Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk  ВЕРАДИО  СО  ВЕСНА ИВАНОСКА

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода Ви ја претставувам Весна Иваноска  која Генерален Менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар – водечки, иновативен тренинг центар специјализиран за ИТ и бизнис обуки.

Добар ден г-ѓа Иваноска  и   добредојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво, на нашето единствено верадио.мк.

ТАТЈАНА-Сеавус  работи во рамките на Сеавус – Интернационална Групација Арикома.  Како вовед би ни кажале ли повеќе за поставеноста на вашата компанија?

ВЕСНА-Сеавус е ќерка компанија на Сеавус меѓународна компанија за развој на Софтвери а од минатата година е дел од Групација Арикома. Сеавус е мал микро свет, кога станува збор за технологијата со која се работи и придонесува.

ТАТЈАНА- Вие сте  и  Програмски менаџер на Сеавус Акцелератор. Кои се вашите обврски  во рамките на оваа активност?

ВЕСНА-Сеавус Акцелераторот е најголем екстерен проект на Сеавус, тој е познат по специјализираните ИТ обуки, но тргнувајќи од општествената одговорност одлучивме да корпорираме компании од технолошкиот развој, и инициравме проект  Сивус инкубатор а сега е Сивос Акцелератор, кој помага на младите потенцијали и експанзијата на глобалните пазари за стартапи. Ова е во соработка со Фондот на иновации, сега сме при крајот на овој циклус.

ТАТЈАНА- Вие сте  дипломиран правник и магистер на Извршната MBA програма при меѓународниот универзитет Шефилд, Велика Британија. Како би се опишале како жена претприемачка со сите предизвици на претпримиништвото?

ВЕСНА- Често на шега велам, дека сум инцидентен претпрпиемач. Во бизнис светот влегов непланирано но не зажалив воопшто. Биснисот е дисциплина која дава многу и ми овозможува многу мои лични аспекти да ги запознам и обединам. Јас не ги делам бизисите на машки и женски, себе се сметам за менаџер но некако овие 12 години и како претприемач се носам. Најголем предизвик во бизнисот е константна потреба да се биде во добра кондиција, во која што од мене се очекува постојан ентузијазам, креативност, толеранција и едноставно постојано надградување. Бизнисот е предизвик и особено во овие отежнати услови.

ТАТЈАНА-Вашето  професионално портфолио опфаќа над 15 годишно искуство, како специјалист за едукација и тренинг, тренер, ментор, консултант и советник за кариера. Како накратко би го опишале вашиот развоен професионален пат?

ВЕСНА-Едукацијата беше моја судбина уште од студентски денови, бев вклучена во многу програми, проекти за едукација, проекти за јавно говорење, почнав да практикувам правни дисциплини, повеќе волонтерски, подоцна се приклучив на компанијата Сеавус, кога таа многу растеше. Јас веќе 8 години го водам Едукативниот-развоен центар кој е мој најголем предизвик.

ТАТЈАНА- Последните 8 години вие се посветивте на развој на напредни едукативни програми и модели  за професионално усовршување како и програми за рано откривање, развој и менаџирање со таленти во ИКТ индустријата, како и идентификување и акцелерирање на  технолошки ориентирани стартапи. Фокусот вие точно определен. Каков предизвик е за вас тоа?

ВЕСНА-ИТ индустријата сама по себе  е прдизвик во овие времиња ако знаеме за каков професионален предизвик станува збор, со квалифукување на работната сила и да сме секогаш 2-3 чекори понапред од сите. Дигитализацијата кај нас во државава  е во почетна фаза и  ја наметнува потребата од ИТ кадар насекаде, не само во ИТ компаниите, потребен е таков кадар да одговори на тие барања во сите компании независно од која област се.. Поседуваме тука потенцијал и интерес за изучување на различни вештини (програмирање) многу млади посегнуваат по ова но и повозрасни се обучуваат и едуцираат како своја втора професија. Нашиот центар го посетуваат 400 студенти, и не се сите средношколци и студенти и оние што сакат да направат професионална промена. Преквалификацијата сериозно ја сфативме за помош на македонската економија. 20000 вработени во индустријата се од ИТ секторот. Ние сме една од ретките со конкурентност на глобалниот пазар.

ТАТЈАНА-Националната платформа за женско претприемништво создава основа за равзој на женското претприемништв. Кои се вашите размислувања во овој дел, дали има доволно можноти кои ги нуди заедницата за развој на жените во бизнис светот?

ВЕСНА- Потребни се вакви проекти и треба да се работи на тоа,  за еднаквите можности некако прокламативно слушаме, но еве јас кој пред се има среќа да се реализира, сепак имаме многу недостатоци кога е во прашање претприемништвото. Има серозна економска проблеми во земјава, по однос на надминување на стереотипите кои го пречат развојот на женското претприемништво. На пример :  Како да почнете бизниси ако не поседдувате имот, како ако немате средства за доедикација тоа да го направите, како да ги освоите новите вештини во работењето и многу други.

ТАТЈАНА- Од ваша перспектива што би им порачале на младите жени кои се двоумат да почнат со сопствен бизнис?

ВЕСНА-Навважни се три работи: информацијата, запознајте се со можностите, второ едукацијата е многу важна и трретата  е вмрежувањето и челнувањето во разни организации и иницијативи.

-За крај на разговорот, спомнавте дека имате и еден вид претставништво или канцеалрија во Охрид. Какви се вашите идни планови по однос на проширување на вашата дејност во следниот период?

ВЕСНА- Ние ќе имаме многу работа во слендите години, бидејќи на годишно ниво развиваме барем 2-3 проекти, за развој на нови програми, имаме Академии, дигитален маргетинг и образованието е луксузна работа и токму тоа е дел од нашите мисии, да се направи што е можно подостапно, дигитализацијата е трансформирање и онлајн учлници и важно е за економско истражување, Академијата функционира веќе 3 години, во Ниш сме Едукативен центар а Крагуевац и Белград сме како Сеавус. Секако би завршила со она што за мене е многу важно а то а е дека : Едукацијата нема лимит и граници.

Ви благодарам на разговорот  а на крај уште едно потсетување ова беше епизодата со Весна Иваноска, Генерален Менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар – водечки, иновативен тренинг центар специјализиран за ИТ и бизнис обуки.

За гостинката

ВЕСНА ИВАНОСКА

Јас приватно многу паравам, имам многу задоволства кои ми се предизвик и со кои се релаксирам и си ги полнам батериите.  МНогу патувам и тоа ми е големо задоволство таму  Јас сум филмофил, многу сакам да гледма филмови и да сум во тел со таа област од културата , сама да пешачам но и да трчам. Учесник су со години на маратоните, така што зад себе имам 8 учества на полумаратони и планирам да одам на маратон. Учествувам и во земјава и во странство“-ни откри дел од нејзиниот живот во разговорт Весна, која во овие три

  • https://www.facebook.com/vesna.ivanoska.1

    https://www.facebook.com/SEDCfanpage