Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Епизода со Александар Филиповски од Enterprise Europe Network од Македонија која е Европска мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија (Enterprise Europe Network) и  е најголема мрежа за поддршка на интернационализацијата на МСП. Компаниите во рамки на мрежата добиваат бесплатни сервиси кои го поттикнуваат нивниот раст и развој како поддршка за наоѓање странски партнери, информации за настап на странски пазари, консултативна поддршка за преземање иновации, за заштита на интелектуална сопственост на нивните иновативни решенија како и за учество на европските програми за финансирање на иновативни проекти, вели како вовед во разговорот Александар.

Татјана- Кои се вашите активности, во рамки на подршка за интернационален пристап до Европски фондови! Има ли конкретни резултати и дали достапноста на тие фондови е доволна?

Александар – Поддршка која ние ја нудиме е во насока на градење на капацитетите на компаниите за успешно аплицирање на европските фондови, консултативна помош при изработка на проектна апликација, поддршка за наоѓање странски партери за соработка како компании, универзитети, истражувачки центри и сл. како и поддршка во текот на имплементацијата на проектот кој е финансиран од некоја од европските програми за истражување и развој. Што се однесува до достапноста, македонските МСП имаат можност да учествуваат на повеќе европски програми за финансирање на проекти за истражување и развој, меѓутоа процентот на успешни финансирани проекти.

Татјана- Што мислите, дали Националната платформа за женско претприемништво ,проект кој долго време ќе трае, ќе направи ли некоја  позитивна промена во светот на женското претприемништво?

Александар- Искрено се надевам. Сметам дека на жените претприемачи им е потребна платформа преку која ќе може да ги изразуваат своите потреби и барања. Само преку организираност, заедништво и тимска работа сметам дека е можност да се постигнат заедничките цели.

Татјана- На кој проекти сте учествувале и дали сметате дека со тек на време Европските фондови се подостапни за нашите претприемачи?

Александар – Имам работено на повеќе проекти во изминативе години. Во моментов активно работам на мојот најголем предизвик до овој момент, а тоа е  воспоставување на регионална мрежа на граѓански организации кои работат на полето на младинско претприемништво. Оваа регионална мрежа, која ги таргетира земјите од Западен Балкан, има за цел да лобира за политики на локално, национално и регионално ниво за поддршка на младинското претприемништво. Во врска со вториот дел од вашето прашање, да, сметам дека Европските фондови се подостапни за нашите претприемачи, меѓутоа сепак претприемачите треба да работат на своите капацитети и вештини како и да учат од европските успешни примери.

За гостинот

АЛЕКСАНДАР ФИЛИПОВСКИ

За Александар  единствена болка  е, што нашата држава нема море, кое  сигурен е дека доколку го имавме многу често би го посетувал. Во слободното време го  исполнуваат физички активности на отворено како планирање или пешачење во природа каде ја црпи и надополнува својата енергија .  Се обидува да биде физички активен, колку што му дозволува времето. Исто така, не ретко сакам да погледам и некој добар филм или документарец кој има историска нишка.