Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Во оваа епизода ви ја претставувам Габриела Костовска Богоеска, извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР.

На почетокот зборувавме за тоа како Габриела влегла во овој свет на тахнички иновации и претприемништво, за што вели дека имала среќа што можела да учи од еминентни професори од овие области, на кои им е благодарна заради начинот и знаењата што им ги споделиле. Работеле на заеднички проекти, од нив имала можност да преземе многу вештини во работењето и пренесување на знаењата кои  и се корисни.

Почетоците и биле во производство и со продолжување на магистерските студии,  се запознала со многу еминентни странски имиња и ги запознала претставниците од Меѓународната МИР –Синтек од Норвешка, еден од најголемите истражувачки центри во Европа. Така и влегла  во овој сектор.

Габриела работи најразлични проекти од бизниси и иновациска подршка, од политики за развој, имплементирање на програми на ниво на сектори и  проекти за развој на ниво на компании , подобрување на квалитетот и слично.

Татјана – Која е вашата улога во проектот Национална платформа за женско претприемништво и кои се вашите конкретни активности и како поединец и како организација е темата на која зборувавме во продолжение.

Габриела– Ова е значајна иницијатива и наша голема одговорност. Треба да направиме обединување на сите чинители кои се значајни за сите аспекти за женското претприемништво, кое не може да се гледа во изолација. Родовата еднаквост е многу важна за да се постигне баланс во развојот.

Треба да се зајакне присуството на локално ниво, жените треба да имаат место каде ќе може да се обратат, и тоа да се зајакне на сите полиња на делување и  да се постигне поголема видливост.

Габриела е дел од низа иницијативи од локално до светско ниво! Член е на разни институции и групи на Балканот и  Европа каде со цела енергија се повеќе се етаблира во креирање на јавни политики на највисоки нивоа на Европа и свет.

Габриела има што да каже и како да ги насочи оние претприемачки на кои тоа им е потребно, за кои дава насоки да ги користат сите мерки кои постојат за подобрување, вмрежување и подржување еден на други . Само со отворен пристап, видливоста и заедничко делување може да се покријат  сите потреби на жените претприемачки.

За гостинката

Габриела Костовска Богоеска

Габриела Костовска Богоеска, машински инжинер, со активна работа во полето на иновации, невладиниот сектор и женско претприемништво. Со нејзините знаења и енергија како и умешност за работа и вмрежувања на различни чинители , вклучена е во работата  на сите највисоки светски и европски нивоа од сферата на женското претприемништво.

Инаку прекрасната енергија која ја поседува ја црпи од планинарењето, гледањето на провокативни документарци, сака да патува и е дружељубива. Она што и е пасија од средношколските денови а за кое нема време е играњето на видео игри, без разлика дали се на компјутер, мобилен или плеј стејшн, но за нив нема време сега , но  смета дека таа љубов нема да и помине па ќе дојдат порелаксирани времиња кога ќе може да ужива во тоа.

  • https://www.linkedin.com/in/gabriela-kostovska-bogoeska-54aa80206