Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

ЗАГОРКА БЛАЖЕВСКА

Добар ден и добредојдовте во уште една епизода на радио поткастот на Националната платформа за женско претприемништво. Како и секоја епизода, така и оваа, продлжуваме со претставување на инспиративните животни и професионални приказни на нашите успешни жени. Јас сум Марија Котовска, а моја денешна гостинка е Загорка Блажевска, докторант на Технолошкиот факултет и сопственик и генерален директор на компанијата Вита Нова, од која придобивки има не само македонската економија, туку и човековата благосостојба проследена со здрави навики. Посветен лидер, вимателен ментор и тимски играч кој обезбеди Вита Нова како компанија да биде наградена од Стопанската комора на Македонија со признание за македонски квалитет, е дел од биографијата на Блажевска. 

МАРИЈА Имате дипломирано на Фармецевтскиот факултет во Скопје, а потоа и магистрирано на катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад. Што ве мотивираше од полето на фармацијата да продолжите во правецот на претприемништвото, а потоа сето ова да го вклопите заедно во една успешна бизнис приказна наречена Вита Нова ?

ЗАГОРКА Фармацевтскиот факултет во Скопје дава интересна можност креирањето да биде и за лекови, но и за храната и прехранбените производи. Темата на креирање производ и квалитет е интересна од секој аспект. Безбедноста на лековите дава и безбедност во храната, бидејќи се што консумираме мора да биде здраво и безбедно. По завршувањето на Фармацевскиот факултет сметав, а и сеуште сметам, дека треба да се вложува во својата едукација и излегувајќи со една приказна да донесеме квалитетни производи што ќе се користат во прехранбената и фгармацевтска индустрија, беше неминовно покрај креативниот и научниот дел, да додадеме и малку бизнис аспкет. Од тие причини се запишав на магистерски студии кои беа под сунеско програмата, мултидисциплинарна програма на англиски јазик со повеќе универзитети од регионот во делот на претприемништвото, период во кој во Македонија беа зачетоците на претприемништвото, а јас имав среќа да се запознаам со него за да евалутирам во бизнис приказната Вита Нова.

МАРИЈА „Твојата храна нека биде твојот лек“ е насловот на вашиот прв стручен напис, што претставува една исклучително интересна, возбудлива и пред се, корисна тема. Кои се вашите клучни совети во овој контекст ?

ЗАГОРКА Се што внесуваме преку исхраната е поврзано со нашата ресорпција во дигестивниот тракт и не треба да се консумираат само лековите, туку и храната која дава фантастични предности за еден организам да биде здрав и нормално да функционира. Со самата храна се превенираат и голем број на болести , па од тие причини една од првите написи што ги издадов во Србија беше „Твојата храна нека биде твојот лек“. Секојдневно консумираме производи кои што треба да се здрави и безбедни, но се консумираат и фортифицирани односно збогатени производи кои имаат одредени компоненти кои можат не само да го оддржат здрав и безбеден организмот, туку и да превенираат многу болести.

МАРИЈА  17 години имате сопствен и успешен бизнис. Во какви предизвици се соочувавте на почетокот, а со какви сега ?

ЗАГОРКА Навистина бев многу млада кога јас почнав целата приказна со едногодишно дете зад себе. Влегов во водите на бизнисот како жена и имав прекумерна поддршка од сопругот и семејството и не случајно и мојот брат се вклучи во приакзната Вита Нова, а мојот  татко застана зад нас за да не поддржи. Најинтересно беше што на почтокот те гледаат како млада девојка и велат што бараш ти тука. Во времето кога почнав да ги истражувам регулативите за HACCP и HASAP системите и кога тргнав да барам како тоа функционира, ми велеа – „Девојче што бараш ти тука? Што имаш отворено? Ајде, ќе затвориш“. Не ме демотивирапе, напротив. Волјата да докажам дека можам да успеам беше посилна и секојдневно се соочував со различни предизвици, но не за да ме демотивираат туку за да докажам дека сум во право. Шестото сетило што го имам во себе, сеуште ме води. Имаше и ситуации каде што на пример на пат во Србија ми велеа „ Ама како сега ти тука од Македонија ќе ни кажуваш што треба да правиме?“. Иако на почетокот беше смешно, не ме демотивираше, туку со знаењето што го имав во себе и со секојдневната едукација, го продолжив понатаму правецот што го имав зацртано.

МАРИЈА Секоја чест. Кои свои проекти и достигнувања би ги издвоиле како најзначајни или најдраги ?

ЗАГОРКА Секој производ кој што ќе го лансираме на пазарот ми е подеднакво значаен и поеднакво се вложувам за сите. Не можам да ги одвојам највпечатливите, меѓутоа можам да кажам дека постојат прекрасни поризводи на овој пазар, а морам да ги пофалам и производителите од целиот регион кои што се вложуваат да направат производ и ги слушаат нашите совети.

МАРИЈА Кои се вашите планови и кои се вашите прокети за во иднина ?

ЗАГОРКА Имаме многу планови и проекти, често амбициозни и несекојдневни за овие простори, но драго ми е што сме веќе препознаени меѓу нашите клиенти и консументите. Имамер план да се префрлиме и на регионално ниво иако од 2008 ма фунционираме со канцеларија и во Србија. Но сакаме да дадеме импакт на производителите од регионот на Отворен Балкан. Ќе имаме и нови обуки и едукации за технолозите и за фармацевтите, убави приказни што ќе излезат од кујната на Вита Нова.

МАРИЈА Како жена претприемач со речиси две децении успешна бизнис приказна зад себе, што е она што сметате дека треба да се иницира и преземе за подобрување на состојбата на жените претприемачки во Македонија ?

ЗАГОРКА Последните години доста се зборуваше за женско претпиремништво и голем број на жени знаат за терминологијата претприемништво и жена во него. Храброста кај секоја индивидуа  е таа што треба да биде водилка, за да не се откаже од постигнување на својата цел. Има голем број на организации и жени што сакаат да си помогнат една со друга, бидејќи само така може да се продолжи во вмрежувањето на жените во бизнис светот.

МАРИЈА Токму во тој контекст е и моето следно прашање. Какво е значењето од вмрежувањето во женски иницијативи како Националната платформа за женско претприемништво за сите амбициозни жени и девојки во Македонија што сакаат да го спојат убавото, креативното и корисното и да започнат или веќе започнале свој бизнис ?

ЗАГОРКА  Го поздравувам моментот на ваква Национална платформа. Имаше потреба да се направи вакво нешто во нашата држава. Иако сме мали, многу полесно може да ги добиеме информациите имајќи Национална платформа преку која кружат новитетите, искуствата, но и споделувањето на заедничко настапување на семинари и настани, во и надвор од државата. Бидејќи ако не си помогнеме едни со други, нема кој да ни помогне. Ние жените кога си даваме комплименти за изгледот, не секогаш го мислиме тоа, но во бизнис светот е спротивно. Жена што минала низ тешкиот пат, секогаш е подготвена да и помогне на друга жена да го минува потешкиот пат. Затоа ваква Национална платформа е потреба за секоја жена што сака да работи во бизнис светот.

Епизодата ја подготви и реализираше Марија Котовска

За гостинката

Прашана која е нејзината порака до сите девојки и жени во Македонија, Блажевка вели – „Имајте ја својата визија, одете право, гордо и исправено, затоа што само одејќи напред, нема да се откажете“.