Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Како влеговте во светот од каде можете да им помогнете  на бизнис женитев?

Како личност отсекогаш кога сум забележувала кога нешто не е во ред и сум го  кажувала гласно, од најмлади години. Дарбата за пишувањето ме одведе во новинрарството а ова во Стопанските комори е насочено кон компаниите наши членови, координација и застапување во јавноста. ССК ја има онаа компонента на  подршка на женско претприемништво. Нашата претседателка е токму од тој свет и се залага и тука и во странство за унапредување на светот на женското претприемништво.

Која е вашата улога во Проектот на Национална платформа за жени претприемачи?

Во проектот сме 4 чинители (ССК, ФФМ, ЗБЖ и МИР сите имаме свои активности но со синергијата меѓу нас е позитивна и дава одлични резултати. Ние имаме функција во градење на платформата. Ние како Сојуз на стопански комори ги доставивме документите за Платформата , направивме Kick OFF настан и ги собравме носителите ос сите општествени нивоа за развој на женското претприемништво .Сега продолжуваме во овој период со тематските групи па има и други настани.

 Кои се вашите активности во овој проект и какви се вашите очекувања?

Проектот трае три години и имаме различни активности, зависно од фокусот Во еден дел од активностите сме насочени кон популаризација, снимање на жените од тематската група. Сите жени носат индивидуални белези од својот сектор и го презентираат сите предизвици со кои се соочуваат. Тоа ќе се обидуваме да го правиме во време на целиот проект. Реаланиот сектор е во тешка криза поготово малите  и средни претпријатија, во кои жените најмногу доминираат. Во такви услови треба да се препознае улогата на жените и нивниот потенцијал. Потребни се нови поголеми услови во женското претприемништво.Тоа треба да го подигне стандардот во опоштетсвото општо. Женското претприемништво е неискористен ресурс кој може да доведе една вредна додадена вредност и на лично и на семејно и на општествено ниво.

 Нашите слушатели би сакале да чујат накратко, која е Мими  приватно?

Мими приватно е иста како и Мими службено. Динамична личност. Мајка на 9 годишно дете и сопруга на информатичар. Го сакам пишаниот збор, прошетки во природа  и оттаму ја црпам енергијата .

Новинарството како професија и љубов

Новинарството ми е прва љубов каде се пронајдов себеси како личност.Кога растете и се развивате професионално имате потреба за  промени. Сакам предизвици, сакам да учам нешто ново, и човекот додека е жив учи и вложува во себе. Ние секојдневно треба да инвестираме во себе. Ова што го работам е некако нова фаза во животот, затоа што  повторно застапувам нечии интереси. Во комуникација сум со новинарите и приватно се дружам. Некогаш ми недостасува новинарството но не сум одвоена целосно ,соработувам со колегите . Овој период е многу неповолен за новинарството затоа што се нарушени работите во оваа сфера. Многу е лошо што денешниве генерации не можат да работат како што треба и целата слика е поинаква.

 На кои други проекти работите  во овој период  поврзани со вашата организација ?

Во овој момент сум дел и на други проекти, едниот е Национална платформа за борба против корупција, поттикнување на градење на политики за намалување на корупцијата, не само земање туку и давање на мито. Да се научат компаниите дека не се вршат работите само со давање на мито. Другиот проект е Гриновен проектот во чии рамки треба на Машинскиот факултет да се формира  еден центар за вонредно образование, кој треба да се поврзе науката со бизнис секторот во кој ќе се промовираат и презнетираат за заштита на средината.Тоа е најнов тренд во светот кој мора да се следи. Двата проекти и со овој за ѓенско претприемништво се поврзани со светските тенденции на развој.

Што би им порачале на младите жени кои сеуште не се одлучни да влезат во светот на женското претприемништво?

Да се биде успешна жена претприемач кај нас е тепшко но не е невозможно. Важно да се постави целта да се работи, и дека резултатот доаѓа после некое време. Жените одбиваат да си постават повисоки цели.Полесно им е да останат каде што се отколку да преземат чекор напред. И важна е подршката од другите жени а успехот неминовно доаѓа со посветеност и работа.

За гостинката

Мими Шушлеска Петкова

Мими Шушлеска Петкова –советник во Здружението на стопански комори на Македонија.  Новинарството и е прва љубов каде се пронашла  себеси како личност. Мими приватно е иста како и Мими службено. Динамична личност. Мајка на 9 годишно дете и сопруга на информатичар. Го сака пишаниот збор, прошетки во природа  и оттаму ја црпи енергијата.