Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

КРАТКА СОДРЖИНА НА ЕПИЗОДАТА

Епизода од радио подкастот на  www.weradio.mk со Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији.

Занаетчиска комора во координација со Регионалните занаетчиски комори (нејзините членови) ги спроведува јавните овластувања и во партнерство со сите релевантни институции што ги иницира, создава и спроведува одржливи наставни програми и ги мобилизира сите занаетчии со цел да се развие и унапреди занаетчиството, да се подобри конкурентностa со вклучување со  стандардите на ЕУ.

Татјана– Следејќи ги вашите активности увидов дека само во тек на месец август имате бројни активности кои би требало да резултираат со подобрување на условите за работа и стандардот на занаетчиите како и намалување на невработеноста. Како сте задоволни од Агендата која ја имате зацртано и секојдневно ја реализирате и накратко за што се сте одговорни како Занаетчиска Комора?

Агрон Фазлији – Јас сум две години претседател на Комората и поставив Агенда да станат занаетчиите повидливи и нивната работа подостапна и да се решат многу наталожени состојби кои мора да се решаваат се во интерес на занаетчиите и нивната матерјална подобрена состојба. Нашиот таргет се младите, кои ги мотивираме да станат занаетчии и на тој начин да си обезбедат финансиска слобода.

Од формирањето на Занаетчиската комора која е основана во 2004 година  и се  состои од 15 регионални занаетчиски комори а членовите се занаетчии и занаетчиски услуги и други правни лица, кои придонесуваат со нивните активности за унапредување на претприемништвото и развој на занаетчиството. Овој период е обележан со бројни позитивни промени  , кои доведуваат да се подобри состојбата на занаетчиите а посебно на занаетчиите.

Татјана– На почетокот на месецот со Град Скопје го објавивте Јавниот повик за субвенционирање на старите занаети по барање на Комората, за доделување на готови средства кои ќе бидат исплатени на занаетчиите. Кој е мотивот и крајната цел и кој дел на занаетчиите се најмногу опфатени со добивање на помош/субвенции?

Агрон ни одговори дека септември месец е многу значаен месец во работата затоа што покрај со многу други организации потпишавме Декларација со Град Скопје, која веднаш резултираше и со Јавен повик за собвенции на стари занаети. Мора да направиме систем во кој занаетчиите ќе бидат економски стабилни.

Татјана– Денеска  во канцелариите на Здружението на бизнис жени потпишавте Декларација за подршка и развој на женското претприемништво. Кои се вашите ставови за овој дел и колку може да се најде допирна точка во равзој на сферата на занаетчиството и женското претприемништво?

Фазлији истакна дека со голема верба ја потпиша Декларацијата за женско претприемниптво и дека е многу важно во развојот на целокупната економија. Националната платформа за женско претприемништво во чии рамки е и овој подкаст во чија епизода сум ваш гостин,  ги раздвижи активностите во сферата на женското претприемништво што е многу знчајно за иднината и развојот на занаетчиското претприемништво.

На нашето прашање што би им порачале на жените кои се двоумат да почнат свој бизнис во било која па и во занаетчиската дејност, Фазлији укажа на многу позитивни примери з ауспешни жени занаетчии претприемачки и смета дека секоја млада жена па и оние кои с еповозрасни ако си постави крајна цел за успешен развој на занаетчиското претприемништво дека тоа ќе го постигне.

Со насоките како изгледа визијата на Фазлији за следниот период, го завршивме нашиот разговор, во кој тој посочи дека зацртаните патеки ќе ги следат и ќе ги остваруваат своите цели. И на крајот едно потсетување за нашите слушателки дека ова беше епизодата снимена со  Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији.

За гостинот

АГРОН ФАЗЛИЈИ

„Веќе две години сум на оваа позиција и сметам дека сите идеи полека ги остваруваме и можеме да кажеме дека многу акции поттикнавме и веќе многу резултати се видливи. Имаме добра соработка и со Град Скопје со кој направивме Јавен повик за помош на старите занаети, постојано соработуваме  со Министерство за економија, работиме на подобрување на економскиот статус на занаетчиите, како и со други институции во земјава и надвор од неа за подобрување на положбата на занаетчиите – ни рече меѓу другото Фазлији во разговорот за нашето радио.

  • https://www.facebook.com/zanatzeja

    https://www.facebook.com/agron.fazliji