Слушајте WERADIO и на:

Google Podcasts
TuneIn Podcasts
Stitcher
Radio Public Podcasts
Castbox Podcasts
iHeartRadio Podcasts

ТРАНСКРИПТ

Денешнава епизода на нашето единствено ВЕРАДИО, ја посветуваме на Мирослав Драганов,кокреатор на  ,организација за едукација,промоција и социјално истражување на претприемништвото.

Татјана – Ова е една од најавите кои можев да ги извлечам за Вас, а следните ќе ве оставам сами да си ги кажетеЧКој е Мирослав Драганов?

Мирослав– Во последниве години се претставувам како сериски претприемач и носител на општествено влијание. Така некако го најдов спојот на она што  сум работел од минатиот живот, тоа што е моја преокупација, една комбинација на сето она што сум јас од моето формално образование како правник и она што активно го работам. Се што работам има човечност и правдина. Сега сум фокусиран на социјалните претприемништво и во стартап светот. Заедно со колешката Сања Манчева сме основачи на Ко-креаторс. Во стартап светот сум влезен и со друга компанија и сакам да има промени, сите пари што ги има во светот да дојдат до сите што сакаат да работат и да се вклучат.

Татјана– Опсегот на работата за социјални претпријатија, тоа е сега вашиот фокус. Што точно работите на ова поле кое е се поактуелно кај нас?

Мирослав- Од тоа како почнавме има измени, имаме два столба, едниот столб е помош на луѓето во компании, комуникациски вештини, внатрешно претоприемништво со цел приходот од тие активности да се насочи кон деца од еднородителски семејства и за жени жртви од семејно насилство. Не им дававме пари, но затоа ако им треба чланарина за фудбал, латино танци, психолошка помош…..Но се случи пандемијата и некако запре се. Се насочивме кон едукација на овие категории на млади и жени, како да почнат, како да се усовршат, сега сме индивидуално вклучени во активности, но не аплицираме на Проекти.

Татјана– Кој е вашиот став за женското претприемништво?

Мирослав – Треба што повеќе да го развиваме женското претприемништво, јас сум автор и на книга. Истражувања покажуваат дека жените се поемпатични и можеме да ги вклучиме во сите процеси на економско делување и секако би биле многу успешни.

Татјана– Каква е вашата меѓународна професионална работа? Каде и што?

Мирослав- Со Короната  некако  се отворија  вратите на глобално ниво.  Јас сум Шејпер (Global Shapers) и со Хабот од Скопје сме во Топ 11 во светот. Често патувам на настани кои се поврзани со социјално претприемништво и стартап. Сега во периодов во Македонскиот Club Alpbach Macedonia -2021, чии членови  прв пат овој месец ќе дојдат во Скопје активно сум вклучен. Верувам во свет без граници. Поттик ми беше зошто сме последни во се, еве со разни активности да покажеме на светот дека и ние вредиме и дека сме достојни. Ние имаме две способности а тоа се: жилавост и снаодливост, затоа што немаме систем и општествена функционалност, барем да ги искористиме нашите способности позитивно.

Татјана– Колку според вас, жените се вистинска движечка економска сила?

Мирослав- Секое вмрежување е нужност, мора да го има. Во која насока може да се зајакне, ако е за бизнис жени да биде со жени и од сите сектори. Од банки, јавна администрација. Постојат од минатото кои останале многу пречки, со семсјтво, рурални средини и не можат да се допре до нив и останува на хартија. Вмрежувањето носи поголема сила, еден глас е послаб, повеќе гласови во исто време веќе се слушаат.

Татјана– Економската независност на жените ги прави посреќни,семејството е побогато а општествената заедница посилна. Кој е вашиот став по ова?

Мирослав – Се согласувам комплетно, јас им забележувам на мажите кои не се прилагодуваат на новото време, тие се движечка сила наназад, наместо да ги поттикнат, ги стопираат. Сите, според мене треба да си го откријат својот потенцијал. Силни жени се гордост но мажите да се до нив, и да ги подржуваат.

Татјана– Кои се вашите идни планови?

Мирослав– Насочен сум како веќе споменав кон странство и понатамошните планови ми с етокму свртени кон надвор. Проекти,работа, настани во Европа и Америка, тоа е мојот фокус за следниот период.

Татјана– За нашите слушателки потсетување, денешен гостин во нашата епизода од верадиото беше Мирослав Драганов, КОКРЕАТОР НА  CO-CREATORS, ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ЕДУКАЦИЈА,  ПРОМОЦИЈА И СОЦИЈАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО.

За гостинот

МИРОСЛАВ ДРАГАНОВ

Мирослав Драганов енергијата која сака да ја има, ја полни со луѓе од кои може да научи и да  разменуваат заеднички идеи и интереси. Не сака да се без фокус на “трачевите“, иако не се секогаш некорисни. Многу комуницира со странство, опкружен е со многу луѓе однадвор за кои вели дека има можност да го направи вистинскиот избор. Некогаш оди на танц, ги сака свадбите и свадбарските ора, сака да оди на семинари, настани кои ги комбинира и службено и приватно. Она што “не знае да го прави“ сепак оставивме да ни го открие следниот пат.

  • https://www.facebook.com/miroslav.draganov1

    https://www.facebook.com/KlubKoKreatori

    https://www.facebook.com/WIDNETsolutions