овој бизнис?,  беше моето прво прашање во разговорот со оваа млада жена и претприемачка која во овие води влегла со свои 23 години, во навидум машки бизнис и ги скршила стереотипите. “Активно сум 6 години во овој бизнис и со една година добра подготовка“-ни рече.

ТАТЈАНА- Како ја започнавте и истрасиравте вашата бизнис патека?

АНГЕЛА-Идејата беше моја, со неколку возила, секако пресуден беше и човечкиот фактор. Почнавме како мал локален бiзнис, а откако се лоциравме на Аеродромот, станавме повидливи и поуспешни. Во  2020 ни понуди Греен моушн од Велика Британија да станеме нивни претставници. Тоа е идејата да биде компанија со која ќе изнајмуваме возила но ќе се грижиме за животната средина, Намерата ни е електрични возила, ние сеуште ги немаме но тоа се планови.

За  предизвици со кои се  сретнува во секојдневната работа и како успева да ги надмине, кажа дека најголем предизвик бил Ковидот , но и пост ковидот бил период кога пазарот бил осиромашен. Во секојдневието самата работа со луѓе ни носи предизвици, вели Ангела. Има дефекти кои се случуваат, мора да сме многу мобилни и со различни видови на клиенти, различни карактери. Сето тоа носи предизвици кои се тековни и мора да се остане смирен за со позитивна комуникација да се надминат предизвиците.

ТАТЈАНА – Како успевате да се одржите на пазарот на услуги, што е најважно во вашиот бизнис за да се одржите ?

АНГЕЛА- Најважно е следење на пазарот и потребите на корисниците. Во овој бизнис е важно следење на технологијата.Мора да с еинвестира,да се следи технологијата има се нови видови на возила. Да с еследи пазарот и да се стигне до електрични возила.

ТАТЈАНА- Вие сте дел од Советот за женско претприемништво што се формираше во Општина Карпош по иницијатива на Националната платформа за женско претприемништво. Најнапред каков предизвикнза вас е членување во овој Совет?

АНГЕЛА- Позитивен предизвик ми е тоа и сум среќна што сум дел на овој Совет.  Овој бизнис што го работам  сепак е машки бизнис, скоро 90% се мажи и секогаш кога се работи за автомобили, жените се наводно лоши возачи и мене ми е огромен предизвик да докажам дека не е така. Јас ги возам возилата имаме и комбиња, така често и јас возам и има различни изненадувачки реакции.

За НПЖП која е Платфрома за подршка на женско претприемништво и која овие три години воспоставува основи за квалитативен позитивен развој на женското претприемништво, е следното з акое рагзоваравме на што Ангела одговори: “Драго  и е што има ваква Платформа,придонесот е огромен и за тие што се во бизнисот и з атие што не се. Важно е за посотечките во бизнис секторот.“

ТАТЈАНА- Многу жени се веќе во бизнис светот, но многу од нив сакаат но немаат храброст да почнат. Што би им порачале на жените што се двоумат, беше моето следно прашање на кое Ангела порача дека е поголем неуспех да не се проба отколку да се проба а да не се успее, само со позитивна мисла и енергија ќе успеат и нормално многу работа со добар бизнис план.

Последното прашање е врзано за идните планови и на што ќе биде насочен фокустот з ашто веќе спомна дека купувањето на електрични возила е главната цел во следниот период за да бидеме дел од подобра понуда но и да се заштитува околината.

ТАТЈАНА- Ангела Ви благодарам за одвоеното време и за овој убав разговор, а за нашите слушателки уште еднаш ова беше епизодата во која наша гостинка беше Ангела Китановска, сопственик на ВИП СЕРВИС –РЕНТА  КАР, од Скопје.

За гостинката

Искрено колку што времето ми дозволува гледам во тек на денот да одвојам 1-2 часа за мене, одам на фитнес и гледам тоа да биде време само за мене . За викендите гледам да се качам на Водно, ама сепак да сум тука во близина ако треба нешто да ускокнам во работата. Кога ќе имам множност патувањата ми се број еден, ако нема време за подолги, тогаш пократки патувања и така. Сепак работата бара многу посветеност “- сподели со нас Ангела дел од нејзиниот приватен живот.

  • https://www.facebook.com/angela.kitanovska.94