Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ НА ЕПИЗОДАТА

МАРИЈА КРСТЕВСКА

Добредојдовте во ново издание на радио поткастот на Weradio, поткаст на националната платформа за женско претприемништво. Нова епизода , нова приказна. Една млада жена останува во својата земја и решава да отвори кафетерија за специјализирани видови кафе. Сака со поинаков приод кон гостите да направи тие да се чувствуваат најопуштено пиејќи го својот омилен пијалок. Јас сум Фиљана Кокa, а моја гостинка е Марија Крстевска сопственичка на „Аросто“ кафе. Најважно од се е што таа верува во себе и во своите квалитети со кои може да го развива овој свој бизнис.

Г-ЃА МАРИЈА , НЕ ГИ СПАКУВАВТЕ КОФЕРИТЕ ЗА ДА ЗАМИНЕТЕ ВО СТРАНСТВО ПРИ ПРВОТО ИСКУШЕНИЕ ВО ЗЕМЈАВА? НАМЕСТО ТОА СЕ ВПУШТИВТЕ ВО СВОЈ БИЗНИС? КАКО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ВАКВА ПОЗИЦИЈА?

Марија: Предизвик ми беше да пробам нешто ново,нешто што во нашиот град скоро и да го нема, па затоа се одлучив на ваков чекор со оглед на тоа дека сме нација што сака да пие кафе,решив да ги запознаам со различни видови на кафе од светот. Пред се јас дум голем љубител на добро кафе па и од тука тргна целата приказна,морам да признаам дека беше многу тежок период додека го спремавме локалот,додека дојде и самиот кафемат кој беше порачан од Италија и кој  е едиствен во Македонија и е правен според најдобрите баристи во светот. Неговото име е „Сан Ремо racer“. Главната причина за добро кафе е кафето да е свежо печено, да се има добар кафемат и секако раката на баристата.

ШТО Е ТОА ПОИНАКВО ШТО ИМ ГО НУДИТЕ НА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ДОБАР ПИЈАЛОК, ПРЕД СЕ КАФЕТО?

Марија: Кафето како до сега го знаеме како горчлива напивка. Ние нудиме нешто поразлично,квалитетни видови на кафиња кои се 100% арабика и кои се исполнети со различни природни ароми и вкусови. Разликата од комерцијалните кафиња е тоа што  нашите кафиња се печат во мали количини за да се спречи горење или нерамномерно печење на зрната.Затоа се нарекуваат специјални кафиња. Терминот „спешлти кафе“ или специјално кафе се користи за кафе кое е оценето со 80 поени или повеќе од скала од 100 поени. Специјалните кафиња се одгледуваат на висока надморска височина и во вистинско време од годината се берат и доагаат од мали произведители (фарми) кои се фокусираат на квалитетот пред квантитетот. Кафињата кои што доаѓаат од тие фарми имаат уникатен и разновиден вкус што е неспоредливо со обично кафе. Специјалните  кафињата најчесто се одгледувани во Јужна и Централна , Азија и Африка. Аромите на овие кафиња најчесто се кисело овошни кога се медиум печени. Во Ароста кафе имаме лонг, медиум и дарк печено кафе. Препорака од мене е да дојдете и да го пробате Бразил и Кенија. Тие две кафиња се тотално различни. Бразил има вкус на црно чоколадо, а кенијата е веќе со  овошен. Бразил најдобро се меша со млеко и тие луѓе кои го сакаат кафето со млеко да го пијат, за фановите на еспресо дефитивно треба да го пробаат Кенија.

КАКО ЖЕНА СЕ СООЧУВАТЕ ЛИ СО НЕПРИЈАТНИ СИТУАЦИИ И ШТО ПРЕЗЕМАТЕ?

Марија: Па како жена претриемач луѓето малку те гледаат поинаку со недоверба, скептицизам и мала доза на сомнеж. Не секогаш се спремни да прифатат жена претприемач која има познавање за кафето.Така да секогаш сум во позиција да се докажувам дека жена може да биде добар претприемач. Секојдневните ситуации исчезнуваат кога ќе го испијат своето кафе и самите се уверат во тоа што им кажувам… а имам премногу задоволни муштерии кои најчесто користат… морам да ви кажам една реченица: „Од кога пробав вистинско кафе кај вас веќе друго кафе не можам да пијам“. Тоа искрено ми дава голема мотивација за да истраам и да бидам уште подобра во тоа што го правам

КАКО МИСЛИТЕ ДА ГО РАЗВИВАТЕ ОВОЈ СВОЈ БИЗНИС? ЌЕ ИМАТЕ ЛИ ВРАБОТУВАЊА НА ДРУГИ ЛИЦА?

Марија: Во развојот планираме да донесеме повеќе типови на кафиња кои ќе можат да се служат и во кафетеријата и да се продаваат за домашна употреба. Во делот на вработувањата искрено сакам да кажам дека многу менаџери во Македонија се плашат од способни луѓе. Или не ги вработуваат или не им дозволуваат да ја искажат својата креативност. Јас токму таков профил на  човек сакм да вработам. Секако сакам малку да се ширам  и да вработам креативен човек и надвор да биде од таа конфор зона.

МОЖЕТЕ ЛИ ДА МЕНАЏИРАТЕ МЕЃУ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВАТА И ДОБИВКАТА КОЈА ЈА ОЧЕКУВАТЕ?

Марија: Обврските кон државата мора да се подмират, не е лесно да си претприемач особено во Македонија. Затоа што ваков тип на бизнис не е подржан од државата како субвенции или грантови па затоа и добивката не е како што се очекуваше. Затоа данокот и придонесите според законот се исплаќаат редовно, а добивката со тек на време кога би се развил бизнисот ќе биде задоволувачка.

НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО Е ВИД НА ВМРЕЖУВАЊЕ СО ПОСЕБНИ ЦЕЛИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ПРЕД СЕ ПРЕТПИЕМНИШТВОТО. ШТО МИСЛИТЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВАКВИ ИНИЦИЈАТИВИ?

Марија: Подршката што ни ја даваат со многуте семинари, можноста за надоградба и знаење, со други зборови инвестираат во нашиот  личен интелектуален развој. Добро е да постојат вакви организации, едукацијата е многу битна. Размена на искуства и знаење и секако дружењето и разменување на мислења… Со тоа што може да се разменуваат идеи за успешноста на бизнисите и како сето тоа да ни биде полесно во надминување на проблемите.

ИМАТЕ ЛИ НЕКОЈА ПОРАКА ДО ДРУГИТЕ ЖЕНИ?

Марија: Секој ден е нова шанса, жените треба да се похрабри во своите цели, да се решителни и да веруваат во својата работа и секако во себе. Иако е тешко, сепак вербата во целта дава сила да се продолжи. Секојдневните предизвици се надминуваат. Упорноста во секоја работа се исплаќа и успехот доага на крај како награда за издржливоста. Ништо не се случува одеднаш. За се нешто е потребно време затоа имајте трпение. И за крај одвојте си време за себе, за фамилијата, за пријателите потребни ви се убави моменти во животот.

АВТОР ФИЉАНА КОКА

За гостинката

Прашана за тоа која е нејзината порака, како успешна жена, до сите девојки и жени во Македонија, Крстевска  вели: „Секој ден е нова шанса, жените треба да се похрабри во своите цели, да се решителни и да веруваат во својата работа и секако во себе

https://www.instagram.com/arrosto.specialtycoffee/?igshid=MTk0NTkyODZkYg%3D%3D