КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
ЕПИЗОДА НА WWW.WERADIO.MK СО РИСТЕ ТЕМЈАНОВСКИ
Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк, радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.
Во оваа епизода на нашето единствено верадио.мк, разговараме со проф Ристе Темјановски, редовен професор на Економски факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип.
Добар ден проф. Темјановски и добредојдовте во нашиот подкаст!
Добар ден Татјана, …..Ви благодарам за поканата во оваа епизода на Вашето weradio…
Татјана- Студентската година започна, ми рековте дека сте многу активни со предавања, после две години сте конечно онлајн со студентите, какво е чувството?
проф Темјановски – Благодарам на поканата да бидам гостин ви радио подкастот. Искрено многу ми недостасуваше директната работа со студентите и комуникација, интерактивност, размена на енергија и знаења. Физичката форма на предавања е традиционална и многу поефикасна. Студентите ги гледаме како амбициозани млади луѓе и разрешување на одредени проблеми се примарни цели кон кои одиме.
Татјана -Двата главни предмети за кои држите предавања се Претприемништво и Претприемништво и иновации во прва година, но одржувате предавања за предмети и во втора и трета година. Каков предизвик за вас е работата со студентите и што е она што најмногу сакате во оваа област да им го пренесете ?
проф.Темјановски – Овој семестар на студентите им ги поредавам Претприемништво а во летиот и Иновации и претприемништво на сите студенти од сите факултети на Универзитетот, од било каде да доаѓаат и пријатно сум изненаден дека ќе сретнувам студенти од различни области кои се произнесуваат за претприемништвото. Она што ние професорите го потенцираме се однесува на динамичноста на знаењата, во свет на постојани промени, треба да се сфати како потреба. Информациите од било која област се веќе застарени а биле присутни во научните кругови и хоризнтите треба да се застапени многу подалеку и затоа треба младите да ги анимираме во тоа поле. Имам прекрасно искуство со студентите и наши и од Кливленд, каде заедно со Здружението ЦЕФЕ и Американската амбасада,минатата година организиаравме онлајн курс за претприемништво, каде нашите и студентите од САД беа вклучени во различни дискусии во претприемништво со учество на истакнати луѓе. Направивме премостување на јазот на сите ниво.
Татјана- Читајќи ја вашата професионална биографија видов дека сте поминале многу професорски скали во рамки на Факултетот, но сте биле ангажирани и на други полиња. Како се движеше сето тоа, некои покарактеристични моменти да споделите со нас?
проф. Темјановски- Зад себе имам кариера од 30 години стаж во академската средина. Од првото вработување 1991, зад себе имам долг пат на докажувања, учења, наставни содржини и слично. Во академската кариера два пати бев продекан со студентите каде ги насочував. Посебно задоволство ми е што некои од студентите се покажаа како многу успешни и се задржаа на места каде одеа на практична настава. Сето тоа е успешна комуникација меѓу студентите и компаниите. Ваквиот концепт треба да се развива и да се ефектуира од сите аспекти. Практичната работа е најважна.
Татјана – Работите и на дигитализацијата и дигиталните системи, изведувате обуки и истражувачки активности. Како се одвива тој процес и каде ви е тоа насочено и колку сте задоволни од примена на сознанијата во практиката во оваа област?
проф Темјановски- Секојдневно ги гледаме дигиталните промени,тие се свет во кој живееме и овој диннамичен развој е интерактивен , оваа проблематика нуди различни можности за сите компании,се рушат бариерите, помеѓу далечините, големината. Поминаа 25 години откако Google се стави во функција и 15 од Стив Џобс го промовираше ајфонот. За да можат студентите целосно да се насочат кон се, мораат да се ангажираат во освојување на дигитализација . И тој мора да е присутен во високообразовните инситуции.
Татјана- Претприемништво/женско претприемништво –каде ги гледате заедно а каде одвоено, со оглед дека работите и во областа на надминување на родовиот јаз посебно во дигиталната сфера, која е во склоп на развојот на претприемништвото?
проф. Темјановски-Претприемништвото е познато повеќе од 300 години , а кај нас секоја компанија се труди да внесе нешто свое.Женското претприемнишпто е составен дел, нема држави каде женското претприемништвото не е запоставено. Големо влијание има ова претприемништвото, но малцинскиот статус на жените е присутен, помалку се застапени во деловните, во технолошките и управувачки дејности. ЖП е поттикнато од жените претприемачи.Се смета дека жените полесно ги решаваат конфликитите, поемпатични се, потивко ги решаваат конфликтите. Дигитализацијата е дел од тоа, светот е поврзан и не може да оставиме никого зад нас. За жал жените ги пропуштаат добивките од поврзувањето.
Татјана- Ќе сакате ли да споделите со слушателките, како вие ги стимулирате студентките а еве и други млади жени кои можеби сакаат да почнат сопствен бизнис а се двоумат да влезат во овие претприемачки води. Како ги охрабрувате?
проф. Темјановски – Прво, претприемништвото треба да го гледаме како универзален феномен, дисциплина која филтрира во сите сегменти, насекаде во сите области, комплетно на студентките преку презентирање на соодветни примери во свет и кај нас се обидувам да им дадам соодветен поттик. Ниеден почеток не е лесен, почетоците бараат соодветен ангажман и енергија, жените не заостануваат зад мажите, напритив тие не заостануваат во ништо зад мажите во управувањето со одредена компанија. Менаџерскиот, управувачкиот, финансискиот сегмент се делови кои жената може да ги работи одлично. Практикуваме на предавањата да поканиме и жени претприемачи и им даваме позитивни примери на студентките.
Татјана – Каков е вашиот став за Националната платфора за женско претприемништво, дали и колку е корисна? Ве сретнав на состанок на Секторската група како експерт за подготовка на документот на јазви политики “Жените претприемачки во дигиталниот свет“ –како да се премости родовиот јаз? Што би споделиле за Платформата и што накратко содржи овој документ.
проф. Темјановски -Мојата прва средба со НПЖП беше во месец мај ова година, кога ми се јавија да се вклучам во темата “Дигитализација и женско претприемништво“, формирање на Секторска група. Дигиталните вештини се поврзани со комплетното работење и е битен фактор во развој на женското претприемништво. Овие заклучоци на Секторската група се очекува да помогнат многу на жените претприемачки.
Татјана-Ни претстои Втор Самит за женско претприемништво. Вие ќе бидете токму со овој документ учесник. Какви се вашите очекувања т.е. каков фидбек очекувате од него и од Самитот воопшто.
проф. Темјановски-Прекрасна можност за презентација на ставови, практични решенија. Моето излагање ќе биде на тема“Жените претприемачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз“. Сите документи за родова еднаквост што се донесени не се функционални дури ни во Скандинавските земји. Рамноправноста не е целосна рамноправност. Непознавањето на дигиталниот свет од страна на голем број жени ја зголемува родовата нееднаквост и жените повеќе се сомневаат во себе.
Татјана- За крај од разговорот, кои се вашите идни планови и кон што ќе ви биде насочен професионален фокус во следниот период?
проф. Темјановски- Ковид кризата ни ги смени навиките. Сите мои идни активности се поврзани со академската работа но учествувам и во Проекти, на Меѓународен план, одржуваме разни состаноци и наоѓаме начини за правилно насочување на младите, поготово во обезбедување на простор за работа, за почеток на претприемаштвото. Тука е и моралната и финансиска подршка, брејнстормингот, насочување на младите се со цел да ги задржиме младите тука.
Ви благодарам за разговорот а за нашите слушателки ова беше епизодата проф. Ристе Темјановски, редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип.
За гостинот
Како ви е исполнет приватниот живот. Каде и како полните батерии со оглед на обемните активности ?-Слободното време мора да с еукраде зошто секојдневните обврски се присутни. Прошетките покрај Вардар ми с ередовна, викендите во природа ми се уживање од колоритноста и се магнет за уживање.
https://www.facebook.com/riste.temjanovski