ТРАНСКРИПТ
Во светот на бизнисот на руралните жени
Даниела – Националната Федерација Фармери работи на неколку проекти. Покрај Националната платформа за женско претприемништво, работи и на проект за лица со попреченост во развојот од руралните средини. Таму сме фокусирани на производство на храна во пластеници а имаме изработено и електронска платформа преку која нашите производители ги продаваат своите производи а каде и граѓаните може да се приклучат и да купат директно од производителите, домашно и органско производство. Работиме на застапување и лобирање на правата на земјоделците општо но и работиме со жените и јакнење на женското претприемништво во руралните средини
Која е вашата улога во проектот Национална платформа?
Даниела- Подолго време работам во Невладиниот сектор а поголемиот дел работам на јакнење на женското претприемништво. Последниве неколку години сум посветена на жени од рурални средини и жени кои се маргинализирани. Овој проект е заедничка идеја со Здружението на бизнис жени и решивме да ги здружиме интересите и знаењата.Мојата улога во проектот е вклучување на млади жени токму од руралните средини, за зајакнување на претприемачките капацитети.
Кои и какви се вашите активности во овој проект и со кави се предизвици се соочувате?
Даниела- Се соочуваме со многу предизвици на терен, пред се со присутниот скептицизам кај младите жени, со недовербата која е многу присутна во руралните средини посебно, како и постоечкиот дисбаланс од социјални услуги, можности за згрижување на децата , градинки , старски домови, се соочуваат со предизвици и не можат да направат добар баланс меѓу претприемништвото и домашните обврски, и статусот на жената во руралните традиционалните средини. Треба да се разбие стереотипот. Многу е важно да се работи на терен, а тоа оваа ситуација со пандемијата го ограничува. Се работи и онлајн, има предизвици со користењето на интернетот од повозрасната категорија на жени и сл. Се надевам дека ќе се надминат сите овие предизвици и ќе има подобри услови за развој на претприемништвото на жените во овие рурални средини.
Која е, и со што е окупирана Даниела приватно!
Даниела– Приватно не се разликувам многу од професионално. Поборник сум за женски права и приватно. Ама сакам да читам, да пишувам, да патувам, иако сме сега ограничени заради состојбата и сакам и да џогирам. Мајка сум на еден прекрасен син и тоа ме прави среќна.
Што очекувате од проектов?
Даниела- Јас лично сметам дека Националната Платформа ќе даде добра основа за работа со сите вклучени страни во проектот , не само овие четири организации има уште многу, кои се занимаваат со женското претприемништво. Имаме претставнички од инситутциите од сферата на економијата,, од Министерствата, преку активностите кои ги реализираме ќе успееме да предизвикаме промени во наационалните политики и програми и ќе создадеме бизнис клима на жените, родовата сензитивност ќе ја промовираме и едно треба да е јасно дека без искористување на женскиот потенцијал не може да се има развој на општетсвото
Порака за младите жени од руралните средини! Вреди ли да се преземе предизвикот?
Даниела– Голем предизвик е да се остане во руралната средина а од друга страна, има многу успешни приказни на жени фармери, кои останале во руралните средини и се развиле како потенцијали од средината. Треба младите жени и девојки да ги искористат искуствата на повозрасните жени, позитивните искуства и да научат и самите да ги градат своите капацитети и потенцијали. Ковид пандемијата покажа дека луѓето повеќе време поминуваат во селата за време на карантинот и полициските часови, со што селата полека на некој начин си ја враќаат својата позиција во општеството
Порака до жените!
Да не се откажуваат и обесхрабруваат да се солидарни и да веруваат ! –тоа е мојата порака !
За гостинката
Даниела Антоновска
Даниела Антоновска е од Федерација на фармери на Македонија, со 20 годишно работно искуство во Невладиниот сектор. Голем поборник е за човекови и женски права.
Сака да чита, да пишува, да патува… Најтешко во овој период и паѓа пандемиската ограниченост на движење . Џогирањето ја релаксира а најгорда е на својот прекрасен 17 годишен син.