Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Добредојдовте во уште една епизода од поткастот за Женско претприемништво!

Јас сум Татјана, новинар, комуниколог и автор, и на нашето единствено ВЕРАДИО посветено на женско претприемништво на Националната платформа, и овде ви ги претствувам епизодите со жени претприемачи и сите оние кои го помагаат овој дел на приватното женско претприемништво.

Ви порачувам да останете со нас и внимателно да ја слушнете денешнава епизода во која гостинка ни е  Јасна Пајковска  од Центарот за управување на промени.

Добар ден Јасна и добредојдовте во нашето радио!

ВЕРАДИО-Вие сте проектен координатор во Центарот за управување на промени, кој пак во моментов тековно работи на повеќе проекти. Овој центар е непрофитна невладина организација, која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Би сакала повеќе да ни кажете за опсегот на активности и значењето на овој Центар.

ЈАСНА– (ЦУП) е непрофитна, невладина организација која веќе 13години работи активно на зајакнување на капацитетите на јавната администрација и бизнис секторот. Центарот за управување со промени (ЦУП) имплементира проекти кои имаат за цел да придонесат за развој на нашето општество и регионот. Главните цели и задачи на ЦУП се: Јакнење на административните капацитети на јавната администрација, Инвестиција и развој во луѓе, Европска интеграција и регионална соработка, Управување со јавни промени и одржување развој, Еднакви можности и недискриминација, Автоматизација на процеси, Развој на мали и средни бизниси со посебен фокус на женското претприемништво

ВЕРАДИО–  Моментално сте координатор на Проектот  „МЕРКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ БИЗНИС ПО КОВИД-19“. Кои се целите на овој проект?

ЈАСНА- Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracy и има за главна цел да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во услови на Ковид-19 и да се обезбеди целосна поддршка во надминување на овие последици преку унапредување на постоечките бизнис практики, дигитализација на процесите и политиките на управување, воведување на онлајн продажба и маркетинг итн . Идејата е да се обезбедат долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси и да се дадат соодветни решенија и предлог мерки за подобрување на владините програми насочени кон поддршка на компаниите во сопственост на жени, со цел да се олеснат економските последици кои произлегоа од кризата Ковид-19.

ВЕРАДИО– Неодамна организиравте конференција под наслов  „ОД МАРШ ЗА РАБОТНИЧКИ ПРАВА ДО ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА“. Какви пораки се пренесоа од оваа Конференција?

ЈАСНА- Организирањето на конференцијата под насловот „Од марш за работнички права до дигитална економија“ се должи пред се на потребата да се подигне свеста за значењето на целокупниот процес на дигитализацијата како клучен фактор за промена и еволуција на женскиот бизнис сектор и негово прилагодување кон дигиталното време во кое живееме. Дигиталната едукација би можело да ја подобри положбата на жените на пазарот на трудот и полесно адаптирање на жените претприемачки на пазарните трендови. Оттука, ИКТ-политиките и стратегиите треба да се темелат врз претпоставките за родова дигитална рамноправност, и воедно, да обезбедат  обуки за дигитална едукација на жените како приоритетна област за порамноправен пристап на жените на пазарот на труд.

ЦУП, континуирано спроведува проекти кои ја поттикнуваат иновативноста на женските бизниси и примената на дигитални алатка и онлајн продажба, така во рамки на еден прекуграничен проект за развој на микро и мали бизниси на жени ја креиравме онлајн платформата womenpoweron, која има за цел да овозможи поголема промоција и полесен пристап на женските бизниси на повеќе пазари. Оваа платформа имаше особено големо значење во услови на ковид кога најголем дел од женските бизниси работеа на далечина од дома и имаа ограничени контакти со нивните клиенти.

ВЕРАДИО- Сега би сакала да позборуваме за Вас. Вие сте дипломиран економист а магистер од областа Менаџмент на Човечки Ресурси. Тековно сте докторант на Институтот за социјални и правно-политички науки во Скопје во областа на Социјалогија на претпријатија. Дали Центарот Ви ги дава професионално сите услови да работите и да се надградувате како професионалец со оглед од се кажаново дека имате широк опсег на професионален ангажман.

ЈАСНА– ЦУП се грижи за континуирано надоградување на вработените. Всушност, спроведувањето на секој нов проект значи дополнително проширување на искуството и знаењата преку спроведување истражувања со кои ги идентификуваме моменталните состојби, спроведување на компаративни анализи, анализа на најдобри меѓународни практики и сл. На тој начин широкиот опсег на проекти на кои работиме ни овозможува постојано проширување на експертизата и развој на ЦУП тимот. Исто така, ЦУП остава отворена можност за секој вработен да посетува курсеви за професионално усовршување, што секако секој од нас успева да ги искористи во областа која ќе му помогне во натамошен развој.

ВЕРАДИО- НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМЕНИШТВО ЧИЈ ДЕЛ Е ВЕРАДИОТО,  е еден проект кој воспоставува нови можности и норми за развој на женското претприемништво. Вам ви е близок тој сектор,па би сакала на нашите слушателки да им го кажете вашиот став за платформата?

ЈАСНА- НПЖП е нешто кое што недостасуваше во нашата држава, и наше очекување е дека ќе има директно и клучно влијание врз вмрежувањето  на женските бизниси, подобрување на економската активност на жената во смисла на развој на постоечките бизиси но основање и на нови компаии во сопственост н ажени. Во оваа насока веруваме дека платформата ќе ја поттикне и поголемата вклученост на релевантните институции одговорни за  создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво.

ВЕРАДИО -За крај би Ве прашала, дали сметате дека се поголемиот број на проекти,ангажмани и вклучување на поголем број субјекти, ќе доведат во догледно време промена во позитивна насока на положбата на жените во светот на биззнис секторот?

ЈАСНА- Окрупнувањето на капацитетите и силите несомнено ќе овозможи подобри резултати во процесот на економско зајакнување на жените и поддршка на женското претприемништво. Неопходно е да се оствари и добра соработка и координација на преземените акции и спроведените проекти за да можат да се искористат капацитетите на најдобар и најпродуктивен начин, во спротивно преклопувањето на активностите би го успориле процесот на остварување на целите. Драго ни е што постојат повеќе организации кои делуваат во оваа насока и сигурна сум дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе.

Ви благодарам на разговорот а за вас слушатели уште еднаш ова беше епизодата со Јасна Пајковска, проектен координатор во Центарот за управување на промени.

За гостинката

ЈАСНА ПАЈКОВСКА

Со Јасна зборувавме за нејзиниот приватен живот, што најмногу ја релаксира,каде ја полни енергијата и во што ужива во слободното време?

Енергијата секогаш ја добиваме од луѓето кои најмногу ги сакаме, тоа секако се децата, фамилијата, пријателите, милениците, прошетка во природа, читање на убава книга или слушање на музика која не развеселува, ни одговори Јасна и напомена  дека многу почесто и работата и дава енергија бидејќи таа ја исполнува во секој поглед.

  • https://www.facebook.com/jasna.pajkovska

    https://cup.org.mk/