Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

ВЕСНА МИЦАЈКОВА

Добредојдовте во уште едно издание на радио поткастот на Weradio, поткаст на Националната платформа за женско претприемништво. И оваа епизода за вас подготвивме нова инспиративна приказна на уште една успешна и креативна Македонка.  Јас сум Марија Котовска, а моја денешна гостинка е Весна Мицајкова, основач, директор и едукатор во Практикум институтот за практични вештини. И во случајот со нашата соговрничка се потврдува правилото дека најубавите работи во животот се случуваат кога ќе излеземе од конфор зоната и храбро ќе зачекориме кон нови предизвици. Па така и Мицајкова, незадовлна од првичната кариера во  корпоративниот сектор, најпрвин почнала со дообразување , а потоа го сторила она што денеска за неа претставува најголем професионален успех, отворањето на својата фирма и почнувањето на сопствен бизнис.

МАРИЈА Вие сте основач, директор и едукатор во Практикум институтот каде се изучуваат практични вештини. Од каде дојдoa идеата и мотивацијата за формирање на овој денес успешен едукативен и бизнис проект ?

ВЕСНА Јас себе си лично никогаш не сум се гледала како претприемачка. Градев кариера во корпоративниот сектор, но не бев задоволна и тоа незадоволство и желбата за промена, ме насочија кон дополнителна едукација. Се надевав дека моето дообразување ќе ми отвори нови можности и бев во право. Една од можностите која што ми ја отвори, беше ангажманот како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент во високообразована институција. Тој ангажман беше пресуден за ова што го работам денес.

МАРИЈА Институтот нуди поголем број на курсеви, па кажете ни повеќе детали за нив и дали постои поголем интерес за онлајн изучување или со физичко присуство?

ВЕСНА Инсртитутот Практикум нуди повеќе курсеви од областа на сметководството, финансискиот менаџмент и анализата на податоци. Институтот е формиран во 2017 та година и од самото основање, мојата идеа беше да направам интернет платформа за учење и продажба на електронски книги. И успеав во тоа и ги пласирав тие курсеви на пазарот, но се соочив со голема недоверба кај луѓето во онлајн учењето. Но денеска , може да кажам дека благодарение на корона кризата која ги принуди луѓето да ги гледаат предностите на онлајн учењето , таа недоверба е во голема мера надмината. Се покажа дека мојата бизнис инвестиција во тој интернет портал за онлајн учење била добра и економнси оправдана.

МАРИЈА  Кое свое професионално дистигнување би го издвоиле како најголем успех ?

ВЕСНА Како мое најголемо професионално достигнување би го навела отворањето на моја сопствена фирма. Основањето на сопствен бизнис и предизвиците со кои се соочуваш при неговото отворање, ти ги отвора хоризонтите и стекнуваш нови искуства, а со тоа подобро се запознаваш и себе си и своите способности и доживуваш голем личен развој. Самовработувањето ти дава слобода која што никогаш неможеш да ја имаш работејќи за некој работодавец.

МАРИЈА Како некој што има стекнато највисок степен на образование, минувајќи ги сите образовани скалила и доаѓајќи до позиција предавач во високообразована установа, како ја оценувате моменталната состојба со образовниот систем во Македонија? Каде бележиме напредок, а каде уназадување? И што треба да се промени?

ВЕСНА Мислам дека нема да бидам престрога ако кажам дека состојбата во образовниот систем во Република Македонија е очајна. Ќе зборувам за високообразовниот сектор, бидејќи тука имам големо лично искуство. Високото образование треба да ги оспособи студентите за практична работа, промовирајќи критично размислување, креативност, морал и  повисок систем на вредности. За жал, високообразовниот ситем во нашата држава потфрли при остварување на сите овие цели.

МАРИЈА Какво е значењето од вмрежувањето во женски иницијативи како Националната платформа за женско претприемништво која има за цел зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање политики и застапување во областа на женското претприемништво на сите нивоа ?

ВЕСНА  Верувам дека ваквиот вид на здружување има огромно значење и не само како можност за меѓусебна размена на идеи и информации и поддршка и соработка, туку и као механизам за барање на решние на постоечките бизнис проблеми преку институциите на системот.

Епизодата ја подготви и реализираше Марија Котовска

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Мицајкова вели: „Би им препорачала доколку не им се допаѓа работата што ја работат, да направат се што можат за да ја променат. Треба да размислат за тоа што сакаат да прават и дали правејќи го тоа, може да задоволат одредена човекова потреба и така ќе можат саканата активност да ја претворат во своја кариера.“