Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во уште една епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа,  ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното женско претприемништво. Во овој период имаме новина во нашите радио подкасти. Имено за да опфатиме повеќе претприемачки од сите делови на Македонија, ќе снимаме и онлајн, се во духот на користење на новите интернет алатки и побрзо и поефикасно реализирање.

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка ни е  Марија Карамучева Узунова , претседател  на НВО Исчекор – Општество за сите од Валандово.

Добар ден Марија и добредојдовте во нашето радио!

ТАТЈАНА- За почеток би Ве прашала накратко да ни објасните, што се работи вашата НВО во рамки на промовирање, унапредување, обезбедување и заштита на човековите права и слободи на граѓаните во општина Валандово, регионот и пошироко?

МАРИЈА – Нашата организација е прилично нова и работи во сите спомнати области, дејствуваме во сите општествени сфери, ранливите категории на граѓани, родови политики, говорот на омраза, социјално претприемништво и слично. Ние сме нова организација но членовите се искусни и докажани во своите области. Имаме мултидисциплинарен тим и  заедно го градиме и подобруваме општествениот живот.

ТАТЈАНА- Работите во делот на развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица. Какви се активности имате?

МАРИЈА – Баш така, нашите групи се ранливи групи категории и подобрување на социјалните услуги за нив, како што рече социјалното претприемништво е во фаза на развој во нашево општество и се трудиме да се вклучиме поактивно со иницијативи за подобрување и поголема флексибилност на сите категории на граѓани. Преземаме инцијативи во таа насока и почитување и остварување на човековите права и обврски. Нашата цел и работа се насочени кон тие активности. Во моментот сме насочени кон локална иницијатива со Центарот од Скопје за иницирање на подобрување на свеста за пристапноста на ранливите категории на луѓе и да се обезбедат институциите да бидат пристапни за сите граѓани и да се надминат сите физички бариери и секој граѓанин да ги врши човековите права.

ТАТЈАНА – Марија кое е вашето досегашно искуство?

МАРИЈА – Во моментов го завршуваме нашиот прв проект на кој сме горди- Изградба на инклузивно детско игралиште кое го градиме со донација на НВО од Германија и Општина Валандово, во рамки на ОУ  “Јосип Броз Тито“ и до Центарот за посебни потреби на градот. Тој симболизира учење на различностите и развој на социјалната инклузија од најмала возраст.

ТАТЈАНА- Колку Валандово како град дава можности за работа на вашата НВО?

МАРИЈА – Овој проект е во Валандово а Општината Дојран е во локалната иницијатива. Се има и позитивно и негативно. Валандово е мала општина каде граѓанскиот сектор е во фаза на почеток со многу непознатици и се потпираме на Владините и јавните политики. И јас така размислувам, меѓутоа позитивно е тоа што во Општината почнаа да функционираат и други организации, некои се обновуваат и работите се придвижуваат напред. Она што се однесува до Општината и нашата организација, можам да кажам дека имаме подршка на сите иницијативи и проекти кои ги правиме или ги планираме.

ТАТЈАНА- Каков е вашиот став за НПЖП, потпишавте Декларација за развој на женско претприемништво?

МАРИЈА – Ние со координаторката од нашиот регион и градоначалникот на Валандово потпишавме Декларација за женско претприемништво. Тоа значи чекор напред за поттикнување и издигнување на женските права. Ние жените сме многу силни и храбри и би сакала да влијаам мотивирачки, тоа е од голема важност и секоја жена својот напредок би можела самостојно да го направи и е од голема важност на целата заедница и за секоја жена и нејзино најголемо постигнување.

ТАТЈАНА- Колку вмрежувањето во светот на женското претприемништво на сите нивоа според вас е важно и зошто?

МАРИЈА – Лично мене многу ми се допадна идејата и начинот на работа на Националната платформа бидејќи градењето на родово општество и борбата за правата на жената се дел и од нашата програма и нашите цели и сметам дека е многу важно. По однос на вмрежувањето и од голема важност за потикнување и вклучување во женското претприемништво. И затоа сите заедно треба да работиме и да креираме политики за економска независност на жените. Тие се иднината на опоштеството и со тоа ја потврдуваме улогата на жената за  нашето општество.

ТАТЈАНА- Бидејќи веќе го заокруживме разговорот и за вашите идни планови јас би сакала да ви се заблагодарам за разговорот а за нашите слушателки ова беше Марија Карамучева Узунова, претседател на  НВО Исчекор – Општество за сите од Валандово.

МАРИЈА – Ви благодарам за можноста да бидам дел од радио подкастот на НПЖП и се надевам дека ќе соработуваме и ќе имаме добри резултати во нашата соработка.

ТАТЈАНА- А емисијата ќе ја завршам со вашето мото а тоа е дека : Човековите права се вродени права и секој човек ги стекнува со своето раѓање. Човековите права им припаѓаат на сите без разлика на пол, раса, боја на кожа, јазик, попреченост, верска и политичка определба, национално и општествени потекло, имотна состојба. Секогаш да го почитуваме другиот, да ги надминеме сите предрасуди и да се бориме за подобро утро.

За гостинката

МАРИЈА КАРАМУЧЕВА УЗУНОВА

Кога зборувавме со Марија за нејзиниот приватен живот и како ги полни батериите, во растрчаноста меѓу професионалните обврски на релација Валандово-Струмица и приватните обврски, Марија ни кажа дека во околина на нејзиното Валандово има едно место а тоа е манастирот  свети Горги кое го обожава и редовно го посетува. Инаку сака да патува, да запознава нови култури и дестинации но најсреќна е во нејзиното родно место кое е место кад еужива во исполнетост и среќа со нејзиниот сопруг и двете деца со што и се остварил животниот сон.

  • FB – Здружение на граѓани “Исчекор- Општество за сите” Валандово

    https://www.facebook.com/karamuceva.marija