Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

Епизода од радио подкастот на  www.weradio.mk со Весна Цветаноска! Добредојдовте во уште една епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа,  ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното женско претприемништво. Во овој период имаме новина во нашите радио подкасти. Имено за да опфатиме повеќе претприемачки од сите делови на Македонија, ќе снимаме и онлајн, се во духот на користење на новите интернет алатки и побрзо и поефикасно реализирање.

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка  е Весна Цветаноска, генерален секретар на “Инклузија”, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија од Охрид.

Добар ден Весна  и добредојдовте во нашето радио! За почеток би Ве прашала накратко да ни објасните со што се работи вашата НВО-како Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија во Охрид? Дали и како се насочени вашите активности во рамки на промовирање, унапредување, обезбедување и заштита на човековите права и слободи на граѓаните во општина Охрид, регионот и пошироко.

Остварувате соработка и средби со разни организации од земјава и странство. Основите на кои е формирано здружението се поврзани со градењето мостови на соработка помеѓу младите луѓе од различни етнички заедници во нашата општина.

Темелите на нашиот граѓански активизам почиваат врз развојот на мултикултурализмот, меѓуетничкиот дијалог и почитувањето на мултиконфесионалните разлики. А тоа особено се манифестира во нагласувањето на рамноправната улога на жената во религијата и во општество, поткрепено со податокот дека менаџментот на организацијата го сочинуваат и жени од македонска и египќанска етничка, односно христијанска и муслиманска вероисповест.

Весна покрај тоа што е генерален секретар на Инклузија е дипломиран политиколог, и е многу активна во сферата на невладинито активизам за што сведочи и нејзиното досегашно големо работно искуство.

Колку  Охрид како град Ви дава можности за работа на вашата НВО е прашање на кое Весна одговори за позитивните но и негативните аспекти кои Охрид како град ги нуди. Од една страна има заинтересираност за овој сектор, но во секој случај јавните институции и државната администрација ги водат поголемиот број од акции и проекти.

ТАТЈАНА-Каков е вашиот став за НПЖП, потпишавте Декларација за развој на женско претприемништво а сте дел и од Советот на овој Проект?

ВЕСНА – Ние со нашата Координаторка Сузана потпишавме меѓу првите Декларација за подршка и развој на женското претприемништво затоа што сметаме дека е многу важно за просперитетот на жернската популација и нивната независност а на прашањето колку вмрежувањето во светот на женското претприемништво на сите нивоа според вас е важно и зошто, Весна одговори дека поврзувањето и соодветната комуникација.

ТАТЈАНА- Какви се вашите планови за следниот период, на што најмногу ќе се насочите?

ВЕСНА-Имаме многу планирани проекти. Некои се веќе почнати и се надеваме дека ќе имаме позитивни резултати  во интерес пред се на нашите активни членови, на младите воопшто и на младите жени, за нивна поголема економска стабилност.

Со Весна Цветаноска, генерален секретар на “Инклузија”,  Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија од Охрид, разговорот го завршив со едно мое сознание, дека градењето на основи за мултукултурна интеграција каде пред се фокус се младите и нивните потреби и иднина, претставува корисни намери кои во иднина даваат и позитивни резултати како бенефит на сите. Нејзиниот став за крај беше познатата мисла на Маргарет Тачер: Ако сакате да прашате нешто прашајте маж ама ако сакате да завршите нешто  обрате се на жена. “

За гостинот

ВЕСНА ЦВЕТАНОСКА

Како ги полни батерии Весна  и што е нејзината пасија зборувавме во еден дел од рагзоворот. Таа потенцираше дека ја сака тишината и свежината на езерото и затоа прошетките покрај него и служат за ретроспективни мисли за она што поминало и како да се испланираат делови од иднината најсмирено. Сака да чита книги но и да слика. Така станува комплетна личност и задоволна од себе си.

  • https://www.facebook.com/profile.php?id=100077390364453

    https://www.facebook.com/Inclusionohrid/about/?ref=page_internal