Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

ТРАНСКРИПТ 

Епизода со Бојана Станојевска Пецуровска претседател на Граѓанската организација Центар за климатски промени

WERADIO- За почеток еден мал вовед за запознавање со вашата работа во Центарот за климатски промени! На кои се проекти сте работеле досега од Центарот за климатски промени кај нас ?

БОЈАНА– ЦКП функционира веќе 13 години, односно од 2008 година и оттогаш активно работи на проекти поврзани со климатските промени, заштита на животна средина односно аерозагадување, управување со отпад, енергетска ефикасност, индустриско загадување и сл. Досега сме реализирале бројни проекти а од поважните можам да ги издвојам проектите поврзани со управување со отпад, односно проектите со кои сме воспоставиле мрежа за селекција на отпад (отпад од пакување и електрична и електронски отпад), проектите за поддршка на граѓанскиот сектор во областа на активно учество во процесот на носење одлуки од областа на животна средина и следење на степенот на имплементација на законодавството на локално и национално ниво. Ќе ги издвојам и проектите за поддршка на индустријата и малите и средни претпријатија со кои сме имплементирале мерки за заштеда на енергија и подобрување на нивните еколошки и енергетски перформанси и подобро управување со ресурсите и исто еден од моменталните проекти а тоа е проектот за аерозагадување во прекуграничниот регион преку кој меѓу другото развиваме здравствен индекс на аерозагадувањето и истиот ќе го интегрираме во ИКТ алатка со цел подобра достапност на граѓаните.

-Сите наши проекти директно или индиректно влијаат на намалувањето на емисиите на стакленички гасови, а од неодамна почнавме да работиме и на проекти кои ги анализираат ефектите од климатските промени врз населението и одредени сектори, и предлог мерки за адаптација кон климатските промени. Така што можам да кажам дека работиме на многу полиња со повеќе различни засегнати страни се со цел справување со КП на национално ниво-вели во разговорот Бојана

WERADIO- Многу актуелен дел од живеењето на глобално ниво се климатските промени? Скоро имаше и Светски самит во Глазгов. Би Ве замолила на еден пресек од општата состојба со климатските промени на глобално ниво и нивното влијание врз популацијата ?

БОЈАНА : Да, Самитот во Глазгов сеуште трае, овој настан се одржува секоја година на кој земјите од целиот свет, особено Г20, цели две недели разговараат за можните начини за запирање на климатската криза.

Климатските промени се состојба на климата која може да се идентификува со промени во просекот и / или варијабилноста на нејзините својства и која опстојува подолг период, обично со децении или подолго. Иако климатските промени се природен процес и се случуваат уште од формирањето на нашата планета, сепак овие промени се интензивирани во последните 100 години како резултат на зголемените човекови активности односно преголемата употреба на фосилни горива.

Се почесто сме свесни и ги чуствуваме ефектите од климатските промени па дури и ние во Македонија, додека пак на светско ниво климатските промени значајно го засегаат секторот здравје, но и земјоделието односно производството на храна. Се предвидува дека до крајот на  2050 година ќе се зголемат миграциите како резултат на ерозија на земјиштето, губење на брегот и земјоделско земјиште. Согласно студијата на СЗО за анализа на болести кои се резултат на климатските промени, дури 150.000 животи губиме годишно како резултат на екстремни временски услови (поплави, суши, урагани и сл) кои се појавуваат многу често. Промените во температурата, количеството на врнежи може да влијаат на начинот на пренесување на многу болести, а можат да влијаат и на производството на храна што директно влијае на неухранетост и смрт поради глад. Ризиците се концентрирани кај најсиромашните популации, кои најмалку придонеле за проблемот со емисиите на стакленички гасови. Анализите покажуваат дека во периодот помеѓу 2030 и 2050 оваа бројка ќе се зголеми и ќе изнесува 250,000 луѓе годишно.

WERADIO- Проектот Национална платформа за женско претприемништво, е еден голем сеопфатен проект, кој ги опфаќа сите сегменти на женското претприемништво. Каков е вашиот став кон овој Проект? Им треба ли на жените ваква обединувачка платформа?

БОЈАНА: Ви честитам за идејата и за проектот, навистина одлична можност за жените претприемачи. Сметам дека вакви проекти треба да има се почесто, а овој проект е одлична основа за развој на женското претприемништво каде на едно место ќе бидат сместени сите информации и податоци, но и ќе овозможува простор за размена на искуства и соработка помеѓу нас жените. Истовремено очекувам националната платформа да се вклучи во поттикнување и усвојување нови политики за издигнување на жените на еднакво ниво со мажите.

WERADIO- Сега да се дефокусираме од професионалниот живот, малку да позборуваме за приватниот. Како и каде се релаксирате и ја црпите енергијата, што е твоја преокупација, хоби?

Искрено нема многу време за релаксација и одмарање а запрев и со практикување на хоби – со сопругот одевме на планина или прошетка низ природа а вежбавме и латино танци. Но сега со двете мали деца кои ми ја црпат целата енергија и слободно време но истовремено и ме релаксираат и сите обврски во ЦКП кои чекаат на време за жал неможам ништо од тоа да правам. Кога сум сама иако ретко е тоа, најчество во вечерните часови читам, но повторно читам стручна литература односно информации поврзани со работата затоа што животната средина и климатските промени се област која постојано се менува па мора да бидеш во тек.Но, сепак одморот е резевиран за семејството и тоа за викендите кога сите заедно шетаме или патуваме некаде низ Македонија (претходно и надвор) а љубовта кон патувањата е сеуште голема-вели Бојана .

Разговорот го продолживме по однос на ранливоста на жените кон климатските промени особено оние во руралните средини кои се една од најранливите групи. Жените се поранливи а во моментов 45-80 посто фармери во светот се жени, и за Глобалната програма за подршка и од Програмата за развој на Обединетите нации која регионално ја спроведува ЦКП кај нас.

WERADIO- Според вас, што е најнеопходно да се презема за побрз развој на можностите за поголема вклученост на младите жени во бизнис секторот и како родовата поделеност би можела да се полека намдинува?

БОЈАНА – Во овој процес потребно е сите чинители активно да бидат вклучени, а иницијативите да потекнуваат од нас граѓанските организации. Исто така многу е значајно државата односно Владата во своите политики да отстапува повеќе место на жените претприемачи и да финансира програми за поголема вклученост, односно да ги поттикнува жените во отворање на бизниси и нивно активно вклучување во сите сектори вклучително и процесот на носење одлуки.

Секако дека вакви програми и иницијативи значајно можат да влијаат врз надминување на родовата поделеност но потребна е нивна постојаност и поголемо комуницирање на проблемите со сите засегнати страни. Само така можеме да очекуваме дека креаторите на политики може да носат политики за порамноправно вклучување на жените во бизнис секторот.

За гостинката

БОЈАНА СТАНОЈЕВСКА ПЕЦУРОВСКА

Бојана Станојевска Пецуровска, вели дека во последно време нема многу време за релаксација и одмарање а запрела и со практикување на хоби со сопругот со кој оделе на  планина или прошетка низ природа а вежбале и латино танци.  Но сега  двете мали деца кои и ја црпат целата енергија и слободно време но истовремено и ме релаксираат, и сите обврски во ЦКП кои чекаат на време, за жал неможе ништо од тоа да прави, објаснува Бојана  и додава дека кога е сама, иако ретко е тоа, најчество во вечерните часови чита, но повторно чита стручна литература односно информации поврзани со работата затоа што животната средина и климатските промени се област која постојано се менува па мора да бидеш во тек. Сепак одморот и е резевиран за семејството и тоа за викендите кога сите заедно шетаат или патуваат некаде низ Македонија (претходно и надвор). Сакам да патувам и тоа можам да кажам дека ме одмара и реаксира. Сега со пандемијата немам многу време, но се надевам во блиска иднина ќе можеме да патуваме почесто сите заедно, го опишува својот приватен живот Бојана.

  • https://www.facebook.com/bojana.stanojevska

    https://www.linkedin.com/in/bojana-stanojevska-307b1614/