ТРАНСКРИПТ
Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено WERADIO, посветено на женско претприемништво на Националната платформа, и овде ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното претприемништво.
Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Елена Мишевска магистер по Дипломатија и Меѓународна политика со завршени два факултети: Јавна Администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Лидерство и Младинска Работа – Јонкопинг Универзитет – Шведска.
Добар ден Елена и добредојдовте во нашето радио!
ЕЛЕНА- Добар ден и добро ве најдов. Чест и задоволство ми е што ме поканивте и што присуствувам на денешната емисија во единственото ВЕРАДИО кое е посветено на женското претприемништво.
–Вие сте координаторка на Хабот на Националната платформа од Полошкиот регион и сте од Тетово.Кажете ни кои места ги опфаќа Полошкиот реон?
ЕЛЕНА- Полошки Регион, e еден од осумте статистички региони и се наоѓа во северозападниот дел од државата и се граничи со Косово и Албанија и внатрешно со Југозападниот и Скопскиот Регион. Главен центар на регионот е градот Тетово. Наречен е по областа Долни Полог. Полошкиот Регион е поделен на девет општини: Боговиње , Брвеница, Теарце Тетово, Желино, Јегуновце, Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Моменталната бројка на населението на полошкиот регион изнесува 304.125 жители.
-Националната платформа за женско претприемништво, со крајот на 2021 година, влезе во следната фаза од работењето, кога активностите од Национално ги прошири на локално ниво, за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата до жените претприемачки. Локалниот хаб во Тетово го водите Вие , каков предизвик за вас претставува овој ангажман?
ЕЛЕНА – Женското претприемништво е тема која што навистина ме интересира воедно и ми е силен предизвик и затоа и сакав да бидам вклучена во имплементација на ваков проект.Локалниот хаб во Тетово за женско претприемништво ќе служи за координација на активности за ЖП на регионално ниво кое дополнително ќе обезбедува можности за поширока заедница на платформата, составена од граѓански организации, кои ќе се приклучуваат на платформата и/или ќе учествуваат во различни активности на за женското претприемништво. Станува збор за проект кој ќе биде всушност застапување и лобирање за поголем успех и вклученост на жената како на национално така и на локално ниво што е нешто навистина важно како за жените во државава така и за мене како поборник за женските права.
-Кои се искуства на ова поле имате претходно?
ЕЛЕНА- Во поглед на ова поле имам 2 годишно искуство со проектот WE MAKE: Женско претприемништво во Република Северна Македонија за конкурентност во имплементација од Здружението за Бизнис Жени Скопје. Проектот беше навистина инерактивен и вклучуваше подготовка и одржување на настан за промоција на проектот во општината со дирекна вклученост на околу 100 учесници наши засегнати страни. Обука за ToT (старт-ап, извоз, вмрежување и кластери) и притоа дисеминација и одржување на обуки на локално ниво со околу 100 девојки и жени кои се успешни претприемачки и кои имаат желба да станат претприемачки. Дополнително стекнување искуство со обуките за старт-ап и бизнис крафтс и дисеминација на истите. Одржување на настани со партнерите (тркалезна маса ) во општината и одржување редовна комуникација со локалните засегнати страни, ГО. Организирање на работилница за употреба на нови технологии во претприемништвото (ITC/STEM), работилница за Green / Social претприемништво со жени и девојки од Полошки Регион. Имено интересно е тоа што во проектот беа вклучени и преставнички од најмладата група, т.е средношколки кои се обучуваа за кодирање.
Понатаму вклучување во организација на камп во Охрид за овозможување на млади жени и девојки за основни принципи и вештини за кодирање. Проектот вклучуваше организација на камп за STEM/Green/Social за жени претприемачи . Моја улога беше да идентификувам учесници (вклучувајќи дистрибуцијата на апликациите, давање информации за обуките до сите релевантни актери и конечниот избор на учесниците на обуките).
Имено тука би сакала да напоменам како релевантно искуство во ова поле ми беше искуството како Регионален Мониторинг Офицер за Полошки Регион при Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и имплементација на активни мерки и политики за долгорочно невработени, млади и жени, проект кој во голема мера ми помогна за за успешна имплементација на проектот WE MAKE: Женско претприемништво во Република Северна Македонија за конкурентност. Во времетраењето на проектот имавме активна поддршка од Советникот за активни мерки и политики Томислав Трифуновски кој активно работи на мерката самовработување при Центарот за вработување во Тетово воедно и ни даде безрезервна поддршка за имплементација на проектот и за време траење на проектот беа основани околу 100 бизниси во Полошки Регион поточно во Тетово предводени од жени.
–Претпоставувам дека веќе ја работите Програмата за работа на Полошкиот Хаб во следните две години и што имате поланирано да го остварите во рамки на овој проект?
ЕЛЕНА- Во рамки на овој проект планирани се многу активности. Би сакала да посочам дека активно ќе бидам вклучена во заеднички активности поврзани со Националната платформа за женско претприемништво, во таа насока се очекува наш придонес. Дополнително Советот на НПЖП e највисоко дело во неговата структура кое го сочинуваат ограничен број на членови, најважните чинители за поддршка на женското претприемништво во земјава додека пак за Полошки Регион тоа значи вклученост на девојки и жени од различни географски подрачја, различни етнички групи и силен напор за поддршка на жени кои повеќе живеат во позатворен свет. Имено, Активен придонес кон избор на локални организации од Полошки регион кои ќе се вклучат во Советот и ќе дадат конструктивен придонес во јакнење на Советот и засилување на неговиот капацитет. Со оглед на тоа дека Во изминатиот период НПЖП потпиша Декларација за поддршка на женското претприемништво со највисоките претставници на централната власт, а оваа активност треба да продолжи на локално ниво. За Полошки Регион навистина ќе ни биде од голема важност да добиеме поддршка од градоначалникот, директорот на Полошки плански регион. Дополнително подготовка на локални лоби групи кои ќе делуваат во насока на лобирање за креирање на локални политики. Подготовка на стратешки документи во однос на тоа што е изработено за Полошки Регион. Важно за проектот е организација на Локални форуми, по еден во секој плански регион оваа година кој преставува настан од високо ниво, што подразбира учество на високи претставници на локалната власт како и претставници на невладин сектор. Организација на Вебинари и обуки. Проектот предвидува избор на локални амбасадорски (по една во секој плански регион) кои ќе делуваат во насока на промоција на женското претприемништво на локално ниво преку позитивен личен пример. До почетокот на април ќе се објави повик за пријавување. Потоа ,Организација на средбите со локални стејкхолдери затоа што тоа е од големо значење за постигнување на целите на проектот воедино и да се анимираат сите чинители на локално ниво кои работат со женско претприемништво, родово базирани политики, економско јакнење на жените со посебен акцент на младите. Младите може да се вклучат преку локални младински организации како и преку локалните младински совети во градовите каде што ги има се со цел да се започне и работа со млади.Дополнително ќе работиме на активности и програма за вклучување на средни училишта и сл која ќе ја споделиме јавно во следниот период.
–Работата како координаторка на Полошкиот хаб, на Националната платформа за женско претприемништво за Вас е нов предизвик, каде економската независност и професионалниот просперитет на жената е ставен во преден план.Колку е важно тоа за вас? Сметам дека економската независност и професионалниот просперитет на жената секогаш треба да бидат ставени во преден план. Тоа е навистина важно и неопходно во 21 век кога жената треба да биде активно вклучена како на локално така и на регионално ниво.
ЕЛЕНА- НПЖП се формираше преку спојување на веќе постоечката Платформа за женско претприемништво и Националниот совет за женско претприемништво со цел подобро искористување на потенцијалот од овие тела за развој на женското претпримништво и можноста за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро. Мојот став е дека неговата улога е навистина многу важна од причина што Основна цел на НПЖП е како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси и преку соработка со институции, приватен сектор, меѓународни партнери да го унапреди женското претприемништво, да се отвори пристап на глобалниот пазар и да воспостави еднакви услови за поддршка на компаниите водени или управувани од жени.Ова е навистина важно во 21 век каде што жените се бориме за еднакви права и поголема наша вклученост како на локално така и на национално ниво. Дополнително за поголема информираност на слушателите би сакала да посочам во однос на структурата на НПЖП е составена од четирислоен пристап: 1) Совет за женско претприемништво 2) Оперативните групи, односно групи за адресирање на одредени области/сектори од интерес за женското претприемништво; 3) Хабови за женско претприемништво за координација на активности за ЖП на регионално ниво; и 4) Поширока заедница на платформата, составена од граѓански организации, кои ќе се приклучуваат на платформата и/или ќе учествуваат во различни активности на за женското претприемништво.
Процесот е започнат централно и преку хабовите ќе продолжи да се шири на локално ниво во 8те плански региони и после 2 години да се надеваме на успешен проект со застапување и лобирање и успешно имплементирани активности за поголема вклученост на жената.
За гостинката
ЕЛЕНА МИШЕВСКА
За својот приватен живот Елена ни рече: “Во однос на мојот приватен живот сакам да посочам дека се гледам себеси како успешна жена со завршени 2 факултети ( Јавна Администрација на Југоисточно Европскиот Универзитет и Лидерство и Младнска работа на Јонкопинг Универзитетот) .Дополнително магистрирав на отсек Дипломатија и Меѓународна Политика и имам искуство од 15 години во имплементација на проекти поддржани од меѓународни донатори. Во моментов активно сум вклучена во имплементација на 3 проекти и тоа не ми дава многу можности за слободно време. Но секој момент од слободното време сакам да го поминам со фамилијата, со вереникот и со блиските пријатели и да шетам во природа и да собирам позитивна енергија.“
https://www.facebook.com/eli.felix.7