Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

РАДИО ПОДКАСТ СО ЕЛЕНА СТОЈАНОВИЌ 

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор,  и сум домаќинка  на Радиото за женско претприемништво на Националната платформа. Тука сум со единствена цел, да Ви ги претставам разговорите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.

А во оваа епизода ви ја претставувам Елена Стојановиќ , која е дел од проектот WeGate кој делува и работи на Европско ниво wegate.eu.

Добар ден и добре дојдовте во радио подкастот на Националната платформа за женско претприемништво

Добар ден и благодарам на поканата.

-WERADIO- За почеток еден мал вовед за запознавање со вашата досегашна работа. Сега сте дел од тимот на WeGate, но во исто време сте дел од YES Фондацијата, каде и ја започнавте вашата кариера. Ајде да почнеме со вашата определба за работа на вакви проекти? Како влеговте во овој дел на професионален ангажман ?

ЕЛЕНА – Мојата кариера ја започнав во ЈЕС фондација и имам доста школски пример за развој на кариера, имено започнав како практикант по завршување на економски факултет, за потоа да растам и да се развивам заедно со организацијата. Мора да напоменам дека придонес во мојата определба имаат и моите родители, со нивната пасија кон претприемништвото, кои постојано се трудат да бидат во тек со новитетите, и ми ја имаат пренесено тој претприемачки дух, да сакам да бидам дел од новитетите и да сум во тек со случувањата.

Драго ми е што имав можност да бидам дел од ЈЕС фондација уште од почетоците, во една за тоа време нов тип на организација, која раководи и со единствениот ИКТ инкубатор во земјата. Беше навистина интересно да се работи на промоција на претприемачкиот дух, пред 15тина години, кога се уште не беше популаризирано, организиравме настани, работевме со многу млади луѓе и развој на нивните бизнис идеи, со многу бизниси кои сакаа да се вклучат во целата оваа приказна и да бидат дел од развојот на претприемништвото во земјата. Паралелно работевме на проекти, кои беа во насока на едукација и помош при развој на бизниси.

WERADIO- На кои се проекти сте работеле досега?

ЕЛЕНА- Имам работено на значителен број проекти, но еве да одвојам некои од скорешните: Интелигентен пограничен акцелератор, креирање акцелераторска програма во пограничниот регион меѓу нашата земја и Грција, каде се развија 30 прекрасни бизнис идеи и имаа можност за претставување пред инвеститoри во Солун.

Дел сум од Enterprise Europe Network, најголемата европска бизнис мрежа, за интернационализација на мали и средни претпријатија, како и проектот Вигејт, европска иницијатива за поддршка на женското претприемништво

WERADIO- Проектот  Национална платформа за женско претприемништво, е еден голем сеопфатен проект, кој ги опфаќа сите сегменти на женското претприемништво. Каков е вашиот став кон овој Проект?

ЕЛЕНА- Многу ми е драго што се имплементира ваков проект кај нас, затоа што навистина недостигаше онаа синергија меѓу организациите, да се обединат и заеднички да настапат пред соодветните институции. Од друга страна пак тие имаат директна врска со жените претприемачи, знаат што им недостига и соодветно тоа може да го изразат, со цел да се преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата со женско претприемништво.

WERADIO – Кои се вашите гледања околу тоа со какви предизвици се соочува  младинското женско претприемништво?

ЕЛЕНА- Па постојат повеќе предизвици, пред се менталитетот каде од најмали нозе девојките ги учат да не преземаат ризик, да бараат сигурна работа, понатаму недостатокот на претприемништво во едукативниот систем и недоволна информираност, а и недостатокот на извори на финансирање. Воедно потребен е унифициран систем за пристап до информации за започнување бизнис, кои ќе бидат лесно достапни и структурирани, на ниво на земја. Еднаков пристап до ресурси, баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, сето тоа води до економското зајакнување на жените, а со тоа и до развој на земјата. Затоа е многу важно да се работи на стимулирање на женското претприемништво.

WERADIO- Колку  WEgate програмата како насока може да послужи за правилно развој на активностите во развој на женското претприемништво особено кај младите жени ?

ЕЛЕНА – WEgate проектот е европска иницијатива за поддршка на женското претприемништво, која содржи многу поделементи. Претставува чадор организација на сите организации од Европа кои работат на поддршка на женско претприемништво. Воедно WEgate е онлајн платформа, која располага со огромен број ресурси, корисни и практични информации кои им се потребни на жените кои сакаат да започнат или веќе водат бизнис. Организираме голем број настани на европско ниво, таканаречени peer-learning настани, вебинари и академии, каде жените претприемачи имаат прилика да учат и да вмрежуваат. Беа организирани два самита на Европско ниво, со презентација на најновите случувања во светот на женското претприемништво. Исто така дел од оваа иницијатива е и community council, или совет на заедницата, составен од еминенти организации, која ги застапува интересите на жените низ цела Европа и работи во насока на развој и имплементација на политики и лобирање.  Секоја организација или пак жена претприемач може да се зачлени и да стане дел од онлајн заедницата, каде имаат пристап до сите ресурси и до останатите 2800 членки, што претставува одлична можност за вмрежување.

WERADIO- Според вас, што е најнеопходно да се презема за побрз развој на можностите за поголема вклученост на младите жени во бизнис секторот?

ЕЛЕНА- Паралелно треба да се трасираат два начини за поддршка на женско претприемништво, да се обезбеди институционална поддршка и промена на политиките за женско претприемништво, а од друга страна да се работи на подигнување на свеста и мотивација на жените. Затоа и ми е многу драго што постојат проекти како Националната платформа за женско претприемништво,  кој работи на креирање предлог политики. Вториот начин е поголема промоција на жени претприемачи. Мотивациски приказни за тоа како успеале, пред се мали, локални бизниси, со кои младите жени би можеле да се поистовететат  и да се мотивираат. Воедно, треба да се отворат, да посветат време на вмрежување и остварување контакти, како би можеле да ја развијат својата мрежа на идни соработници и клиенти.

За гостинката

ЕЛЕНА СТОЈАНОВИЌ

Елена  како млада жена која 15 години е веќе со свтетот на невладиниот сектор и во светот на женското претприемништво,  своето слободно време најмногу сака да го поминува со своето семејство, поблиско и подалечно. Најмногу  време кое и е квалитетно исполнето е она што го минува во дружба и игри со својата три годишна ќеркичка. Она што е нејзина лична пасија за отпупштање е гледањето на серии.