КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА
ЕПИЗОДА НА WWW.WERADIO.MK СО СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ
Добар ден и добредојдовте во една од епизодите на нашето единствено верадио.мк, радио подкаст на Националната платформа за женско претприемништво.
Во оваа епизода на нашето единствено верадио.мк, разговараме со Сергеј Зафироски извршен менаџер на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.
Добар ден Сергеј и добредојдовте во нашиот подкаст!
Добар ден Татјана …..Ви благодарам за поканата во оваа епизода на Вашето weradio…
ТАТЈАНА- Сергеј се сретнавме на Обуката за претставници од граѓанските организации ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ, што нашата Национална платформа ги организираше во месец мај-јуни. Вие бевте еден од обучувачите. Ајде да почнеме со тоа. Какви се вашите впечатоци, иако помина веќе некое време?
СЕРГЕЈ- Да помина некое време, иако се сеќавам добро на сите што ја посетуваа и убавата женска енергија. Секако дека жените имаат потенцијал и треба да се насочи и искористи пред се за нив а и за претприемништвото и општеството. Јас имам свој став околу женското претприемништво, но за тоа подоцна.
ТАТЈАНА – Прочитав твоја мисла-изјава, која навистина ме поттикна на размислување. Ти велиш: ДА НЕ ТРЕБАШЕ СИТЕ ДА НАПРАВИМЕ ЖРТВА, НЕМАШЕ ДА СЕ ВИКА КРИЗА! Како ?
СЕРГЕЈ– Да, тоа е од времето на Ковид кризата , во која јас не застанав. Постојано работев, се трудев три пати повеќе од пред тоа но бев решен да успеам. Одев и на он лајн состаноци со заштита, и затоа го кажав тоа, во таа криза секој мора да поднесе некоја жртва.
ТАТЈАНА-Сергеј Зафироски ти си извршен менаџер на агенцијата Инсајдер ИД. Компанијата е основана од 2010 со исклучок на неколку “славни” и “неславни” паузи работи од моментот на започнување, додека се ребрендира во моменталната агенција во 2013 година. Сега да поразговараме за за функцијата и професионалниот фокус на Инсајдер?
СЕРГЕЈ- Да така е 2010-та почнав не така успешно со застои,предизвици кои на моменти не можеа да се решат но 2013 со нов бизнис план и ребрендирање на фирмата тргнав напред, и можам да бидам задоволен од успесите што ги постигнав, рејтингот и барањето на Инсајдер и мене на пазарот.
.
ТАТЈАНА- “Сметам дека ова што го имаме во моментов треба да го искористиме позитивно, да ги видиме проблемите кои ги имаме, да ги решиме и да го надградиме системите. Глобалноста на кризата и важење на истите правила секаде, ни овозможува барем мал степен да се приближиме до светските практики. Како ќе ја искористиме кризата тоа на нас останува.“ – Ова е ваша изјава од едно интервју. Како вие ги искористивте кризата за ваш претприемачки раст?
СЕРГЕЈ- Па веќе спомнав, максимално ја искористив, дури можам да кажам дека токму тој период беше основа да поставам најплодни основи во работењето.
ТАТЈАНА -Претприемништво/женско претприемништво – каде ги гледате заедно а каде одвоено? Велите дека општо македонските претпримачи се далеку под потребното ниво, како на образование, размислување што воопшто тоа претставува, но пред се подготвеноста за напорна работа. Дали жените се малку повредни, поупорни или пак подефанзивни? Вашите ставови за ова ?
СЕРГЕЈ- Јас еве ќе кажам не сакам да го делам претприемништвото на женско и машко, за мене има добар или лош претприемач. Но, секако ги почитувам жените претприемачи и нивната силна енергија, работата, исполнителноста која искрено кај жените е поголема отколку кај мажите. Треба да се охрабруваат жените да влезат во светот на бизнисот секако.
ТАТЈАНА- Ќе сакате ли да споделите со слушателките што вас ве водеше напред како патоказ поготово на оние кои можеби токму во моментов се двоумат да влезат во овие претприемачки води. Како ќе ги охрабрите?
СЕРГЕЈ- Секако првенствено би им кажал дека ако сакаат и ќе успеат. Треба да имаат точно означена цел и да се стремат кон неа и секако да веруваат во себе.
ТАТЈАНА- Каков е вашиот став за Националната платформа за женско претприемништво, дали и колку е корисна?
СЕРГЕЈ- Националната платформа е многу добар Проект. Јас би ви честитал на сите што работите во него, навистина има содржини кои се корисни и за жените но и за сите претприемачи. Проектот е сеопфатен и има многу активности кои ги поврзуваат жените од светот на бизнисот и им дава корисни совети и насоки и секако е одлично искуство.
ТАТЈАНА- Со какви се предизвици сте се сретнувале во работењето, ете тоа нека биде показател на жените да бидат подготвени што може како пречка да се појави и како треба да се постапува да се надминуваат?
СЕРГЕЈ – Веќе споменав нешто, предизвици од тоа дека ми ги одбивале проектите, сум наоѓал на затворени врати но бев упорен и знаев што сакам и што можам. А тоа е најважно, ако сте сигурни во себе, предизвиците се совладуваат некогаш полесно, некогаш потешко.
ТАТЈАНА- За крај од разговорот, кои се вашите идни планови и кон што ќе ви биде насочен фокусот во следниот период?
СЕРГЕЈ- Фокусот во следниот период ќе ми е насочен кон работа и соработка надвор. Има и во Македонија многу можности, но сепак предизвик е поврзување и работа со надворешни фирми и организации.
Ви благодарам за разговорот а за нашите слушателки ова беше епизодата со Сергеј Зафировски извршен менаџер на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.
За гостинот
СЕРГЕЈ ЗАФИРОСКИ
Сергеј со оглед на тоа дека посветено работи во својата компанија, нема многу слободно време за да го исполнува со некоја пасија или континуирано полнење на енергијата. Но, затоа пак, кога го планира слободното време, тој патува на најразлични дестинации со својата долгогодишна девојка, со која следната година ќе застане на “лудиот “ камен. Слободното време го користи за да прочита некоја книга, да се подружи со другарите, семејството и секако најчесто и најубаво е времето поминато со неговата животна избраничка.
https://www.facebook.com/sergej.zafiroski
https://www.facebook.com/insiderid
https://www.facebook.com/simulacrumresearch