Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во оваа епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода. А во оваа епизода ви ја претставувам Викторија Митрикеска. Викторија е  Магистер по менаџмент со човечки ресурси со Диплома по политички науки. Таа студирала на магистерските студии на  Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје и додипломски студии на Правниот факултет ” Јустинијан Први” на Универзитетот “Кирил и Методиј”-Скопје.

Добар ден Викторија и добредојдовте во нашето радио!

-Благодарам на поканата драго ми е што сум со Вас тука.

-Вие сте координаторка на Хабот на Националната платформа во Скопскиот плански регион со центар во Скопје. Кажете ни на кој простор се протега овој реон? 

 –Скопскиот регион се протега на 7% од територијата на РС Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални. Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење. Членови на Советот за развој на Скопскиот плански регион се Градоначалниците на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот и Градот Скопје. Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.

ационалната платформа за женско претприемништво, со крајот на 2021 година, влезе во следната фаза од работењето, кога активностите од Национално ги прошири на локално ниво, за да овозможи понепосредно информирање и достапност на Платформата  до жените претприемачки. Локалниот хаб во Скопскиот плански регион го водите Вие . Каков предизвик за вас претставува овој ангажман?

 –Тоа што сум  Координатор на Скопскиот плански регион значи да бидам лидер, што ќе предводи низа активности кои ќе бидат насочени кон жените и младите во скопскиот регион со цел поттикнување на претприемачките активности и бизниси во овој регион.

Согласно најновите истражување податоците за  Македонија покажуваат дека жените поретко од мажите преземаат бизнис потфати, а уште помалку жените преземаат технолошки иновативни деловни потфати. Причините за ваквата родова нерамнотежа во остварувањето на основните права значително е одредена не само со културолошкото наследство, но и со начинот на организација на семејниот живот кој пак е условен со достапната понуда на одредени услуги во сферата на грижа за деца и грижа за стари лица. Ова е реална слика и за скопскиот регион, кој е најразвиен во споредба со останатите 7 региони во Р.С.М. За да се зајакне женското претприемништво не може да се оствари без конзистентни политики, програми и иницијативи за промена на системот  на вредности, како и на институционалната инфраструктура која ја поддржува родовата избалансираност.  Можеби ваквата ситуација за диспаритети и родов јаз е поизразена во руралните и помалите општини. Со мојот ангажман особено ќе се вложам, за  политиките за поттикнување на женското претприемништво да бидат имплементирани во локалните акциони планови во соработката со скопските општини,/дополнително визијата и целите кои што ги имаме преку овој проект, да бидат пренесени до голем број на партнери од бизнис секторот, граѓанскиот сектор но и локалните институции со цел подобрување на сликата за женското претприемништво.

Кои се искуства, на ова поле имате претходно?

Во рамките на Бизнис центарот при Скопскиот плански регион имаме проекти кои се во насока на подобрување на претприемништвото и женскиот активизам. Би наброила дел од нив: Erasmus проект “Поттикнување на претприемништво преку иновативно учење”.Во рамките на овој проект пртнери ние беа 3 средни стручни училишта и беа вклучени 18 ученици кои беа испратени на практична обука во Лајбциг Германија. Проектот офаќаше и обука за претприемништво и новации.Во рамките на овој проект беа опфатени 4 ученички, кои во согласност со нивното стручно бразование, беа обучени да напрaват свој соствен бизнис.

Пристапот до финансии е предизвик со кој што се соочуваат повеќе од 80% од start up-ite  но и МСП. Во таа насока Во рамките на СДЦ и МЛС програмата, работевме на менторски поддршки за подготовка на апликации за ФИТР кои беа доставени согласно 3 објавени повици. Со задоволство истакнувам од 15 менторски поддршки на кои работевме, 8 од нив компании и тимови , имаа жена во основачите. Овие апликации се подобро оценети од страна на ФИТР. Оваа година имаме зголемен буџет и бројот на менторски поддршки ќе биде дуплиран.

Работиме и на стратешки документи: Во моментот подготвуваме Прирачник за претприемништво, наменет за стручните школи, и овој документ ќе даде поддршка за средношколците како да ги реализираат своите претприемачки идеи.

Веќе се подготвени Стратегијата за иновации на СПР, Водич за инвестиции во СПР, Прирачник за потребите на МСП и земјоделците од СПР од руралните средини, каде идентификувавме потреби од градење на капацитети  поврзани со он-лине продажбата , маркетинг и нормално пристапот до финансии. Имаме иницијатива на која што работиме за мапирање на креативните индустрии… и сл

-Претпоставувам дека веќе ја работите Програмата за работа на Скопскиот регион  во следните две години и што се имате поланирано да го остварите во рамки на овој проект?

Програмата за развој на Скопски плански регион е изработена  за период 2021-2026.  Преку оваа програма е цел да се воспостави рамномерен регионален развој што претставува процес на идентификување, управување и искористување на развојните потенцијали на планските региони и заради намалување на диспаритетите во степенот на развој во и меѓу планските региони.

Неколку стратешки цели: Среднорочна цел 1. Подобрена атрактивност и конкурентност на регионот преку поттикнување и развој на МСП, носечките индустрии и развој на модерна инфраструктура.

Приоритети: Зголемување на соработката помеѓу домашни и странски фирми 2. Усогласување на понудата и побарувачката на труд 3. Развој на МСП 4.Рурален и земјоделски развој

Среднорочна цел 2. Приоритети:Развиен човечки капитал кој одговара на потребите на пазарот на труд, обезбеден повисок степен на родова еднаквост и подобрена здравствена и социјална заштита.

Зголемување на капацитетите во образовниот сектор 3. Зголемување и подобрување на здравствената и социјалната заштита 4. Обезбедување повисок степен на родова еднаквост во Скопски плански регион

Среднорочна цел 3. Приоритети:Подобрен квалитет на животната средина во Скопскиот регион

Среднорочна цел 4. Приоритети: Одржливо користење на природното и културното наследство, во функција на туризмот

Работата како координаторка на Скопскиот Хаб, на Националната платформа за женско претприемништво за Вас е нов предизвик, каде економската независност и професионалниот просперитет на жената е ставен во преден план.Колку е важно тоа за вас?

Родовата еднаквост, нееднаквост при плаќање на плата, помал број на жени кои основаат свои бизниси и сл. Економската независност е поврзана и со домакинско работење и во приватниот живот и водењето на бизнис…

-За крај би сакала да го споделиш со слушателките од бизнис светот, кој е твојот став за формирањето и функционирањето на Националната платформа за женско претприемништво?

-Овој проект има за цел да пренесе на терен мисија дека жените се способни да направат многу успешни бизниси и да се охрабрат да оформат свои претпиемачки компании. Преку овој проект ќе соработуваме со многу организации и институции кои нашата мисија ќе ја пренесат и во нивните активности…

За гостинката

ВИКТОРИЈА МИТРИКЕСКА

Викторија ги полни батериите со прошетки во природа, аеробик, креирање, следење културни настани, техно журки. Поддршка на млади креативци и следење на нивни проекти а сето тоа спакувано со моменти кои вистински ме релаксираат, вели Викторија.

  • https://www.facebook.com/viktorija.mitrikeska