Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Од светот на Невладиниот сектор во  оваа епизода ви ја претставувам Наташа Сивевска , извршен директор на  Текстилен кластер.

На моето прашање, што е Текстилен кластер , Наташа ни одговори: „ Текстилниот кластер е репрезентативен претставник на македонската текстилна индустрија формиран во 2003 година, во кој во моментот членуваат 90 водечки компании од текстилниот сектор вклучително и неколку обвразовни институции, агентури и застапништва на машини и помошни материјали. Активностите на кластерот се поделени во 4 групи и тоа: извозна пормоција и поврзување со странски клиенти каде што влегува организирање на саеми и Б2Б средби како и истражување на пазари, потоа развој на човечки ресурси, што опфаќа организирање на обуки, работилници и директни консултациски услуги за компаниите, комуникација со владини институции во насока посредување и лобирање за интересите на секторот, како и учество на домашни и меѓународни проекти кои прокриваат актулени теми од текстилната индустрија како што се истражување на пазари, развој на производ, циркуларна економија, одржлив разво и социјална и општествена одговорност.“

Според неа  жените  на глобално ниво се помалу застапени на раководни позиции односно како креатори на сопствен бизнис во однос на мажите. Но постои тренд на зголемување на процентот на жени претпиемачи и токму тука треба да се делува. Женит претприемачи можат да придонесат многу кон растот на економијата преку уникатен начин на раководење и иновативни идеи за водење бизнис. Во таа насока очекуваа дека преку проектот за женско претприемништво да се  успее да влијаат  на мотивација на жените, посебно на младите жени, да се охрабрат во отпочнување сопствен бизнис и на тој начин да дадеме скормен придонес во глобалното движење за раст на женското прептиемништво.
Татјана- Како се справувате со решавање на предизвиците на жените претприемачи во текстилната индустрија?
Наташа- Морам со задоволство да посочам дека во последен период се повеќе сум опкружена со жени претпиемачи од текстилниот сектор. Иако и претходно небеше мал бројот на жени сопственички на текстилни компании, како резултат на смена на генерациите во копаниите кои претежно се фамилијарен бизнис, тој број расте. Значителниот број на жени менаџерки во овој сектор секако се должи и на структурата на вработените во секторот кој бил и сеуште е предоминантно женски, па од тука значителен дел од таа структура кој бил на позиција на среден менаџерски кадар, со тек на време отпочнал сопствен бизнис. И токму ова треба да се негува и поддржува преку различни програми и фондови за поддршка на женското претприемништво. Тие треба да бидат способни да се поврзат со други успешни жени претприемачи и да добијат пристап до фондови и поволни кредитни линии. На тој начин ќе ја зацврстат својата позиција во светот на бизнисот, како локално така и глобално – имајки во предвид дека станува збор за извозно ориентирана гранка, и ќе може да изградат силен бизнис кој секако ќе има придонес кој екомијата на државата.
Слоганот на текстилниот калстер е ‚‚ Здружувањето е моќ – заедно сме посилни ‚‚ и токму тука можат да се видат бенефитие од членството. Пандемијата уште повеќе ја потенцираше важноста да се биде во контакт со сите, да се биде редовно информиран, да се лобира за да се подобрат нештата, да се јакнат капацитетите преку обуки и консултации, да се биде социјално одговорен според светките стандарди, да се биде уникатен, препорзнатлив а со широка лепеза на услуги и производи, да се биде иновативен и да се биде во согласност со светските трендови. Токму на овие постулати текстилниот кластер ги има изградено услугите кон своите членки и е секогаш на рапослагање да одговори на нивните барања директно како извршна канцеларија или со користење на соодветни експерти од областа.
Татјана- Во која насока сметате дека треба да се одвиваат активностите кои би донеле бенефити за жените во текстилната индустрија?
Наташа– Па најповеќе во насока на едукација, вмрежување, иновативност и пристап до финасии. Текстилниот кластер е во постајан контакт и соработка со образовните институции, со средните текстилни училишта и со техничките факлутети и факултети за дизан кои се постојано вклучени во сите наши активности почнувајки од обуки, преку развој на бизнис планови па се до модни ревии. Едукацијата е на прво место ако сакаме да имаме напредок, но тука мислам на потребните интервенции во образвниот систем од типот на криерни советувања уште во основното образование, потоа квоти и стипендирања. Понатаму, младите едуцирани жени треба меѓусебно да се вмрежуваат и да разменуваат искуства, да ги следат трендовите и да бидат иновативни. Членството во постоечките или формирањето на нови здруженија на жени може да ја зголеми самодовербата кај жените. Секако пристапот да програми и фондови за финансирање специјално дизајнирани за јакнење на женското претпиемништво ќе биде само подстрек повеќе за една млада жена да се нурне во светот на сопствениот бизнис.

За гостинката

Наташа Сивевска

Наташа Сивевска  во приватниот живот е сопруга и мајка на две возрасни ќерки, кои полека на некој начин веќе сами го трасираат својот пат кон иднината. Фамилијата и е секогаш на прво место и е непресушлив извор на енергија и поддршка. Најмногу ја релаксира  престојот во планина.

Планинарењето во сите годишни времиња на падините на скопска Црна Гора каде што имаат семејна  викенд кука, сите активности во дворот околу одгледуването билки, како и скиањето во зима, дружењето со добри пријатели, ја први Наташа  среќна и подготвена за новите предизвици кои ги носи животот.