Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

ВАСКА МАНЕВСКА

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НОВО ИЗДАНИЕ НА РАДИО ПОТКАСТОТ НА WERADIO, ПОТКАСТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО. УШТЕ ЕДНА ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА УСПЕШНА И КРЕАТИВНА ЖЕНА. ЈАС СУМ ФИЉАНА КОКА , А МОЈА ДЕНЕШНА ГОСТИНКА Е ВАСКА МАНЕВСКА, ОСНОВАЧ, ДИРЕКТОР И СОПСТЕВНИЧКА НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ЛАБРАНДА. СО НАШАТА СОГОВОРНИЧКА ЌЕ ПОСВЕДОЧИМЕ ЗА КАКО МОЖЕБИ НАЈУБАВИТЕ РАБОТИ ВО ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВААТ КОГА ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ОД КОНФОР ЗОНАТА И ЌЕ СЕ ФАТИМЕ ВО КОСТЕЦ СО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ. ПА ТАКА И МАНЕВСКА ИСПОЛНЕТА ОД ПРВИЧНАТА КАРИЕРА ВО ИТ СЕКТОРОТ, СЕ РЕШИЛА НА ОВОЈ СВОЈ ПРОФЕСИОНАЛЕН ПОТЕГ, ОТВОРАЊЕТО НА СВОЈАТА ФИРМА И ПОЧНУВАЊЕТО НА СОПСТВЕН БИЗНИС.

ПРЕТХОДНО ВО ИТ СЕКТОРОТ СЕГА СОПСТВЕНИЧКА НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ЛАБРАНДА, ГОСПОЃО МАНЕВСКА ОД КАДЕ ДОЈДЕ ИДЕЈАТА , ОДНОСНО КОЈ БЕШЕ МОТИВОТ ЗА ОСНОВАЊЕ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА?

После 17 години во ИТ секторот навистина ми требаше промена, но драстична. Се одлучив за туризам бидејќи направив спој помеѓу желбата за патувања и големото искуство во маркетингот, тука е љубовта кон Египет и сите убавини во него како и сите други убави дестинации низ светот кои ги нудиме и кои би сакала секој да ги посети.

СО КАКВИ ПРОБЛЕМИ, ПОТЕШКОТИИ СЕ СООЧУВАТЕ ВО ВРЕМЕ КОГА Е ДОСТА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО ОВАА СФЕРА?

Во Македонија има многу агенции, тоа е факт, но секоја си има свои адути. Лабранда соработува со пар врвни агенции од Македонија – многу внимателно одбрани, но тоа е тимска работа, сите работиме на тоа да им овозможиме што поквалитетни патувања за нашите клиенти. Јас тоа не го гледам како конкуренција. За останата конкуренција не размислувам – фокусирана сум на Лабранда. Се стремам кон тоа да за 2-3 години Лабранда биде помеѓу првите 5 најдобри агенции во Македонија – по квалитет, не по квантитет. Повторува по квалитет. Со добар и фер пристап кон клиентите, со пристапни цени, со убава услуга – тоа може да се постигне. Како? Еве ќе ви кажам како…  Лично комуницирам со сите клиенти, секому е посакан пријатен лет, секој клиент е исконтактиран за време на престојот независно каде отпатувал, пар клиенти ги испратив и на ТАВ, за да им укажам почит. Работам и во делот  на customer care , а тоа знаќи да си ги задржиш клиентите и во иднина. Веќе имавме две дружби овде во Лабранда со клентите пред крајот на летната сезона,  понатаму планирам да ги имаме и квартално.

КАКОВ Е ИМПУТОТ , ШТО ВИ Е ГЛАВНИОТ МОТИВ ДА ПРИДОНЕСУВАТЕ КАКО УПСЕШНА ЖЕНА ВО ЕДНА ВАКВА ГРАНКА?

Секој заслужува среќа, кога патуваме сме многу среќни. Сакав да бидам дел од нешто што ќе придонесе за среќа, затоа одлучив да отворам агенција за патување и на клиентите да им понудам најубави места за патувања. најубавите спомени се од патувањата а ние ги креираме на лето во Египет кој го сметам за  магичен и доста безбеден – ви гарантирам, убави се и Тунис и Турција. На скијање одиме во Бугарија и Србија, на кратки патувања одиме низ цел свет. Клиентите сакаат да разговараат, да бидат слушнати, да се напијат кафе во агенција, да добијат совети и препораки , да стекнат доверба а сето тоа им го нуди Лабранда.

ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ПОДОБРО, ПОПРИСТАПНО ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО КОЈ СЕ БАВИТЕ?

Грантови, финансиска помош, бидејќи во делот на обуки јас имам поминато многу врвни, од домашни и странски предавачи. Конкретно Лабранда има потреба од модерен систем за агенциско работење на пример, и тој чини многу. Исто така сум со идеа да испратам на пример на летување пар семејства од социјално ранливи групи, деца со посебни потреби, деца со многу медали од натпревари исто така, истражував но никаде не најдов дека некој тоа би го финансирал. Во овој момент Ла бранда не е во можност да го обезбеди сама.   Авионските линии – чартер линии ни требаат, за Дубаи, за Хургада преку цела година, за Барселона, Мадрид, Валенсија, Кипар, Лисабон на… тие дестинации луѓето ги бараат а немаме директни летови од овде од Македонија. И најголем проблем, јас го осетив овде од работењето во Лабранда од февруари месец,  тоа  е работниот кадар, е тоа е веќе многу сериозен проблем. Интервјуата  кои ги правев овде во Лабранда покажаа дека луѓето за жал сакаат многу пари и брзи пари и втор проблем е што во летниот период сите сакаат да заминат на работа во Хрватска, Кипар, Грција и слично. Значи имаме дефицит од работен кадар, пред се стручен кадар во овој дел од туризмот.

КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО ОД ВМРЕЖУВАЊЕТО ВО ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ КАКО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА СИТЕ НИВОА ?

Значењето  е големо, секоја поддршка – независно дали се обуки, консултантски услуги, семинари и слично е од големо значање за секој бизнис, па и за овој. Иако јас веќе претходно имам голем број на обуки од странски предавачи, не значи дека не ми требаат и дополнителни, треба да сме во тек со сите светски трендови. Едукацијата е многу битна, семинарите се битни, форумите, самитите, размената на искуства и знаења, дружењето исто така. Добро е што постојат вакви организации, можеби треба да се и побројни. НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО сметам дека е  врвна.

СЕГА НЕКОЈА ПОРАКА, ЛИЧНО ОД ВАС, КАКО ЗА КРАЈ ЗА СЕКОЈА ЖЕНА КОЈА САКА ДА ПОЧНЕ НЕКОЈ БИЗНИС СО ШТО БИ ЈА ОХРАБРИЛЕ?

Ги охрабрувам  секој да си го оствари својот сон, да го работи тоа што го сака, затоа што ако се работи со љубов, верувајте дека секогаш резултатите ќе бидат добри. Трпение треба, да се издржат тешки моменти треба. Меѓутоа со голема верба со голема љубов кон работата со посветеност се се постигнува.

Ви благодарам за интервјуто за оваа национална платформа. – Ви благодарам и вам.

Автор ФИЉАНА КОКА

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Маневска вели: „Со голема верба со голема љубов кон работата со посветеност се се постигнува“.