Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

МАРГАРИТА ДИМОСКА

Добредојдовте во ново издание на радио поткастот на weradio, поткаст на националната платформа за женско претприемништво. Меѓу сториите за успешни  , умешни жени овојпат за една извонредна заболекарка која е особено посакувана кај децата. Јас сум фиљана кокa, а моја гостинка е Маргарита Димоска, сопственичка на приватна стоматолошка ординација „МАРГА ДЕНТ“ повеќе од 15 години. Таа не се поколеба да ги земе работите во свои раце, па така не само што самата ја отвори ординацијата и ги лекува пациените, туку таа се грижи и за се што се однесува до нејзината професија.

Г-ЃА МАРГАРИТА, ШТО БЕШЕ КЛУЧНО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ВАКОВ ЧЕКОР, ДА ОТВОРИТЕ СОПСТВЕНА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА?

Маргарита: Што беше клучно? Па клучна беше работата во приватен сектор, веднаш по дипломирањето,  во ординација во која ми беше дозволено да се оформам и изградам како стоматолог. Таму успеав да го надминам стравот, да стекнам искуство од 13 години. Сето тоа беше доволен клик во еден момент кога се сложија коцките: доволно финансии, вистинско место, вистински избор, поддршка од најблиските и сето тоа заедно со храброста да зачекорам во нешто ново, не непознато, меѓутоа различно од местото до тогаш во кое бев заштитена. Меѓутоа еве, со трпение и упорност опстојувам веќе 15 години заедно со другиот дел од тимот без кои ништо не би било возможно.

КОЈ Е НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ, А КОЈ НАЈЛЕСНИОТ ПРИ ВОДЕЊЕТО НА ОРДИНАЦИЈАТА , ИСТОВРЕМЕНО НЕ ЗАПОСТАВУВАЈЌИ ЈА ГРИЖАТА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ?

Маргарита: Тежок и лесен дел во водење на една ординација? Па не знам што да кажам.. Обврските се поделени, папирологијата е обемна, приемот и пристапот кон пациентите сето тоа е тимска работа. За доброто на пациентот потребен е уигран тим. Тогаш нема поделба на тешко и лесно зашто се е во организацијата.

КАКО СЕ СПРАВУВАТЕ СО КОНКУРЕНЦИЈАТА?

            Маргарита: Што се однесува до конкуренцијата, секој има место под сонцето. Секој што ја започнал приказната – стоматолог мора да ја раскаже на нему својствен начин. Од тоа зависи и успехот. Оваа професија бара многу голема посветеност, внимание и себеоткажување. За да се постигне успех и сето тоа да се избалансира со обврски кон семејството, бидејќи без тоа успехот не е комплетен.

ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА ИМА РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДОУРЕДАТ ВО ОДНОС НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ПОВРЗАНИ СО ОВАА ДЕЈНОСТ?

            Маргарита: А за законските одредби… во нив секогаш нешто недостасува во сите области па и во медицината. Треба да дадат учество сите чинители за да се најде оптимално решение…

НАЈОМИЛЕНИ СТЕ ИМ НА ДЕЦАТА ПАЦИЕНТИ, КАКО ГО ЗАСЛУЖИВТЕ ОВОЈ ЕПИТЕТ?

            Маргарита: Работата со деца е многу специфична. Децата се личности на кои треба да им се пристапи со посебно внимание и љубов. Да се стекне довербата на едно дете да дојде на забар без присила. Значи, детето е посебна индивидуа која бара искрен поглед, искрена работа, без присила и измама. Нивната насмевка, нивната прегратка  после успешно направено запче е бесценета. Тие ми се омилени, љубовта ни е обострана.

КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО ОД ВМРЕЖУВАЊЕТО ВО ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ, КАКО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, НА СИТЕ НИВОА НА СОРАБОТКА?

            Маргарита: Преку организирање на вмрежување, на таков начин се спојуваат сите чинители во претприемништвото што ја дава бројката на жените претприемачи во земјата и особено нивното значење во неа. Треба да се даде посебен акцент и посериозен пристап, можност за раст на женското претприемништво во нашата држава.

 КОЈА Е ВАШАТА ПОРАКА ДО ДРУГИТЕ ЖЕНИ?

            Маргарита: Пораката кон другите? Само храбро, нема колебање. Секоја желба замисла да се оствари. Можеби не како со магично стапче, ама без упорност и себезалагање нема успех, без оглед  на пречките пред кои ќе се најдат.

Автор ФИЉАНА КОКА

 

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Димоска вели: „ Само храбро, нема колебање. Секоја желба, замисла да се оствари.“

https://www.facebook.com/profile.php?id=100060344723407