ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА
САЊА СТАНКОВИЌ ИЛИЕВСКА
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО УШТЕ ЕДНО НОВО ИЗДАНИЕ НА РАДИО ПОТКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО. ВО НИЗАТА СТОРИИ ЗА УСПЕШНИ , КРЕАТИВНИ И ВЕШТИ ЖЕНИ И ОВАА ЗА ЕДНА СОПСТВЕНИЧКА НА ШКОЛО ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ. ЈАС СУМ ФИЉАНА КОКA, А МОЈА ГОСТИНКА Е САЊА СТАНКОВИЌ ИЛИЕВСКА , СОПСТВЕНИЧКА И ПРОФЕСОРКА ВО „ВУНДЕРБАР“ – УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗУЧУВА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК ОД СИТЕ НИВОА. КВАЛИТЕТОТ СО КОЈ СЕ ИЗУЧУВА ЈАЗИКОТ КАКО И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЈА ИЗДВОЈУВА ОВАA ШКОЛA ОД МНОГУ ДРУГИ. А НАЈГОЛЕМАТА САТИСФАКЦИЈА НА СТАНКОВИЌ ИЛИЕВСКА Е ШТО ЈА ИСПОЛНУВА НЕЈЗИНАТА РАБОТА И ТОА ШТО МОЖЕ СВОЕТО ЗНАЕЊЕ ДА ГО ПРЕНЕСЕ НА ГЕНЕРАЦИИ ДЕЦА.
Г-ЃА САЊА КОЈ БЕШЕ ГЛАВНИОТ МОТИВ ЗА ДА СЕ ВПУШТИТЕ ВО ОСНОВАЊЕ СОПСТВЕНО УЧИЛИШТЕ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ?
САЊА: Мотивот за создавање на „Вундербар“, јас би рекла првично желбата за самостојност, односно желбата да правам нешто за себе и да не зависам од никого . Изминатите години пред да се случи „Вундербар“ навистина си покажав дека многу успешно се соочувам со целосната организација на програма, настава и распоред и буквално реков:„а зошто јас да не го правам ова за мене лично“? Со поддршка , секако, на родителите и партнерот се случи и „Вундербар„ којшто наредната гопдина ќе прави 10 години од постоење и на којшто сум многу посебно горда.
ЗА ШТО СЕ НАЈМНОГУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА НАСТАВАТА?
САЊА: КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОБАРУВАЧКАТА НА СЛУШАТЕЛИТЕ И ТОА ШТО НИЕ ГО НУДИМЕ БИ ГИ СПОИЛА ОВИЕ ДВЕ РАБОТИ ЗАЕДНО БИДЕЈЌИ СЕКОГАШ СЕ ВОДИМЕ ОД ТОА ШТО СЕ БАРА.
ШТО Е КЛУЧНО ВО ПОНУДАТА НА ШКОЛАТА?
САЊА: Имаме настава за курсеви по англиски и германски јазик за дечиња од училишна возраст, настава која се одвива во мали групи и секако индивидуална настава во зависност од потребата, истата таа настава се води според посебни програми и нивоа коишто се дадени од европската рамка. Часовите се навистина интерактивни, исполнети со многу дополнителни игри, проекти кои се поврзани со програмата, вклучени видеа, се она кое што би имало едно позиитивно влијание кон изучување на странскиот јазик кај дечињата. Работи кои сметаме дека влијаат на полесен начин да се прифати и научи странскиот јазик.
НА КАКВИ ПОТЕШКОТИИ НАИДУВАТЕ ВО ТЕКОТ НА РАБОТЕЊЕТО И ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОБРО?
САЊА: Во однос на потешкотиите и работите кои може да ги подобриме дефинитивно секогаш постои и едното и другото. Кога сме кај потешкотиите би издвојила само тоа дека како што одминуваат годините се повеќе наидуваме на родители коишто немаат целосно јасна слика за тоа што значи да се знае еден странски јазик. Бидејќи свесни сме дека денешното време навистина ни нуди голема достапност до повеќе работи на интернет и дека скоро сите дечиња уште од многу мали години умеат добро да го говорат англискиот јазик конкретно, меѓутоа сите тие родители исто така мора да бидат свесни дека еден странски јазик, изучување успешно на еден странски јазик не значи само говорење на истиот. За да можеме да кажеме дека го знаеме јазикот, мора да поминеме низ одредени фази таканаречени степени, програми и повеќе сегменти. Значи повеќе сегменти го прават јазикот не само говорот. Во однос на подобрувањето, јас дефинитивно би рекла дека нашиот акцент е сега ставен на тоа да имаме и дополнителни активности коишто се надвор од онаа класична настава, да ја наречам – активности како камп, проектни недели, работилници каде децата ќе можат да го изучуваат јазикот , да научат нешто повеќе за земјите и културата во кои се говори тој јазик од една страна и од друга страна да се дружат меѓу себе и да се забавуваат.
СТРАВУВАТЕ ЛИ ПОРАДИ КОНКУРЕНЦИЈА?
САЊА: Дали се плашам од конкуренција? Во моментов искрено не, но на самите почетоци , морам да бидам искрена, се плашев и тоа многу, бидејќи сите сме свесни дека Скопје е град во којшто има многу голем број на училишта за странски јазици. Ние сме бранша во која што треба да докажеме, да се слушне добриот збор дека сме добри за да можеме да растеме. Секако со континуитетот , со нашиот квалитет и посветеност што ги имаме, индивидуалниот пристап спрема учениците и реалната слика за успесите на учениците во секое тромесечие, полугодие или крај на училишната година што ја даваме на родителите да имаат јасна слика за тоа што е постигнато можеби не не прави посебни , меѓутоа не прави да имаме одлични и задоволни ученици и родители и еден ваков континуитет во работата сиве овие години
КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО ОД ВМРЕЖУВАЊЕТО ВО ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ, КАКО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, НА СИТЕ НИВОА НА СОРАБОТКА?
САЊА: Едно големо благодарам за можноста да учествувам во еден ваков поткаст. Искрено се надевам дека ќе имам барем мало влијание врз жените кои се во двоумење дали да го направат чекорот и да создадат свој сопствен бизнис
КОЈА Е ВАШАТА ПОРАКА ДО ДРУГИТЕ ЖЕНИ?
САЊА: Што би им препорачала на сите жени? Дефинитивно да не се откажуваат од она што го сакаат, да не се откажуваат од себе, односно вербата во себе. Да бидат свесни дека на почетокот навистина е тешко, навистина сите оние предизвици со кои се соочуваме на самиот почеток не се лесни и не изгледа се така едноставно и розово како што изгледа од страна, особено за една жена која има семејство, е и сопруга и мајка и има други животни обврски до страна. Меѓутоа континуитетот, вербата и истрајноста, како и желбата секако се клучни работи по коишто треба да се водиме, во кои треба да веруваме дека доколку ги оствариме ќе ни донесат само успех и ништо повеќе. Тежок е патот навистина. Има многу тешки моменти постојано, меѓутоа кога на крајот од денот ќе се завртиме позади себе и ќе видиме какви успеси сме постигнале дефинитивно ни дава уште поголем мотив да бидеме уште поуспешни во иднина. Такашто не се откажувајте, верувајте во себе бидејќи можете.
АВТОР ФИЉАНА КОКА
За гостинката
Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Станковиќ Илиевска вели: „Дефинитивно да не се откажуваат од она што го сакаат, да не се откажуваат од себе, односно вербата во себе“