КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
Добро попладне Аида и добредојде на нашиот Втор Самит за женско претприемништво. Се надевам дека се чувствувате добро во Скопје?
АИДА- Не ми е прв пат и секогаш ми е многу убаво со преубави жени кои ги сретнувам
– Вие сте претседател на Здружението на деловни жени на Босна и Херцеговина. Од кога сте на таа функција и накратко кои беа вашите активности во овој период?
АИДА- 2013 год го основавме здружението и оттогаш сум, работиме на вмрежување, едукација, и лобирање, слични проекти како Вие,исто проблеми не мачат, не само тука Балкански и во светот има.
-Аида, имаш магистер по фармација и основач и сопственик на компанијата Фаведа од 1993 година. Компанијата се занимава со производство на хербални суплементи и природна козметика. Кој е обемот на вашата работа? Дали произведувате само за домашниот пазар или соработувате и со странски земји?
АИДА- Многу интересна приказна зошто да се влезе во претприемништво во тој момент е лудост . 400 дена беше Сараево затворено, тогаш решив со помош на татко ми, одлучив дека таа војна не е моја и нема да дозволам некој да ми ги краде деновите. Ја основав фирмата со 300 марки почнав. Во основањето влезе и татко ми, ни даде деловен простор и така јас маж ми и татко ми основавме фирма и го средивме просторот за малопродажба. Така почнавме, ја напуштив работата каде бев раководител. Се бавиме со производство на суплименти, покриваме пазар во Косово,Србија, Катар а сега сме во освојување на пазарот во Австралика.
– Со Здружението на деловни жени на Македонија соработувавте и на балканскиот проект за социјално претприемништво. Сега е се поактуелно. Кажете ни малку повеќе за тој проект и дали целите се поставени или постигнати?
АИДА- Имаме традиционални наши проекти, Денови на женско претприемништво (обично мај а минатата година во ноември) Се обидуваме сето она што ни е цел со Б 2 Б средби, вмрежување, Балканската коалиција, цела година работиме на некој проблем и после правиме Конференција на која бараме решение. Дружење кое е многу важно. Сега сфативме дека треба да работиме со локалните заедници, кај нас се Клубови за подршка на жените претприемачи на локално ниво
-Национална Националната платформа кај нас е голем проект. Се надевам дека сте запознаени со неговата содржина и функција, какво е вашето мислење, дали на жените од светот на претприемништвото им се потребни такви можности и поддршка и дали има слични или слични проекти во Босна?
АИДА- Јас мислам дека е тоа позитивна приказна, вчера запознав еден ваш градоначалник и видов желба за заедничка работа,. Ние малку лутавме додека сфативме дека треба да делуваме на локално ниво. Она што ми с едопадна се Регионалните совети, форуми, кај нас ќе бидат Кантонални совети и да се формираат поголеми совет.
Бевте дел од панел дискусијата „Меѓународни искуства и успешни приказни во женското претприемништво“, накратко посочете ги ставовите што ги искажавте таму?
АИДА- Ние зборувавме за предизвиците, пречките со кои се соочуваме. Долго соработуваме со Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска но нашите три станаа единствени и со проектот на Социјални претпријатија, уште повеќе се покажа колку е важно сите да се соединиме и низ овој проект ја разработивме таа идеја и ја основавме Балканската коалиција, која е регистрирана во Грција , тоа е еден чекор кон понатамошно соединување, ако не направиме обединување и пробив мали се шансите за пробив во Европа, која е многу затворена и го чува својот пазар, мене ми беше полесно во Австралија да се пробијам отколку во Европа.
Ја освоивте светската награда Окфам за економско зајакнување на жените во 2017 година. И ја освоивте наградата Жена претприемач на годината во Западен Балкан во 2021 година. Што значат за вас овие награди?
АИДА- Светската награда Окфам за која бе аноминирани 42 жени од 30 земји, јас бев номинирана и секако за мене е тоа големо признание. Меѓутоа таа награда ме освести затоа што Окфам работи во сиромашни земји. Јас сум родена во Југославија и бев горда, ја сакам БИХ но сепак сме сврстани во сиромашни земји .
– Се надевам дека ќе имате пријатен престој во Скопје и дека соработката ќе продолжи и ќе се прошири во интерес на жените претприемачи, а за нашите слушателки ова беше епизодата со Аида Зубчевиќ, претприемачка и претседател на Здружението на деловни жени на Босна и Херцеговина.
Уште еднаш благодарам на гостопримство се надевам на понатамошна соработка .
И оваа епизода на единственото weradio.mk ја подготви и реализираше Татјана Гогоска
За гостинката
Пишувам блог, во кој пишувам за моите љубови. Јас навистина ја сакам мојата работа, но љубовта е према сите околу и со вас, Јас преку 20 години докажував дека се можам но сега сум во ситуација да се свртам кон себе и љубовта кон мене. Јас уште од домот на моите родители научив дека еден ден во неделата треба да го посветуваме на најблиските а таму ме воспитуваше татко ми кој покрај се што ме научи, не ме научи да се сакам себе си. Кога растев тоа беше петок и се додека беше мајка ми, јас и моите браќа со семејствата секој петок се собиравме на ручек кај родителите и тоа на месено, по традицијата. Потоа и јас го презедов тоа е сега тој ден го посветувам на мојата внука. Инаку често патувам, се дружиме мојот сопруг и јас со пријателите и сфаќам дека покрај за сите, како и мојот син што ми рече, морам да најдам и време за себе. Така почнав да пишувам блог и тоа многу ми прија, ме релаксира и исполнува.
https://www.facebook.com/aida.zubcevic
https://www.facebook.com/upzbih