Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Моника Димова асистент на  X фактор Акцелератор –Велес

Добар ден Моника  и добредојдовте во Радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво .

ТАТЈАНА- Ќе почнеме со запознавање. Ние сме во Велес на Форумот за женско претприемништво со тема Образовна доквалификација на жените. Што мислите за овој настан ?

МОНИКА- На темата образовна доквалификација на жените има да се дискутира многу.. севкупно без разлика од родот мислам дека секој човек треба да се надградува и доквалификува како во образовно така и културно, етички.. но темата е жените па затоа и јас ќе зборувам конкретно за нив. Жените во Македонија треба да се усовршуваат и доквалификуваат, да се поттикнат самите да земат активно учество на нашиот пазар, да бидат жени претприемачи и да бидат спремни да превземат ризик.

Со самото тоа што работиме на себе, се едуцираме, спремни сме и повеќе мотивирани и охрабрени да знаеме во која насока би сакале да започнеме со нашиот сопствен бизнис.

ТАТЈАНА- Накратко, која е Моника и како би се опишале?

МОНИКА– Моника е сеуште студент на Економскиот Факултет во Скопје на департманот Електронски Бизнис. Моментално покрај работата што работам која крајно ме исполнува, напоредно ја завршувам и последната година на студии на факултет. Би се опишала како ведра и секогаш позивитна личност што секогаш наоѓа решение за се. Гледам секогаш да најдам заеднични интес со луѓето што сум опкружена и да помогнам во секоја ситуација во која можам.

ТАТЈАНА- Моника, Вие учествувавте и на состанокот на Советодавниот одбор на НПЖП на тема дигитализација на жените. Каков е вашиот став за ова прашање?

МОНИКА– Дигиталната револуција носи огромен потенцијал за подобрување на социјалните и економските резултати за жените.

Но кај нас мислам дека постои проблем а тоа е недоволна застапеност на жените во дигиталниот свет. Треба пред се да се едуцираат жените за тоа што може нив дигитализацијата да им придонесе, во нивниот бизнис, со самото тоа можеби на некој начин би се поттикнале да работат на тоа да го дигитализираат и промовираат својот бизнис.

Пред се најголем проблем, можеби звучи и смешно но тоа е да се научат жените да користат smart phones, со самото тоа ќе си олеснат да ги плаќаат сметките онлајн, да не губат на време и финансиски средства.

Кога станува збор за жени претприемачи, ерата на интетнетот и е-трговијата создаде бројни можности за жените да дојдат до степен да ги истакнат своите деловни можности и своите мали бизниси.

За крај на оваа тема, дигиталните медиумите ги доведуваат жените и ги охрабрдуваат да имаат право на свој глас. Односно да зборуваат за прашањата кои се клучни за нив.

ТАТЈАНА-На кои други проекти работиш како асистент на  X фактор Акцелератор –Велес

МОНИКА – Како бизнис асистент во Х Фактор Акцелератор, обезбедувам сигурна поддршка за директорите и сите посетите кај нас. Работам на основните канцелариски задачи како што се фактури, изводи од банка, ги следам канцелариските операции за да ја зголемама ефикасноста и квалитетот на работата.

Ги ажурирам податоците и валидноста на сите информации и секако одржувам доверливост во односите како со директорите така и со 5те стартапи од нашето порфолио.

ТАТЈАНА-Колку сметаш дека Националната платформа за женско претприемништво, е потребна да се развива за да се обезбедат повеќе услови за да се создадат можности за развој на женското претприемништво и да се охрабруваат жените ?

МОНИКА- Националната платформа за женско претприемништво е премногу потребна, пред се преку самите настани кои што ги организира оваа платформа, жените претприемачи треба да знаат дека не се сами, и дека секогаш се грижите за интересот на жените претприемачи на сите нивоа. Навистина мислам дека ни е потребно ова каде што на некој главен фокус му е да создаде подобри услови за развој на женското претприемништво .

Сепак поврзувањето на приватниот сектор придонесува за развој на претприемачката свест и свеста за постоење на можност за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.

ТАТЈАНА-Што се вашите планови Моника, во следниот период?

МОНИКА- Како што спомнав, ја привршувам последната година на студии на Економски факултет, потоа планирам да завршам курс за Дигитален Маркетинг тоа е нешто од моите планови за во блиска иднина.

А кога станува збор за подалечна се надевам дека ќе исполнам она што од секогаш го посакувам, да отворам свој сопствен бизнис во моето родно место.

За гостинката

МОНИКА ДИМОВА

“Слободното време најмногу сакам да го поминувам со фамилијата и пријателите, секогаш гледам и тоа слободно време што го имам да биде продуктивно и исполнето. Сакам да патувам, па затоа секоја прилика ја искористувам да одам и да истражувам нови места надвор од Велес.

Порано кога имав повеќе слободно време бев доста активна во волонтерството во општинската организација на Црвен Крст и тоа ме исполнуваше. Сакам да се надградувам и да читам книги, да учам нови работи па затоа во блиска иднина сакам да запишам и курс за Дигитален Маркетинг “- сподели со нас дел од приватниот живот Моника.

  • https://www.facebook.com/dimova.monika