Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Разговорот со професор Јованов Апасиева помина конструктивно, во кој начнавме многу теми за и околу женското претприемништво. Почнавме со објаснување на нејзината фукнција како  член на Советодавниот одбор на Националната платформа за женско претприемништво. Затоа еве и втор дел на истиот кој е продолжение за сите оние теми кои требаше да ги посочиме.

Татјана– Сега малку од професионалниот да се префрлиме на приватниот живот. Што ве релаксира, окупира и исполнува во тој дел ? Односно од што Тамара  полни  енергија во слободното време?

Тамара  – Јас сум сопруга и мајка на две деца, на која семејниот живот и домот ми ја даваат целата топлина и позитивна енергија. Размената на гушкањата и нежните зборови со децата пред спиење и даваат сила за секој нов ден, кој судејќи по енергијата со која преку зборови ги предочува нејзините знаења, мисли, чуства и визии и се многу важни. Семејното опкружување и позитивните вредности на нејзините родители особено нејзината мајка, секогаш и се патоказ во креирањето на нејзините ставови кон животот. Мајка ми, можам слободно да кажам ми е модел за тоа како треба да се однесуваме во секоја ситуација. Од неа научив дека нема нерешлив проблем ниту ситуација. Инаку времето сакам да го поминувам со моите најблиски кои ми се подршка и ме релаксираат.

Татјана– Вие како професор имате постојан контакт со студентки. Што би   им порачале  на оние кои се на почеток на кариерата? Дали би им препорачале   да влезат во светот на бизнисот ? И за крај би сакала да Ве прашам, промените кои се случуваат во општеството, вие како дел од образовниот систем на Македонија, што можеби треба во тој дел да се смени за да бидат младите поподготвени да се втурнат во предизвикот наречен бизнис?

Многу убаво прашање, кај нас младите се многу засегнати. Со студентите разговараме за тоа дали се подготвени да влезат во бизнис секторот. За жал студентите не се многу мотивирани да влезат во светот на претприемништвото и сакаат да влезат “на сигурно“ а нашите државни и јавни институции веќе не се подготвени за да создаваат нови вредности и кадри. За жал јавните вработувања се во државна администрација која е трома, неспособна и неинвентивна. Ова е поразително да се знае дека младите во најубавите години се решени да го поминат работното време на некое административно столче.

Како професор не ми е воопшто драго, и јас со моите колеги се насочуваме да ги поттикнеме, да ги научиме како да станат креативни, мотивирани и да бидат успешни реализатори на нешто свое.

За гостинката

Тамара Јованов Апасиева

Тамара Јованов Апасиева е професор на факултет, сопруга и мајка на две деца, на која семејниот живот и домот и ја даваат целата топлина и позитивна енергија. Размената на гушкањата и нежните зборови со децата пред спиење и даваат сила за секој нов ден, кој судејќи по енергијата со која преку зборови ги предочува нејзините знаења, мисли, чуства и визии и се многу важни. Семејното опкружување и позитивните вредности на нејзините родители особено нејзината мајка, секогаш и се патоказ во креирањето на нејзините ставови кон животот.

  • https://www.facebook.com/tami.jovanov

    https://www.linkedin.com/in/tamara-jovanov-61056834/