ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА
ХРИСТИНА ГЕЧЕВА
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО УШТЕ ЕДНО ИЗДАНИЕ НА РАДИО ПОТКАСТОТ НА WERADIO, ПОТКАСТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО. ПРИКАЗНИТЕ ЗА УСПЕШНИ И КРЕАТИВНА ЖЕНИ НЕ СЕ ИСЦРПЕНИ И ТОА Е НА НАШЕ ЗАДОВОЛСТВО. ЈАС СУМ ФИЉАНА КОКА , А МОЈА ДЕНЕШНА ГОСТИНКА Е ХРИСТИНА ГЕЧЕВА, ГЛАВЕН МЕНАЏЕР ВО ВИНАРИЈАТА „МГ“. ОВОЈ БИЗНИС И Е ПОЗНАТ ПРЕКУ НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ СЕ И СОПСТВЕНИЦИ НА ВИНАРИЈАТА, НО ЉУБОВТА ЗА ДА БИДЕ НА ЧЕЛНАТА ПОЗИЦИЈА СЕПАК Е НЕЈЗИН ЛИЧЕН МОТИВ. СО ДЕНЕШНАТА СОГОВОРНИЧКА ОТКРИЕМЕ КАКО ЕДНА МЛАДА ЖЕНА МОЖЕ ДА СЕ НОСИ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ВРЕМЕТО НА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА И БОРБА ЗА ПЛАСМАН. НО И ЗА СЕ ШТО ЈА ИСПОЛНУВА НА ОВАА ПОЗИЦИЈА.
Христина: Ви благодарам на поканата да гостувам на тема женското претприемништво и мило ми е што во Вашите изданија се повеќе се промовираат успешните и креативни жени.
КОЛКУ ХРАБРОСТ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА ДА СЕ БИДЕ НА ВАКВА ПОЗИЦИЈА?
Христина: Најмногу зависи од личноста и опкружувањето. Велат среќата ги следи храбрите, но не секогаш е така. Јас ја имам таа среќа, што моето семејство веќе ги оформи зачетоците на винската приказна во која јас само ги склопив коцките со менаџирањето на истата. На почетокот тоа беа само маркетинг активности, продажни и промотивни дегустации како и идејни решенија за крајниот изглед на производот. Но, сега веќе сум вклучена и во производниот процес низ сите негови етапи, влезните трошоци, контрола на условите како и низа дополнителни обврски како набавки, учества на натпревари, промоции, учење и тренинзи. Така што, во мојот случај храброста беше поддржана и поттикната целосно, јас само го направив тоа што природно следуваше. Се разбира одговорноста е голема, но знам дека не сум сама па така и товарот на обврските станува полесен.
ПРОДАЖБАТА Е ГЛАВНАТА ЗАДАЧА КОЈА ЈА ИМАТЕ, ШТО Е НАЈТЕШКО ПРИ ОВАА ЗАДАЧА , НА ШТО СЕ ДАВА ПРИОРИТЕТ?
Христина: Приоритет се дава на желбите на потрошувачите. Дури и ако потполно го задоволите нивниот пребирлив вкус, понекогаш цената на производот може да биде проблем. Ова го спомнав зашто до лани имаше грозје во изобилие и беше релативно ефтино, продадовме речиси се` по поволна цена, за ралика од годинава во која сеуште не сме формирале цена затоа што набавеното грозје беше многу поскапо од лани. За среќа вистинските сладокусци однсно оние кои веќе пробале ќе го купат и по повисока цена, а за сите осѕанати важи предизвикот да ги придобиеме преку промоции, дегустации и сл.
ЗА КОЛКУ ВРАБОТЕНИ ХРИСТИНА РЕШАВА НА КОЈА ПОЗИЦИЈА ЌЕ БИДЕ КОИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ВРШИ?
Христина: Моментално вклучено е само семејството, јас и татко ми со полно работно време, а мајка ми и сестра ни се придружуваат повремено. Во делот што го работам јас како менаџирање и организација секој знае што треба да сработи, татко ми е одговорен за квалитетот на вината, останатите ги работат и сите други можеби помалку атрактивни нешта ама и тоа е дел од процесот кој секојдневно поминува во една мирна и хармонична атмосфера како што и доликува на една фамилија.
ЗАДОВОЛНИ ЛИ СТЕ ОД ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ ВО ЗЕМЈАВА ЗА ОВОЈ ВИД ДЕЈНОСТ? И ШТО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА?
Христина: Моментално условите се релативно добри, особено за мали винарии со директна еднократна подршка, сепак треба уште многу да се работи на промоција на македонските вина особено автохтоните сорти како што се вранецот, станушината и темјаниката на пример. Овде мислам пред се на подршката од ресорните министерства и државата на пример, како промотори во светски рамки. Исто така би ја спомнала и нелојалната конкуренција како што се продавачите на црно кои влијаат на цените на пазарот, или продавачите на наливни вина кои индиректно влијаат на квалитет на истите, потребна е малку построга регулатива во тој контекст. Економската нестабилносг во државата претставува и предизвик за нас да опстанеме постпјани во цени и задржувајќи го квалитетот на контролораното прпизводство на вино.
КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО ОД ВМРЕЖУВАЊЕТО ВО ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ КАКО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА СИТЕ НИВОА ?
Христина: Сметам дека женските организации се доста актуелни во моментот и се од големо значење за компаниите кои се во раст. Националнта платформа за женско претприемништо е на високо ниво благодарение на нашата локална координаторка која овозможува вмрежување на жените претприемачи кои имаат за цел да придонесат во зајакнување на женските права и зголемување на женското претприемништво во регионот. Имам информација дека во регионот се потпишани и декларации за женско претпремништво кои се од најразлични бизнис сектори, се со цел поддружување и промовирање на женско претприемништво и рамноправна меѓусебна усогласеност. Имаме и добри примери за како жените се еднакво интелектуално и способни во бизнис светот на економијата, политиката во кој преовладуваат мажите. Но во иднина очекуваме и уште поголема соработка со овие организации за успешност и профитирање на сите нивоа на претприемништво, со стекнување вештини во повеќе области и можности да напредуваме во општеството.
КОЈА Е ВАШАТА ПОРАКА ДО ДРУГИТЕ ЖЕНИ?
Христина: Би ги охрабрила сите жени кои имаат бизнис идеја, да се трудат колку можат со поддршката и помошта кои им ја пружат другите да бидат храбри и да ја остварат крајната цел, а тоа е успешен бизнис.Потребно е истотака и да имаат силни очекувања и да не губат надеж дека работите ќе тргнат на подобро со напорна работа, снаодливост со ресурсите кои би ги имале на распологање. Секоја пречка или проблем е само поттик да бидат уште подобри, да се надоградуваат нека бидат свои знаејќи ги сопствените вредности и само така уникатноста ќе излезе на виделина.
АВТОР ФИЉАНА КОКА
За гостинката
Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Гечева вели: „Секоја пречка или проблем е само поттик да бидат уште подобри.“