ТРАНСКРИПТ
Епизода со Тања Томиќ ,претставник на граѓанскиот сектор, eнтузијастkа, активистка и непоправлива оптимистка. Долги години е активна на општествената сцена, прво преку политичкиот ангажман, а потоа и преку граѓанскиот сектор и моите активности во Прогрес Институт, Македонско Американска Алумни Асоцијација и Менса Македонија, за денес да сум претседателка на здружението на граѓани Мрежа ИДЕМ.
WERADIO – Како член на Советодавното тело при Националната платформа за женско претприемништво. Која е вашата функција во ова тело?
ТАЊА – Огромна чест ми е што сум дел од ова тело. Мојата улога во него е советодавна, со цел да придонесам за унапредување на работењето на Националната платформа за женско претприемништво. ВO најголема мера мојот фокус во ова тело се однесува на застапување и лобирање, односно придонес кон подготовка на издржани кампњи на платформата кои би резултирале со измена на конкретни политики
WERADIO – Дел сте од многу граѓански иницијативи за заштита на жените од насилство. Какви проекти имате зад себе и дали сте задоволни од резултатите што се постигнуваат на тоа поле досега?
ТАЊА– Сум учествувале во подготовка на голем број законски регулативи од оваа област и сум посебно задоволна сум со дел од напредокот на ова поле, посебно со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилтво кој се усвои во јануари оваа година. За жал не сум задоволна од начинот на спроведување на законските регулативи и сметам дека тука треба уште многу да се работи со институциите.
WERADIO– Дали сте работеле на други вакви проекти кои се поттик за женското претприемништво? Ако да, на кои и во која функција, ако не, кој е вашиот став за сегашната положба на жените во бизнис секторот ?
ТАЊА – Сум работела на голем број на проекти за поттикнување на женско претприемништво, а имам во план и нов проект на оваа тема. ВО најголема мера моето учество било во делот на едукација на жените претприемачки како низ институциите да се изборат за подобар третман и повеќе права и можности.
WERADIO– Како ја оценувате, со оглед на тоа што сте и дел од овој проект, Национална платформа за женско претприемништво. Што може, вака поставен да донесе како бенефит на жените претприемачи?
ТАЊА– Одамна беше очигледна потребата за една ваква платформа која ќе им даде простор на жените претприемачки да разменуваат искуства, но и заеднички да настапуваат пред институциите. Таа може да придонесе за подобрување на условите за работа на жените претприемачки, да створи клима за вклучување на поголем број жени во претприемништвото, како и за креирање на нови политики во државата кои ќе им овозможат на жените поголема економска независност преку претприемништвото.
WERADIO– Сега малку од професионалниот да се префрлиме на приватниот живот. Што ве релаксира, окупира и исполнува во тој дел ? Односно од што Тања полни енергија во слободното време?
ТАЊА– Во слободно време сакам да учам, на пример во последните неколку месеци се обидувам да го научам германскиот јазик. Сакам да пешачам, да се дружам со пријателите, да шетам со внуците и да посетам нови места. Сето ова ми ги полни батериите и ми овозможува да продолжам понатаму со активностите.
WERADIO– Што треба на пошироко општествено ниво да се преземе како конкретни чекори за етаблирање на жените во бизнис секторот ? Дали со законски регулативи, дали со стратегија за развој и вмрежувања, или?
ТАЊА– Потребни се повеќе практични чеори, програми за започнување на сопствен бизнис, програми за поттикнување на самодовербата, грантова шема која ќе им овозможи на жените да се чувствуваат посигурни да влезат во рингот. Законските регулативи веќе го овозможуваат тоа, но потребна е поголема нивна практична примена и конкретни прифатливи мерки.
WERADIO– И за крај на разговоров , дали сметате дека економската независност на жените е најважниот услов за нивната сигурност и соодветно етаблирање во општеството?
ТАЊА– Апсолутно да, мислам дека тоа е основен предуслов за да можат жените да го заземат местото во општеството кое го заслужуваат.
За гостинката
ТАЊА ТОМИЌ
Тања Томиќ за себе вели дека е ентузијастка, активистка и непоправлива оптимистка. Во слободно време сака да учи како на пример последните неколку месеци се обидува да го научи германскиот јазик, иако не многу успешно засега, сепак не се откажува. -„Сакам да пешачам, да се дружам со пријателите, да шетам со внуците и да посетам нови места. Сето ова ми ги полни батериите и ми овозможува да продолжам понатаму со активностите“-вели за тоа како ја црпи професионалната енергија во слободното време.
https://www.facebook.com/tanja.tomic.7355
http://ednakvi.mk/