Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

За светот на бизнисот

Емилија :  Приказната започнува уште од студентските денови, кога за време на моите студии по  Политички науки на Правниот факултет во Скопје активно се вклучував во невладиниот сектор волонтерски како во студентски организации така и во организации за поддршка на жените. Се сеќавам за многуте активности кои ги имавме во Националниот совет за родова еднаквост каде секојдневно се соочуваме со различните приказни за жените како и поддршката која им е потребна. Па така низ многуте секојдневни ситуации бев во контакт со многу бизнис  жени на кои секојдневно им беа потребни и помош, и услуги но и насоки за својот бизнис. Целата таа средина на бизниси водени од жени за мене беше навистина мотивирачка гледајќи како и покрај препреките со кои се соочуваат нашите бизнис жени, сепак водат свои бизниси и неуморно ги надополнуваат истите со своите идеи и труд. Така се фасцинирав со оваа идеја и од тогаш наваму постојано сум активна во оваа поле преку различни проектни активности и професионален ангажман се со цел да ги приближам поблиску мерките, програмите и можностите до бизнис жените.

За Националната платформа за женско претприемништво

Емилија: Како Координатор за градење на капацитети во Националната платформа за женско претприемништво учествувам во остварување на целокупната цел на проектот преку обезбедување на сите потребни информации и контакти координирајќи ги обуките поврзани за учење од врсници наменети за жени претприемачи, граѓански организации и амбасадори во полето на женско претприемништво. Воедно секојдневно придонесувам  во процесот и работата на Националната платформа за женско претприемништво  преку директни консултации со Советодавниот одбор, Советот и вклучените чинители во овој процес. Како одговорна за спроведување на различните настани за консултации и вмрежување придонесувам до приближување на жените претприемачи поблиску со сите информации потребни за нив а истовремено и креираме нови можности заедно со моите колеги во полето на женско претприемништво.

Што очекувате од овој проект?

Емилија: Со креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво сакаме нашето и искуството на сите наши соработници да го примениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршиме олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни, да ги подобриме капацитетите на граѓанските организации кои поддржуваат женско претприемништво како и да ја зголемиме видливоста за жените претприемачи како двигатели на промени во економската политика.

Емилија приватно

Најлесно да ја опишам Емилија односно себеси ми е преку работа ? Поборник за еднакви права, ентузијаст за промени и вечито позитивист дека нештата се случуваат баш како што треба да бидат. Она што највеќе ме релаксира приватно е дека сакам планини, сакам медитација и простор за мене и самоанализа, обожавам патувања и откривање на нови места и опуштање со добра музика, книга или филм. Во принцип би рекла дека сум насмеана личност која обожава откривање на нови нешта без да размислувам на ризиците. Би рекла дека живеам овде и сега ?

На што друго работи Емилија?

Емилија: Големината на овој проект се бележи со линија на напорите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување кои ги прави долги години за поддршка на развојот на женското претприемништво во нашата државата и Европа. Започнавме во 2011та година како дел од европската мрежа на ментори за жени претприемачи, продолживме како членови на Секторската група за Женско претприемништво при Европската Комисија, фокусирајќи се пред се на градење на капацитети и интернационализација на бизнисите управувани од жени. Бевме иницијатори и креатори на првиот Национален совет за женско претприемништво, учествуваме во креирањето на првата стратегија за женско претприемништво. Ги отворивме вратите кон женско претприемништво со Европската иницијатива поддржана од Европската Комисија: WEgate, промовирајќи настани за женско претприемништво на европско ниво, на кое присуствуваа клучните чинители  од екосистемот за поддршка на женското претприемништво, со посебен фокус на носењето поинклузивни политики и програми за уривање на бариерите со кои се соочуваат жените при започнување или развивање на нивниот бизнис. Го формиравме првиот WEgate Совет на Европско ниво во кој членуваат мрежи, платформи и програми од полето на женското претприемништво, комори и здруженија, организации кои работат во полето на пристап до финансии, медиуми како и академски и други видови институции кои работат во области поврзани со женското претприемништво. Ги делиме истите вредности, ги бараме истите права за сите жени претприемачи во Европа при тоа споделувајќи најдобри пракси, организирање на вебинари и студиски посети за врсничко учење за жените претприемачи и стејкхолдерите кои работат во полето на женско претприемништво.

За гостинката

Емилија Андонова

Емилија Андонова, политиколог. Во досегашната професионална ориентираност  работела во невладиниот сектор, родова еднаквост, женско претприемништво и пристап до финансии.  Работи во Фондација за менаџмент и индустриско истражување –МИР,  како проектен менаџер.

Поборник е за еднакви права, ентузијаст за промени и вечито позитивист дека нештата се случуваат баш како што треба да бидат.  Приватно најмногу ја  релаксираат,  планинарењето и медитацијата  која и дава простор за  самоанализа. Обожава патувања и откривање на нови места и опуштање со добра музика, книга или филм.

Секогаш се труди да живее овде и сега!