Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Разговорот со професор Јованов Апасиева помина конструктивно, во кој начнавме многу теми за и околу женското претприемништво. Почнавме со објаснување на нејзината фукнција како  член на Советодавниот одбор на Националната платформа за женско претприемништво.

Тамара е долгогодишен соработник и општо во сферата на женското претприемништво, поттикнување на истото, давање насоки и поттик за се поголемо вклучување на жените во бизнис светот. Таа е член на Здружението на бизнис жени подолго време, каде постојано се прават активности да им се помогне на жените во вклучување во бизнис секторот со усовршување, обуки, работилници и вмрежувања. Работела како дел на Меѓународни проекти за активирање на оваа сфера на женското претприемништво.

Пред две години била дел од Проект за истражување на младите и претприемништвото кај нас, во Босна, Србија… каде се истражувале , бројните фактори, кои ги спречуваат младите да се ангажираат со реализирање на прептприемачка намера

Поразувачки се резултатите од истражувањата, кои укажуваат  дека младите повеќе сакаат да се вработат во јавен и државен сектор за сметка на почнување на сопствен бизнис. За тоа се виновни многу внатрешни и надворешни фактори.

Татјана – Како ја оценувате, со оглед на тоа што сте и дел од овој проект, Национална платформа за женско претприемништво. Што може, вака поставен да донесе како бенефит на жените претприемачи?

Тамара– Во рамките на НПЖП се вклучив затоа што, верувам во нејзиниот потенцијал да се размрдаат работите кои не се баш поволни. Очекувам позитивни промени. Јас ја разбирам како едношалтерски систем за жените претприемачи, лесно достапен на сите. Жените имаат многу недостатоци за да почнат својот бизнис: недостаток на финансии, недостаток на достапност на информации, на едукација, на услови за работа. Проблемите се решаваат само откако се детектираат а за тоа треба да послужат постоењето на  Националната платформа во многу развиени земји. Со оглед на тоа дека е предвидено НП да постои долго, ќе стане достапна на сите жени претприемачи од различни аспекти и нивни потреби.

Татјана– Што треба на пошироко општествено ниво да се преземе како конкретни чекори за етаблирање на жените во бизнис секторот ? Дали со законски регулативи, дали со стратегија за развој и вмрежувања, или?

Тамара – Има пропусти во многу сфери. Еве да почнеме од образованието од најрана возраст  кога не се гради претприемачки дух. Секогаш децата ги подготвуваме ние , без да оставиме тие сами да си ги развиваат  наоѓањето на решенијата за да учат и растат посамостојно.  Градењето на дух за преземање на ризик. Неопходно е да се постави со холистички пристап. Сите посочени субјекти треба здружено да ги решаваат поставените предизвици: образованието,  јавните институции, државата, приватните и граѓанските здруженија кои мора да се поврзат за да се дојде за соодветни решенија.

За гостинката

Тамара Јованов Апасиева

Тамара Јованов Апасиева е професор на факултет, сопруга и мајка на две деца, на која семејниот живот и домот и ја даваат целата топлина и позитивна енергија. Размената на гушкањата и нежните зборови со децата пред спиење и даваат сила за секој нов ден, кој судејќи по енергијата со која преку зборови ги предочува нејзините знаења, мисли, чуства и визии и се многу важни. Семејното опкружување и позитивните вредности на нејзините родители особено нејзината мајка, секогаш и се патоказ во креирањето на нејзините ставови кон животот.

  • https://www.facebook.com/tami.jovanov

    https://www.linkedin.com/in/tamara-jovanov-61056834/