Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ЕПИЗОДА НА ВЕРАДИО  СО  САВКА ТОДОРОВСКА –ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ 

ТАТЈАНА – Савка, добредојдовте во нашата епизода од радио подкастот на единственото верадио.мк. Минатиот викенд бевте во Босански Петровац. Што се случуваше таму?

САВКА- Најнапред поздрав до вас и слушателките. Јас бев на одбележување на  80 години од Антифашистичкиот фронт на жените. Тогаш тие жени ги поставиле правата на жените, кои денеска условно барем законски кои ги уживаме. Секое време носи нови форми. Беа жени од сите екс Југословенски Републики, затоа што тогаш се формирал тој Фронт на жени и нашата определба е токму антифашистичлка и мировна а основните постулати на нашата организација е мир и безбедност.

ТАТЈАНА-Во тек е Кампања 16 дена активизам против семејно насилство врз жените и родово базирано насилство – НЕ МОЛЧИ . Многу сте присутни, гласни и веќе препознатливи со оваа кампања. Што се содржи и какви се резултатите низ годиниве ?

САВКА– Кампањата НЕ МОЛЧИ ги мотивира и поттикнува жените кои го трпат насилството но се и сведоците од семејството, од околината , пријателите кои често пати на семејното или било какво родово базирано насилство, истото да го пријават на единствената СОС  Национална линија, дежурна 24/7 каде ќе им се јават  специјализирано обучени операторки и ќе најдат начин истото да го стопираат или да најдат решение. да го стопираат. Начинот и излезот има различни модели. Секое среќно семејство личи едно на друго. секое несреќно е само за себе. На било  кое насилство нашата парола е  НЕ МОЛЧИ . Повикајте ја  141-700 -бесплатна линија за да го најдете излезот. Од секоја ситуација  има излез, зависно не треба да се молчи и од тунелот треба да се излезе. Стеротипот е многу пресуден, срамно, страшно, наметнување вина, дека жената е виновна што е малтретирана а воедно има  и повеќе услови и за улогата на жената во семејството и општетсвото . Многу често на жената и е наметнато дека  заради мирен живот треба да премолчува. Ние сме дел од меѓународната кампања, ние работиме секојдневно 24/7. И сме задоволни со тоа што го постигнуваме.

ТАТЈАНА- На Националниот совет за родова рамноправност, важни се три работи: Да почнеме со вашата визија која е, пред се промоција на правата на жените како човековите права и елиминирање на сите форми на дискриминација кон жените и градење на општество со еднакви можности. Како би ја опишале на нашите слушателки од ваш аспект визијата? Многу важна е вашата Мисија која содржи родова еднаквост, загарантирани права на жените, елиминирање на дисриминацијата на жените во општеството и семејството, развој и мир. Како ги спојувате сите овие коцки во колажот ?

САВКА– Сојуз или Национален совет за родова еднаквост е мрежа мултигенерациска и мултуниционална, која се стреми кон заштита на женските права и мир. Во неа членуваат преку 100 независни женски организации на локално ниво. Постои од 1994 и е една од најголемите мрежи. Членките се различни и со своите активности промовира култура на мир и ненасислтво, се залагаат за поголемо вклучување на жените од руралните средини. А пред се и најважни се политиките за заштита од родово базирано насилство.

Визијата е постигнување на родовата еднаквост целосно а мисијата е подобрување на статусот на жените и зголемено влијание преку креирање на нови односи во општеството и усогласување со европските стандарди, вклучувајќи ги жените во целокупниот живот.

ТАТЈАНА – Она како трета точка што го издвоив се вашите вредности за кои стои дека се: еднаквост, ненасилство, толеранција, солидарност, комуникација и соработка, граѓански активизам, транспарентност, мултикултурализам, социјална правда и вклученост. Како би го објасниле ова на нашите слушателки наједноставно?

САВКА – Вредностите и принципите се вклученост на членството во процесите на одлучување. Транспарентност, одговорност, јавност со постоечките механизми кои обезбедуваат одговорно однесување. Партнерство и соработка за споделување на права и одговорности за постигнување на одредена цел. Партнерството е партиципативно. Еднакви можности за сите и пристап до придобивките без дискриминација.

ТАТЈАНА-Верадиото е дел на Националната платформа за женско претприемништво. Каков е вашиот став и мислите ли дека вака поставена создава основа за развој на женското претприемнишптво а оттаму за економската сигурност на жените? А се знае дека економски независна жена е посигурна во себе и посилна?

САВКА-Ние како организација на жени кои се активно вклучени , ги следиме статистиките и оттаму гледаме дека 50%50 се жени според псолените статистики  а со образовните статистики, 10 % повеќе жени се во висината на образование. Жените учат и ги користат сите бенефиции што ги имаат, но ние следиме дека живееме во машки свет и во политичката сфера (имаме напредоци во овој дел од 5 жени имаме 45% се жени во Парламентот а одиме кон 50%50 ). Но кога ќе ја погледнеме Владата, Извршни и Надзорни одбори, структурата во медиумите, секаде доминира машкиот свет, докторки ,економистки повеќе се жени  а врвот за донесување на одлуки, сеуште го држат  мажите, со финансии и вреднуваните места се далеку пониски и буџетот на жената е понизок од оној за мажите.

Другата стапка како статистика е варботеноста меѓу мажите и жените и нивните позиции , и вработеноста и сопственоста и за возрасни и за  млади. Таму се 1/3 помалку жени. Да не зборуваме за жените во руралните средини. Таму мажот е аспослутно доминантен, затоа ашто жената не плаќа продинеси, за нејзина работна и здравствена сигурност, не е сопствеик на земјиште, не е еднаква со браќата ниту во домот на родителите ниту потоа кога ќе отиде во куќата од . Податоците се однесуваат за сите над 10 %  професионална застапеност на жените , но така е и во кожарската,текстилната индустрија каде жените се подредена состојба.

ТАТЈАНА- За крај би сакала да ве прашам , кои се вашите идни планови, што ќе биде главниот фокус на вашите идни активности?

Редовните програми течат, иницијативи за 50% 50 учество, подршка на Здружението на  бизнис жени комплетно ,особено ќе се ангажираме з аработа со жените на локално ноиво и со локалната самоуправа за родово одговорното буџетирање. Во колку на сите активности не се спроведува нема да имаме развивање на свеста на локално ниво, на организациите и подршка и јакнење на извршната канцеларија со човечките ресурски. Секој бара своја ангажираност . Сметаме дека ќе ги дадеме своите капацитети, но нашата определба за промени зависат од индивидуата, која ја имаме во поголем број на образовани кадри. Затоа ние во Националниот совет имаме неколку посулати, која треба жената  да го цени времето кое го минува  работејќи дома. Зајакнатата жена е свесна за своите вредности како граѓанин, еднаква кон мажот, ги цели и подржува другите жени, свесна е дека нејзината организиараност значи сила и сака да ги зајакне организационите и лидерски способности. Таа знае дека треба да биде среќна.

Зајакнатата жена треба да живее со старст и да биде среќна.

Ви благодарам на учеството во нашата епизода од единственото верадио.мк, а за нашите слушателки уште едно потсетување ова беше епизодата во која наша гостинка беше   САВКА ТОДОРОВСКА –ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ .

ПОЗДРАВ ДО ВАШИТЕ СЛУШАТЕЛКИ!

Емисијата ја подготви и реализираше Татјана Гогоска 

За гостинката

Савка Тодоровска

Што е тоа најмногу што ја мотивираа оваа енергична жена? – беше прашањето на кое сакав да го дознаам виситнскиот одговор. “Мотив да се постигне повеќе, постигнатите резултати, без двоумење, одговори Савка, додавајќи дека со секоја извојувана битка, со секој совладан предизвик и остварена цел, нејзината мотивација е се поголема и поголема. А тоа е евидентно од бројните резултати што ги има постигнато во овој скоро тридецениски период. Она што треба да се забележи е и нејзината постојана ангажираност околу младите, нејзината цел да ги внесе во светот на борба за родова еднаквост. Едно општество е побогато и повредно во однос колку жени се повеќе вклучени во општествениот систем. Стереотипите треба да се тргнат еднаш за секогаш.

Она што го истакна Тодоровска беше и фактот дека девијантни појави се приклонуваат помал број на жени отколку на мажи. Не дека мажите се понечесни, туку дека вековно даденото право за кое не треба да се борат им дава право за доминација.  Таа многу пластично ја објасни патеката за трка каде стартуваат мажот и жената заедно, АМА , на патеката на жената има се: машини, пружалки, пегла, деца, родители, како ќе го трча кругот жената, без разлика на нејзината моќ таа секојдневно се сретнува со голем број препреки. На патеката на мажот нема ништо тој се грижи и трча сам за себе и затоа побрзо и полесно стигнува до целта. Тоа с еменува но треба многу повеќе.

  • https://www.facebook.com/savka.todorovska

    https://www.facebook.com/nationalcouncilforgenderequality