Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

Овој пат во епизодата од Верадиото, сосема необична, несекојдневна, многу хумана и приказна што плени. Мој денешен соговорник е Славица  Стефановска, директор на хотел Даљан, чија приказна кога ќе ја слушнете сигурно нема  да останете рамнодушни. Можноста за разговор со Славица ме радува од две причини, едната што имав можност да се запознаам со оваа приказна од Светот на тишината-свет со поинаква перцепција и посветеност и тоа применет во секторот на туризмот и хотелско сместување и втората што сето тоа имам можност да ви го претставам вам на нашите слушатели на единственото верадио.мк

Добар ден, Славица од Скопје и добредојдовте во нашиот радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.

Добар ден Татјана и благодарам за поканата

ТАТЈАНА– Кога се договаравме за снимање не ни претпоставував дека ќе имам можност да откријам толку убава и хумана приказна. Вие сте директорка на хотел Даљан кој е сопственост на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица во Охрид, и е единствениот во земјава кој нуди инклузивен туризам. Половина од вработените се лица со инвалидитет, а работен јазик им е знаковниот јазик. Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната рампа, туку комплетна хотелската услуга, за лицата со инвалидитет за да се почувствуваат еднакви……

Јас нема повеќе ништо да откривам туку во еден убав разговор со Славица ќе и препуштам сама се да Ви открие а верувајте ми има многу .

ТАТЈАНА– Од кога работите?

СЛАВИЦА– Хотел Даљан постои одамна од 1979, како хотел за летување на глувите лица, но оваа приказна почна од 2008 кога дојдов како менаџер во хотелот и направив промени. Јас го водев отткако бев во  Сојузот на глуви и си помислив зошто да не дадеме можност во хотелот да работат тие лица. Сите беа без специјално познавање за угостителство, но ако ја сакаш работата и луѓето посебно нивниот свет на тишината. 15 години водиме успешна позитивна приказна и се надевам дека некој друг ќе ја слушне и ќе ја проширил.

ТАТЈАНА- Како е организирана вашата работа?

СЛАВИЦА– Половина од мојот персонал се глуви лица на позиции каде глувоста не е проблем. Сите вработени го зборуваме знаковниот јазик, јас сум и со лиценца. Кога ја имате комуникаицјата меѓу себе, тогаш не дека не е тешко, на пример во кујната од 4 вработени еден слуша а трите жени се глуви. Како се одвива комуникацијата: “Хотелот Даљан е адаптиран така што глувоста не е проблем. Ние со тек на годините ги надминуваме пречките.

Практично како ја надминавме пречката во ресторан?

Келнерот ја зема нарачката и оди во кујна да нарача кои се глуви и свртени со грб и не може да видат  да им даде знак. Тогаш требаше да влезе да ја допре за рамо за да го сврти вниманието и тоа беше многу бавно и комплицирано. Преку еден проект Адаптација на работно место-хотел Даљан, конкурирав и добив средства за да направиме компјутери со хотелска програма, келнерот ја пишува нарачката и кога ќе притисне на поврзан пулсирачки сигнал за да може да се види, кога глувата готвачка ќе види, нарачката излегува испечатена и го подготвува и го остава на пултот. Така го решивме проблемот.

ТАТЈАНА– .Дали сметате дека треба повеќе вакви угостителски објекти кај нас со оглед на тоа што ваша мисла е дека инклузивниот туризам во светот станува се популарен, но не и кај нас?

СЛАВИЦА– Две важни работи, ние како Даљан сме пионери во Македонија за воведување на инклузивен туризам. Во светски рамки е многу експанзивен  и ние треба да се вклучиме. 15 % од светската популација живее со некаков инвалидитет. Е таа голема бројка сака да одат на одмор а ќе одат каде има инклузивен туризам. Еве Шпанија, Франција, Скандинавските земји имаат развиен инкузивен туризам и тука е хуманата димензија за еднаков третман е многу битен елемент за остварување на правата на сите луѓе. Нашите хотелиерите треба да с езаинтересираат да си ги пополниме есенските и пролетните месеци, и да се води сметка за посебните потреби ќе им овозможиме да се гости. Моја заложба е лицата со инвалидност да најдат вработување во угостителските-туристички компании. Така ќе се надиполни проблемот со недостаток на кадар.

ТАТЈАНА-Велите дека кај вас е многу присутен тимскиот дух и токму тоа ги надминува сите предизвици.

СЛАВИЦА– Со разбирање, ако немаш успешен тим и разбирање,немаш успешна организација, сите се разбираме. Потребна е комуникација за   човечко достоинство. Отвореноста е важна и љубов кон неа. На лицата со попреченост не треба да ги сожалувате. Ние сме еднакви, единствена разлика е јазикот ама сите сме различни и треба да се прифатиме. Почитување на различноста е многу важна.

ТАТЈАНА– Задоволни гости се вашиот фокус и цел т.е. секој гостин да се чувствува пријатно. Како го постигнувате тоа?

СЛАВИЦА – Даљан е мал хотел и со своите гости сме многу блиски. Функционираме поинаку, нема службеност, имаме топлина, убав однос и им обрнуваме внимание на нивните желби што сакаат да јадат, и затоа успеваме да се рентабилни и функционални.

ТАТЈАНА – Желбата за соработка и успех – посилна од бариерите, тоа е очигедно. Дали сметате дека вие како жена менаџер но и од Невладиниот сектор можете да најдете начини да се вмрежувате и да постигнувате поголеми резултати?

СЛАВИЦА- Тоа е многу важно, за напредок на фирмата на било која организација, без соработка нема да можете да одите напред. Секоја обука, средба, семинар нешто ќе ви донесе. Затоа треба пријателстава, размена на информации. Сега во Југозападниот регион сме вмрежани со женското претприемништво и тоа е многу важно, се сретнуваш со од своја бранша и едни на други помагаме. Без вмрежување не можеш напред.

ТАТЈАНА–  Верадиото е дел од Националната платформа за женско претприемништво. Знаете ли за Платформата и ваше мислење за нејзиното функционирање?

СЛАВИЦА- Многу е заживеана оваа Платформа и многу се активни благодарение на координаторката Сузана Наумовска, мислам дека е ова нешто што навистина ни треба за сите и на тие што почнуваат и мислам дека повеќе ќе се развива, и овде и на Балканот. Ние сме сепак патријархално општество и ни треба подршка да ги менуваме стереотипите на околината.

ТАТЈАНА- Хотел Даљан фунционира како самоодржливо социјално претпријатие. Што посакувате како следен чекор за поголем развој и успех ?

СЛАВИЦА- Искрено да ви кажам хотел Даљан е како заштитно друштво и е единствено самоодржливо социјално претпријатие со толку долг стаж без Законот за социјални претпријатија. Едно општество е развиено онолку колку што е развиен неговиот однос кон лицата со попреченост. Токму ваквиот начин е достоинствен за да си ја обезбедуваат сами егзистенцијата. Тоа е основниот постулат за достоинствено живеење. И токму вака тоа се прави.

ТАТЈАНА-  Во вашите следни планови кој е вашиот најголем фокус?

СЛАВИЦА- Секако фокусот е да ја продолжиме туристичката сезона, со короната и сега економската криза ни треба работа, не само на лето, пред и после сезоната ни треба ангажмани. Да ја искористам оваа прилика ,подигање на општествената свест кој кај нас е многу ниско, преку НП да ја подигнеме. Зошто да не се купуваат производи, еве Даљан , не само на 3 декември да се сетат на нас. Кон сите апелираме да го одберат хотел Даљан за семинари, работилници, дајте ни работа не сакаме милостина. Во Запад има Улица на темнината , во Даљан викенд на тишината или светот на тишината и можеби ќе се ангажираат да дојдат кај нас. Ден два без компјутер телефон со поглед кон езерото, за да се приближите до природата . Ова можеби ќе е интересно.

Јас бескрајно ви благодарам за разговорот а за нашите слушатели потсетување, ова беше радио подкастот со Славица Стефановска, директор на хотел Даљан во Охрид, која вели дека својата работа ја доживува како мост меѓу два света. Посакувам мостот да е што поубав и пократок за двата света да се се поблиску а Различноста нека биде привилегија како што порачуваат вработените од хотел Даљан.

За гостинката

ТАТЈАНА– Работите со многу жар и посветеност. Имате ли слободно време и кога ќе најдете што е тоа што ве исполнува и ви ги полни батериите?

СЛАВИЦА-Имам слободно време,поготово во зимски месеци.Добра книга и осамена прошетка покрај езерото, со него имаме особена конекција, ми ја смирува душата ,природа мир,добра книга и пријатели

 

  • https://www.facebook.com/pages/Hotel-Daljan/522557911263880