Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ИНТЕРВЈУ ЗА РАДИО ПОДКАСТОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФРОМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО www.weradio.mk

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Јасмина Ристова, претседател  на  Локалниот Младински Совет од Општина Зрновци, кој е активен од февруари оваа година .

Добар ден Јасмина и добредојдовте во Радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво.

ТАТЈАНА- Вие сте претседател на сега повторно формираниот Локален Младински Совет на Општина Зрновци. За почеток, кога почнавте и која е вашата визија за работа?

ЈАСМИНА- Со работа започнавме во февруари кога сеп ретставивме и нашата визија е младите да се вклучат во сите активности од општетсвениот живот. Овој Совет бил и порани формиран но сега конечно функционира како што треба.

ТАТЈАНА- Колку се активни младите во Советот и какви активности спроведувате?

ЈАСМИНА- На почетокот не добивме многу позитивен одговор од младите заради недовербата, но сега е подобро и младите во Советот добиваат глас и праќаме иницијативи а имаме соработка со градоначалникот. Најактивни сме во полето на спортот, сега имавме ридски урбан спорт, се реализира турнир во мал фудбал и летово сме постојано активни.

Ние имаме најмал број на млади, но во сферата на земјоделството не се фокусирани во таа област, имаме локални компании, младите се вклучуваат и со младите треба да правиме заеднички активности. Во секој случај земјоделието не им е приоритет на младите од Зрновци.

ТАТЈАНА-На вашата ФБ страна видов имате доста активности, натпревари, работилници…. во која насока сакате да се движите. Дали планирате и да ја проширите вашата дејност со други Младински совети во земјава и надвор?

ЈАСМИНА-Кога започнавме со работа побарав контакти со други Младински совети, но нема многу формирани вакви Младински совети посебно на источниот дел .Ние имаме желба за работа и соработка и со странство во тек сме со почетни комуникации со Франција и се надевам дека тоа ќе резултира со позитивни промени.

ТАТЈАНА-  Планирате ли нешто да се ангажирате околу руралниот развој во секој поглед и посебно за руралниот туризам?

ЈАСМИНА – Можам да кажам дека младите не сакаат реално да се занимаваат со земјоделство и сточарство, затоа што од нашите родители  гледаме дека е тоа не е исплатливо и многу е полесно да се вработи еден млад човек во приватна фирма, т.е.  да работиш или да студираш.

ТАТЈАНА-Општината неодамна ја потпиша и Декларацијата за развој и подршка на женско претприемништво. Какви се состојбите за жените во Општината и имате ли конкретни ставови кои сакате да ги остварите?

ЈАСМИНА-Убаво би било жените во рурална наша опшптина да се сменат , но постарите и средината тоа тешко го прифаќаат, но за младите имаме визија за нив, а јас како женско личен став ми е дека треба да се унапредува позицијата на жените во било кое поле. А жени претприемачи во Зрновци има само 2-3 и даваат добар пример, но потребна е поголема едукација на жените во таа насока.

ТАТЈАНА-Вашата визија е: Активно вклучување на младите луѓе во сите пори од локалниот и  општествениот живот и нивно влијание врз донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво. Колку се младите заинтересирани за работата?

ЈАСМИНА- Младите мислам дека досега не сме биле вклучени во ништо, но мислам дека младите се заинтересирани и треба да се едуцираат и сакаме на тоа да се насочиме, но таа едукација да биде од професионални претприемачи и економисти, кои секако имаме можности да ги обезбедиме.

ТАТЈАНА-Важен сегмент  на младинското ангажирање е  младинското вработување  и претприемништво. Како ги вклопувате тие проекти и колку претприемништвото е привлечно за младите?

ЈАСМИНА- Па сеуште претприемништвото е непознатица ,младите не се едуцирани во таа насока и затоа треба најнапред да се почне со таа едукација.

ТАТЈАНА- Младинската работа и неформалното учење играат важна улога во развивањето на креативниот и иновативниот потенцијал на младите луѓе, вклучувајќи и претприемачки вештини. Како го поттикнувате младинското претприемништво?

ЈАСМИНА- За сега не можам да кажам ништо, младите во Зрновци веќе работат нешто, а треба да се насочиме кон средношколци и да им овозможиме да си обезбедат егзистенција, работејќи го тоа што го сакаат.

ТАТЈАНА-Што се вашите планови во следниот период?

ЈАСМИНА- Имаме голема подршка од Општината и градоначалникот и тоа е многу важно ако сакаме били што да организираме тоа ќе имаме можност. Зрновци има таленти и тоа сега го гледаме. Само им треба мотивација преку едукација, работилници, претприемништво, вработување,ментално здравје. На почетокот бевме неколку души а сега сме веќе голема екипа, супер тим кој убаво функционираме.

Да Ве поздравам и да Ви заблагодарам за учеството во нашиот подкаст, а за нашите слушателки ова беше епизодата со Јасмина Ристова, претседател на Локалниот Младински Совет на Општина Зрновци.

За гостинот

ЈАСМИНА РИСТОВА

Зрновци е мала Општина но секако има потенцијали за младите да најдат начини да останат тука. Ние според последниот Попис ние сме Општина со најмал број на млади луѓе и тоа ни е плус инспирација да се ангажираме на повеќе полиња, младите да се задржат тука, да основаат свои фирми, да се вработат и да си обезбедат егзистенција а со тоа да може Општината да функционира подобро, ни рече Јасмина во разговорот за нашето радио.

  • https://www.facebook.com/profile.php?id=100079292925621