ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА
ИВАНА ГРОЗДАНОВА
Добредојдовте во уште едно издание на радио поткастот на Weradio, поткаст на Националната платформа за женско претприемништво. И оваа епизода ви подготвивме инспиративна приказна на уште една наша успешна и креативна македонка. Јас сум Марија Котовска, а моја денешна гостинка е Ивана Грозданова.
Дипломирана економистка вработена во ИТ секторот и сопственик на бизнис за рачна изработка на декоративна керамика. Приказната наречена „Мадам Пипи“ почнала како хоби или начин за релаксација по работните обврски, а позитивните реакции и интересот од околината биле клучни за продолжување на оваа креативна активност во правецот на бизнисот.
МАРИЈА Вие сте дипломиран економист, работите во ИТ секторот, а истовремено сте и осоновач и сопственик на „Мадам Пипи“, бизнис кој се занимава со изработка на декоративна керамика. Што ве инспирираше од економијата и ит секторот да тргнете во еден сосема поинаков кретивен правец и истото да го претворите во успешна бизнис приказна?
ИВАНА Идејата за „Мадам Пипи“ ми дојде сосема спонтано. За да се релаксирам после работни обврски кои се во најголем дел пред компјутер, како сите вработени во ИТ секторот, јас почнав да цртам за себе. По таа прва чаша, јас сфатив дека цртањето ме опушта и дека ми претставува големо задоволство, па направив за сите најблиски. Позитивните реакции од околината ме мотивираа да продолжам со оваа креативна активност. Интересот беше навистина голем, па затоа решив да го отворам „Мадам Пипи“ на социјалните мрежи. И така, малку по малку почна да прераснува во симпатичен бренд на кој му се посветувам стопроцентно со сите изработки.
МАРИЈА Вашите преубави производи од керамика ги декорирате на многу уникатен и интересен начин. Од каде најчето ја црпите инспирацијата за дизајните?
ИВАНА Кога цртав за себе, мене ме инспирираше речиси сѐ наоколу нас, но најмногу моето куче Дасти. Навистина сакав да имам нешто што ќе ме потсетува него, дури и кога не сум со него. Секој од нас сака да има нешто свое, но и да добие нешто персонализирано. Најдраги ми се тие нарачки бидејќи знам дека имаат посебно значење за моите клиенти. Нивната среќа и задоволност од продуктот е мојата најголема мотивација да бидам што е можно во иднината.
МАРИЈА Дејноста на „Мадам Пипи“ е во доменот на занаетчиството односно рачни изработки. каква е состобата со оваа гранка во моментов и што е она што треба да се преземе за подобрување на положбата на занаетчиите кои се занимаваат со рачни изработки ?
ИВАНА Во моментов, занаетчиската индустрија доживува оживување на популарноста, бидејќи потрошувачите се повеќе бараат уникатни и персонализирани производи. Сепак, занаетчиите кои се занимаваат со рачно изработени производи сè уште се соочуваат со предизвици, како што се конкуренцијата од масовно произведени стоки и тешкотии при пристапот до пазарите и клиентите. За да се подобри позицијата на занаетчиите кои се занимаваат со рачно изработени производи, треба да се направат напори за промовирање на нивната работа преку насочени маркетинг кампањи, настани и онлајн платформи. Владите исто така можат да обезбедат финансиска поддршка, програми за обука и регулаторни рамки кои ги штитат правата на занаетчиите и обезбедуваат фер конкуренција на пазарот.
МАРИЈА Какви се вашите и проекти за во иднина ? Дали планирате некои новитети од „Мадам Пипи ?
ИВАНА Иако имам многубројни идеи, моментално сум фокусирана на рачното цртање на чаши и чинии. Следно што би сакала да го имплементирам во своето работење е цртање торби бидејќи веќе има голема заинтересираност за такво нешто. Исто така, имам идеја да почнам да изработувам чинии за накит. Со оглед на тоа што пред нас се новогодишните и велигденските празници, исто така, планирам да изработам празнична серија чаши и чинии.
МАРИЈА Жената е секако покреативниот пол и ретко на која и недостига креативност, па на кој начин би ги инспирирале и мотивирале својата креативност да ја претворат во заработувачка и кои клучни совети би им ги дале во овој контекст ?
ИВАНА Прво, важно е да се препознае и да се слави креативноста на жените и да се обезбедат можности да ги развијат своите вештини и да ја покажат својата работа. Второ, жените треба да се охрабрат да преземат сопственост над нивната креативност и да ја претворат во остварлива кариера. Конечно, важно е жените да бидат упорни и издржливи наспроти предизвиците и да бараат поддршка и совет од други креативни претприемачи. Со тоа што ќе останат фокусирани на своите цели и ќе ја користат нивната креативност, жените можат да ги претворат своите страсти во успешни и исполнети кариери.
МАРИЈА Интернетот и социјалните мрежи се навистина моќен медиум за пласирање на производи, а дополнително нудат и платени опции за рекламирање, што е секако огромна предност која што ја немавме пред дваесетина години. колку интернетот и социјалните мрежи вам ви помогнаа во промоција на брендот и осварување на профит ?
ИВАНА Се обидувам да следам содржина која ме инспирира, а и луѓе што споделуваат убави работи од своето секојдневние. Навистина се трудам да објавувам убави фотографии, за подобро да им ги претставам своите изработки пред оние што се заинтересирани за тоа што го работам .Самите социјални мрежи во моментот се една од најбитните алатки за подржување на малите бизниси. Можам да кажам дека импактот е голем бидејќи најголемата промоција се случува токму на тие платформи, така да како моќен медиум многу имаат големо влијание не само во сферата на промоција и рекламира туку и во искуството како и учењето на нешто ново.
МАРИЈА Како ја оценувате моменталната состојба со женското претприемништво во Македонија и што е она што сметате дека треба да се преземе за подобрување на положбата на жените претприемачки ?
ИВАНА Подобрувањето на пристапот до финансирање, менторство и можности за вмрежување може да помогне да се поддржи и да се зголеми бројот на жени претприемачи, како и да се решат културните и социјалните бариери кои можат да ги обесхрабрат жените да се занимаваат со претприемачки потфати.
МАРИЈА Колкаво е значењето и кои се придобивките од вмрежување во женски иницијативи, како Националната платформа за женско претприемништво за сите девојки и жени кои имаат или сакаат да имаат сопствен бизнис ?
ИВАНА Вмрежувањето е значајно во женските иницијативи, како што е Националната платформа за женско претприемништво, бидејќи им овозможува на жените да се поврзат со други претприемачи, ментори и потенцијални клиенти. Со градење односи и споделување на знаење и ресурси, жените можат да добијат вредни сознанија, поддршка и можности кои можат да им помогнат.
Епизодата ја подготви и реализираше Марија Котовска
За гостинката
Зборувајќи за инспирацијата за своите дизајни, Ивана Грозданова вели: „Секој од нас сака да има нешто свое, но и да добие нешто персонализирано. Најдраги ми се тие нарачки бидејќи знам дека имаат посебно значење за моите клиенти. Нивната среќа и задоволност од продуктот е мојата најголема мотивација да бидам што е можно во иднината.„