Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

ЕПИЗОДА  НА WWW.WERADIO.MK  СО  ИРЕНА АСПРОВСКА ТРАЈКОВИЌ

Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк,  радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.

Во  оваа епизода наша гостинка е  Ирена Аспровска Трајковиќ директор и сопственик на Flooring –Флооринг  ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Добар ден Ирена и добредојдовте во подкастот на радиото за женско претприемништво.

Добар ден Татјана, ….

ТАТЈАНА-Ирена, разговорот би го почнале со почетоците на Флоринг. Кога почнавте и каква беше првичната идеја, дали можеби се разликуваше од тоа што со тек на време станавте?

ИРЕНА-Доста се разликува, почетоците се од 2011 како семеен бизнис, пред три години решив да продолжам самостојно и да проверам да се испитам што значи да си менаџер. И решив да продолжи Флоринг да биде самостоен во делот на подните и ѕидни облоги.

ТАТЈАНА-Велите дека нудите решенија за сите типови на подни облоги за семејни објекти како и за  простории. Што се,  како производи и услуги  нудите на пазарот?

ИРЕНА- Ние сме специјализирани за сите видови облоги освен плочки, претежно деловни простории, хотелски, акцесорис, лајсни, за изведба имаме обучени екипи и спремни да дадат квалитет. Работиме и спортски објекти од затворен тип, пвц подни облоги. Со спортските објекти има повеќе работа со Агенцијата за спорт и млади и МОН, имаше проекти со повеќе спортски сали, имавме работа со тениските објекти а сега се повеќе се реновиваат старите спортски сали.

ТАТЈАНА- Од она што го прочитав за вас, сфатив дека задоволни потрошувачи се вашата најголема мотивација во работата. “Со голема посветеност го оплеменувате простор на живеење и работење, се со цел да создадете задоволство и хармонија во Вашиот живот.“. Би сакала на нашите слушателки да го објасните овој ваш став и како го остварувате?

ИРЕНА-Најчесто на сите купувачи им посветуваме комплетно внимание, ги слушаме барањата и очекувањата, некогаш бараат предлози и сугестии и доаѓаат до нивното решение.

Во ентериерите се обидуваме да им помогнеме и сите деловни објекти им даваме можност за дизајн , во плочите и имаме теписони со дизајни од архитекти и според желбите и архитектонското решение  се прави  дизајн. И во хотелите тоа го правиме комплетно да е средено. Има во Германија таков вид фабрика со која соработуваме.

ТАТЈАНА- Дали менаџирањето на овој бизнис  беше ваша определба или некако по дифолт влеговте во овој на почеток семеен бизнис?

ИРЕНА-  По дифолт, најискрено мојата желба беше моден креатор, немаше во Македонија тогаш и не можев да одам надвор и сега се вклопувам во оваа работа, влегов во семеен бизнис и се поклопи образованието.

ТАТЈАНА-Со какви се предизвици се соочувате во вашата работа и на кој начин ги решавате?

ИРЕНА-Предизвик е секој проект, проблеми секогаш постојат, матерјали, и пробуваме д анавлеземе во сите барањња на купувачите. Предизвик е добиен проект, а во реализацијата имаме делови што ги решаваме без проблем е сега објектите фирмите доцнат па имаме вакви проблеми но се наоѓаат решенија за чување за да не се оштетат.

ТАТЈАНА-Што се е во фокусот на Вашата работа во овој да го наречам Пост Ковид период, со оглед дека сите бизниси претрпеа  штета во тој период?

ИРЕНА-Искрено ковидот беше тежок период за сите, имавме тешки денови, месеци кога бевме затворени, не работевме, немаше достапност, направивме напори за маркетинг кампања, д аги доближиме до купувачите со произзводите. Работевме на интернет маркетинг. Поминавме тешко, но со позитивно размислување. И сега е тежок период со матерјали, достапност заради промени на цени што не е едноставно.

ТАТЈАНА- Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Дали знаете за Платформата и што мислите за нејзината функција и потреба за вмрежување на жените од бизнис светот?

ИРЕНА- Искрено имав слушнато но немав многу информации, сепак е за поздрав, јас како жена во претприемништво, сметам дека жените треба да се охрабруваат и да се пуштат во бизнис светот, ева на пример не е лесно како мене да сум во машки свет, но оптимизмот е најважен, старвот е тоа што ги кочи.

ТАТЈАНА- Што би им порачале на жените што се двоумат да почнат свој бизнис? Кои се најважните нешта на кои треба да се насочат?

ИРЕНА- Пред се би требало д аго испитаат пазарот, она што го сакаат и дали тоа треба. Но препорачувам на секоја што има талент и желба оптимистички и енергетски да почне и да успее.

ТАТЈАНА-Кога би имале можност да бирате дали повторно би ја избрале оваа професија ?

ИРЕНА-Искрено ме замисливте,  љубовта е останата , но сепак би го избрала и ова.

ТАТЈАНА- За крај, малку можеби клише но е неминовно прашањето за тоа  кои се вашите планови за некоја блиска иднина, кон што ќе се насочите во развој на вашиот бизнис?

ИРЕНА- Немам некоја посебна промена но ги следам трендовите на пазарот, но би внела нешто ново во ѕидните и подните облоги, да дадам квалитет и да успеам и во тој дел.

Ирена Ви благодарам за одвоеното време и за овој убав разговор, а за нашите слушателки уште еднаш ова беше епизодата во која наша гостинка е  Ирена Аспровска Трајковиќ директор и сопственик на Flooring –Флооринг  ДООЕЛ СКОПЈЕ.

Епизодата ја подготви и реализираше Татјана Гогоска

За гостинката

Јасно е дека претприемништвото бара многу работа, многу време и ангажираност но јас наоѓам и се трудам да имам време за себе, за моите најблиски, да го избалансирам животот. Сакам да пешачам, уживам во парк, да се дружам со пријателките , одам на пилатес, посветувам време на домот и уживам во него. Наоѓам начини како да си ја наполнам енергијата која на моменти ми е исцрпена, барем за викенд, затоа што после викенд доаѓа понеделник, а тој е најтежок – сподели со нас Ирена.

  • https://www.facebook.com/irena.trajkovic