ТРАНСКРИПТ
Оваа епизода од радиоподкастот на weradio.mk ја отстапуваме на Елена Блажевска-проектен координатор на Националната платформа за женско претприемништво, или како што обично сите вклучени во овој проект велат: “Елена го знае проектот од првиот до последниот збор“.
Таа за платформата вели
ЕЛЕНА – Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа беше повеќе од потребно. Платформата има за цел да обезбеди неопходна основа за влијание врз севкупниот развој на женското претприемништво во земјата, вклучувајќи ги и процесите на ЕУ интеграција преку воведување на ефикасен механизам за консултации, застапување и влијание како и промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП.
ТАТЈАНА- Какви активности се планирани во рамки на проектот ?
ЕЛЕНА – Активностите на проектот се поделени во неколку работни пакети за период од 3 години. Голем број од активностите се веќе започнати со имплементација. Најпривин почнавме во рамки на проектот со создавање на националаната платформа, односно ја поставивме структурата на ова тело со сите пропратни документи. Дел од активностите на проектот се и орагнизирање на работата на платформата на локално, национално и меѓународно ниво. Во овој дел ќе имаме поставување на хабови за женско претприемништво, потоа поврзување на платформата со други европски и меѓународни платформи, како орагнизација на годишни самити. Во проектот има работен пакет за Организирање активности за градење на капацитети каде ќе спроведеме активности како што се студиски посети во странство, потоа обуки за застапување и лобирање како и активности за онлајн учење. Во текот на следните две години ќе избереме и амбасадорки за женско претприемништво во сите 8 плански региони. Откако ќе бидат избрани, осумте (8) млади жени претприемачи ќе поминат низ процес на ориентација кон амбасадорство, давајќи им можност подобро да се разберат и да се подготват за нивната улога како амбасадори. И последните активности на проектот се насочени кон промоција на самата платформа. Тука веќе го имаме порталот, потоа радиото на проектот, а многу набрзо ќе излезе и мобилна апликација.
ТАТЈАНА- Во овој период, кој веќе може да се каже е пред крај на првата година од реализирањето, што конкретно работите?
ЕЛЕНА- Моментално се приближуваме кон комплетирање на активностите од првата година во рамки на проектот. Следно нешто што ќе реализираме е Годишниот самит на НПЖП кој ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје. Главната цел на самитот е зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата за засегнатите страни и за женското претприемништво, како и да обезбеди редовна можност, заедницата на платформата да се собере, за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво. Во рамки на програмата на самитот на вториот ден е предвидено доделување на награда жена претприемач. После овој настан ќе бидеме насочени кон планот за спреведување на следните активности на проектот.
Елена Блажевска во ЗБС е веќе 4 години и работела на повеќе проекти и е задоволна од успесите што се постигнати а тоа е дека со спроведените проекти навистина успеале женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата. Здружението на бизнис жени активно работи на:
– зголемување на бројот на жени претприемачи, помагање на жените претприемачи да ја зголемат нивната видливост, поттикнување на растот на нивниот бизнис, организирање форуми и разни бизнис средби за размена на идеи и развој на нови деловни контакти.
– влијанието врз развојната политика на МСП, зајакнување на врските помеѓу жените претприемачи на локално, регионално и меѓународно ниво, преку размена на искуства и идеи.
-промовирање на општествената одговорност и високите стандарди на бизнисот.
Морам да ја споменам и Како краен резултат на признавањето и промовирањето на активностите на нашето здружение, e креирањето на Национлната Стратегијата за Женско Претприемништво во соработка со Министерствот о за економија на Република Македонија која беше изгласана на седница на влада во декември 2018 година. Во моментов покрај проектот НПЖП нашето Здружение го спроведува и проектот Балканска коалиција на жени фонансиран од Еразмус плус програмата чија главна цел е има за цел да утврди колку добро социјалното претприемништво се справува со родовата нееднаквост и особено зајакнувањето на жените. Главната цел на проектот е да се затвори континуираниот јаз во претприемачките вештини и недостатокот на знаење за социјалното претприемништво кај жените, преку иновативен пристап што ги спојува жените, социјално претприемништво и ангелски инвестиции во единствена програма што ќе го зголеми бројот на успешни социјални претпријатија низ Европа, вели Елена во епизодата од подкастот на радиото www.weradio.mk.
За гостинката
ЕЛЕНА БЛАЖЕВСКА
Елена Блажевска е проектен координатор на Националната платформа за женско претприемништво. Зад себе има професионална работа на повеќе проекти во рамки на Здружението на бизнис жени но и во други организации.
За себе вели дека е млада личност, која сака се што младите сакаат, а и во приватниот свет се залага за родова еднаквост, за која смета дека е основа за пофункционален и поуспешен свет. Инаку енергијата и релаксираноста ги црпи од планините и природата а во последниве неколку години активно вежба и е учесник на скопските маратони. Тоа и е активност која ја исполнува со адреналински предизвик.
https://www.facebook.com/elena.blazevska.56
https://www.linkedin.com/in/elena-blazhevska-19abaa15a/