КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
Во оваа епизода од нашето единствено Верадио.мк, наша гостинка е Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа).
Добар ден Душица и добредојдовте во нашиот подкаст. Така го започнавме разговорот а најнапред фокусот го ставивме на фактите дека Душица на оваа позиција е веќе 22 години од 2001 година, период во кој има драстични промени во локалната заедница, во законската регулатива, поставување на основите на децентрализација на надлежности и финансии. За ова Перишиќ зборува со доза на незадоволство од постигнатото: “Почнавме со децентрализацијата многу добро но патем се изгубија многу нешта и не можеме успешно да кажеме дека сме го заокружиле процесот“. Душица спомнува за поранешната држава од чии модели имало перфектно функционирање на локалната самоуправа, пример кој го зеле многу успешни земји како Данска, Шведска, Финска и други , каде имало принцип локалните заедници да се одговорни и да можат да ги средуваат проблемите во својата Општина не чекајќи од државната власт. Еве на пример во социјала. Кој знае подобро од луѓето од Општината колку бездомници има, колку има социјални нефункционални семејства. Траба тие ингеренции и обврски да се префрлат на општините.
ТАТЈАНА– Душица вие се истакнувате со вашето знаење од областа на фискалната децентрализација. ЗЕЛС го етаблиравте и на меѓународната сцена, член е на ЦЕМР, НАЛАС и АЛДА. Какви се предизвици поминавте во овој домен и што е тоа што најмногу ве инспирира во работата?
ДУШИЦА- Кога дојдов на оваа функција бев полна со енергија, желби, планови и некако ми се наметна дека е многу важно да бидеме дел од ЦЕМР – Совет на европски општини и региони и јас го вклучив ЗЕЛС и одев активно на состаноци но сфатив дека тие ги подржуваат општините од ЕУ и немаме ние некој директен бенефит од тоа. НАЛАС е седиштето во Скопје, активно сме а АЛДА е организација за развој и вмрежување и ние соработуваме со разни проекти и општини.
На моето прашање, кое е инспирирано од нејзиното образование како машински инжинер, помошник проектен менаџер, комерцијален менаџер, надзор на пумпи, брани…. и тоа како плива во сите овие сектори кои навидум се различни но сепак ги врзува нешто, Перишиќ одговори дека: “ Во бројките го најдов сето врзивно ткиво, се е со бројки поврзано. Јас сум дипл. машински, хидроулика и 13 год работев во Металски завод Тито, каде работев секаде со теренска работа и сето тоа ме ојача како личност за да се изборам со секаква ситуација. Работев и приватно сметководство со сестра ми и почнав да учам се поврзано со финансии. Тоа ме направи посилна и да ги почитувам законите. На тоа сум многу горда и ЗЕЛС работи баш по ПС. Таа работа на -20 и + 40 ме натера да размислувам за поубава работа и се пријавив на Конкурсот иако не знав што значи ЗЕЛС.“
Откако ги поминала трите интервјуа успешно, и не бев убедена дека имам шанси, ја избрале и од 15.06 2001 решила ЗЕЛС да не биде непозната институција, дека ќе има своја зграда, дека ќе воспостават услуги за Општините кои други не може да им ги пружаат. “Со голема помош од многу институции, успеавме ЗЕЛС да го етаблираме на ова ниво, иако не сум задоволна. Во 2015/16 бевме многу високо, но за жал не е така. Едно блиско време Македонија беше на врвот ама веќе не е. Зградата е наша со помош на ЕУ, Владата и други донатори.“-вели Душица.
“Има неколку проекти, 2011 Софтвер за управување со градежно земјиште, направен со подршка од институции, во кое општините стекнаа право да управуваат со неизградено градежно земјиште, за што во ЗЕЛС се сметало дека е многу важно. Сега се вклучени Суд, комисии, управни институции и сите го користат. Вториот Софврер е од 2013- Софтвер за електронско издавање на дозволи за градба, први во свет после Сингапур а први во Европа. Со него станавме екстремно познати, им помагавме и на Србија за што ЗЕЛС заработи добри средства. А потоа исто помагавме и во Албанија . Третиот систем е- ствари, за управување со недвижен и движен имот , и тој функционира. Овие системи се наменети за Општините а ги користи централната власт и најмногу граѓаните и фирмите.-дополнува Перишиќ, успешен извршен директор на ЗЕЛС веќе 22 години.
ТАТЈАНА- Како дел на Советот на Националната платформа вие имате големо значење, со своите предлози и заложби токму во оној дел на локално дејствување на Националната платформа. Кои с евашите ставови по оваа Платформа?
ДУШИЦА- Јас очекувам и се надевам дека оваа Платфрома значително ќе придонесе за развој на женското претрпиемниптво и успех на жените и нивна економска независност. Гледам многу неубави работи што им се случуваат на жените. А ако се економски јаки никој не може да им направи лоши нешто. Оваа платформа може многу да продинесе за статусот на жените и во градските но посбено во руралните средини.
Она што го издвојува во овој дел Душица се насоките во локалнате средини, во некои Општини Проектот е ангажиран во повеќе општини, невладини и целосно покривање на државата и да одат на терен и да ја поткреваат свеста на жената дека никој не може да игра со неа. Може да работат со разни ракотворби, изработка на млечни производи,билки, рачна работа, не мора сите да бидат големи фирми. Не се создаваат услови или многу тешко кои ќе ги натераат младите да останат тука и затоа имаме дефицитарни професии. На тоа треба државата треба да посвети внимание. Да се избегне политикологијата од професијата. Затоа сум јас 22 години тука , не сум член на ниедна партија. На жените што се двоумат да почнат свој бизнис им порачувам да бидат храбри, иако јас не сум вична за тоа, да знаев и јас ќе водев свој бизнис.
За предизвиците кои не ги остварила и стојат како неосвоени Душица Перишиќ издвојува Софтверот за даноци на имот “ Пет години се борам и сега мислам дека ДА, ќе се изборам“- уверливо го заврши рагзоворот.
Ви благодарам многу а за вас наши слушателки ова беше епизодата со Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС-Заедницата на единиците локална самоуправа.
Епизодата ја подготви и ја реализира Татјана Гогоска
За гостинката
За мене ЗЕЛС е и професија и голем дел од приватниот живот, можам да кажам дека е СЕ. Многу сакам да читам, мала е собава да ви покажам колку книги сум прочитала. Имам две леви раце, што би се рекло и не умеам ништо да правам со раце, но затоа умот, мислата се моите најмоќни сојузници. Нешто што би сакала да го правам кога ќе имам време е да пишувам, па целиот креативен порив да го срочам во книга, приказна и се надевам дека еден ден ќе ми се оствари.
https://www.facebook.com/dusica.perisic.5
https://zels.org.mk/