ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА
АНТИГОНА ШУЛЕСКА
Добредојдовте во ново издание на радио поткастот на weradio, поткаст на националната платформа за женско претприемништво. Приказните за успешни и креативна жени не се изцрпени и тоа е на наше задоволство. Јас сум Фиљана Кока , а моја денешна гостинка е Антигона Шулевска, главен менаџер во децениски семеен бизнис со преработка и продажба на месо и месни производи. Со денешната соговорничка ќе бараме одговори како младите да одговорат на сериозни предизвици и да продолжат професионално и успешно да го водат бизнисот кој нивните предци го основале. Шулевска е носечки кадар во дедовата фирма и тоа ја исполнува.
КАКО Е ДА СЕ БИДЕ НА ЧЕЛНАТА ПОЗИЦИЈА ВО ФИРМАТА КОЈА ОПСТОЈУВА ВО ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ПРЕКУ ТРИ ГЕНЕРАЦИИ?
Антигона: Прво да ви се заблагодарам за вашата покана да бидам дел од оваа бизнис комуникација. што претставува односно како е да се биде на челна позиција на фирма која опстојува толку години . За мене преставува гордост што покрај сите успони и падови мојата компанија успеала да се етаблира на македонскиот пазар скоро три декади , односно од 1995 година, што за мене претставува чест и со тоа одредена тежина затоа што моите родители поставиле високи граници на квалитет , комуникација и доверба пред се со нашите потрошувачи , а потоа и со нашите доставувачи. Јас како едно од одговорните лица морам да се трудам да го достигнам тој квалитет , а воедно и да се надевам да имам поголема можност да го надградам за да расте нашата компанија на македонскиот пазар а се надевам , ако даде господ , да излеземе и надвор од нашата граница.
СТРАВУВАТЕ ЛИ НЕКОГАШ ДЕКА НЕ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ НОСИТЕ СО НЕКОЈ ПРЕДИЗВИК И ШТО ПРЕЗЕМАТЕ?
Антигона: Стравување нормално дека има. во ова време невреме кога постои економска криза во светот и кога се соочуваме со масовно иселување од Македонија постои определен страв кај мене , но се трудам сето тоа да го решавам од ден за ден. Односно да го анализирам проблемот и да барам решение за проблемот што ми настанал во текот на работењето. Анализата ја правам првенствено сама, седнувам и размислувам , барам начини како тоа да се реши. Се потсетувам некогаш од моите книги од факултет да видам дали може школски да се реши или го барам решението надвор, во самото работење…Но потоа и откако би го нашла решението, сепак ги прашувам и моите родители да го видам нивното размислување и да видам дали тоа што сум го одлучила се поклопува со нивното размислување за соодветниот проблем. Сепак јас сум жена што влегла во машка индустрија односно, ми треба совет еве да кажам од татко ми за да можам да го решам проблемот на полесен и побезболен начин во однос на другите. Можам да кажам дека сум една од ретките жени која се справува во „машкава“ сфера секојдневно.
КОИ СЕ ПОТЕШКОТИИТЕ И ПРЕДНОСТИТЕ ВО БИЗНИСОТ КОЈ ГО ВОДИТЕ?
Антигона: Знаете како, во секој бизнис има предности и недостатоци. Сепак месарството односно месната преработка и индустрија не е така лесна и како што напоменав и претходно е претежно машка индустрија. Една од потешкотиите што можам да ги одвојам во оваа работа конкретно е тоа што некогаш во текот на работата навистина ми треба машка сила , односно има работи кои мора да се подигнат, да се преместат , да се преработат и тоа навистина мене ми е многу тешко , но се трудам што повеќе да ги поедноставам работите. Друга потешкотија можеби помалку од оваа е што некогаш се случува да заглавам на работа по цели денови, по 10,11, 12 часови. Од друга страна ми дава некоја флексибилност некогаш кога не сум присутна , вушност кога нема толкава потреба од мене можам да сум отсутна од работа, односно да си земам неколку слободни денови повеќе. Предност во мојата работа… Мене како личност многу ми помага во работата комуникацијата со потрошувачите, затоа што сум секој ден вклучена и во продажбата можам да ги слушам нивните барања достепен што може да ми кажат: „е тоа сакав да ти кажам да ми го направиш“. Тука е задоволството дека го гледаш и го следиш потрошувачот до кој степен сакаш да го достигнеш својот квалитет , да го надоместиш, а и да го услужиш т.е. Да оди до крајниот потрошувач.
СМЕТАТЕ ЛИ ДЕКА ДАВАТЕ ДОВОЛЕН ИМПУТ ВО ПШТЕСТВОТО?
Антигона: Секако дека сметам дека се дава доволен импут во општеството. Со причина се кажува дека силните и успешни жени без разлика на проблемите и несогласувањата имаат подобро разбирање за моменталната состојба, заедничките интереси и често пати се поажурни од мажите. Нас жените не одликуваат неколку карактеристики оптимизам , храброст , упорност, тактичност, посветеност , прецизност , креативност и трпение. Со сите овие карактеристики со сигурност можам да кажам дека целосно ги опотребууваме за да сме добри во бзинисот. Жената знае да го зачува тоа што го создала. Односно тоа што сме го создале… Моите родители што создале јас се трудам да го зачувам и да го надохнадам. Со тоа мое мислење е дека се дава доволен импут во општеството во кое живееме и функционираме.
КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО ОД ВМРЕЖУВАЊЕТО ВО ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ КАКО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА СИТЕ НИВОА ?
Антигона: Во однос на вмрежувањето , самото време во кое денес живееме бара нови начини на приоди за остворање на деловен бизнис. Тоа подразбира голема претпазливост при избор на бизнис , па затоа е потребно поцелосно истражување како екстерното така и интерното опкружување. Правилна проценка на сопствените можности , капитал, конкуренти и можности на пазарот е една од најзначните работи што би ги имала жената како деловен партнер, односно како жена претприемач. Но една од најзначајно работи во целиот деловен свет е да се има идеја, храброст, самодоверба и поседување желба за успех. Жените во светот и во македонија претставуваат еден голем значаен дел од светската популација со несомнено големо влијание во сеопфатното општество. Ние како жени имаме вродени претприемечки способности. Успехот во бизнисот бара институција , , здружување и интуиција за да може сето тоа да опстои. Затоа е големо значењето каде што поголем број на жени посебно жени претприемачи се здружуваат и можат да си го кажат своето искуство и да го споделат своето знаење со повеќе жени за да ја поттикнат да размислува дека не е само мајка и домаќинка , туку може да презема и повеќе работи, да презема и повеќе одговорности. Нејзините деца да се горди на мајката како фигура, а воедно и да го преземаат сето она што таа го прави за нив , да го продолжат тие. Односно нејзината упорност, храброст и борба да им ја пресади на нејзините деца и да го преземат тие бизнисот и да го работат повторно.
ШТО БИ БИЛА ВАШАТА ПОРАКА НА ДРУГИТЕ ЖЕНИ ОД ОВАА ПЕРСПЕКТИВА?
Антигона: Мојата порака на другите жени од оваа перспектива би била да го живеат својот сон , да не се откажуваат , да имаат цел, со таа цел да имаат визија и стратегија. Така што идејата би се остварила преку целта, односно желбата која што тие ја имаат можат да ја остварат. Значи визија , мисија , цел и реализација. Да си стојат до нивните цели и да можат да го остварат нештото како нивно свое.
АВТОР ФИЉАНА КОКА
За гостинката
Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Шулеска вели: „ Да си стојат до нивните цели и да можат да го остварат нештото како нивно свое.“